Објавен повик за учество на Фестивалот Скопје креатива 2017 - Канал 5

Објавен повик за учество на Фестивалот Скопје креатива 2017

Јавната установа Конгресен центар „Александар Македонски“, врз основа на годишната програма за работа на институцијата за годинава, објавува јавен повик за поддршка и промоција на предлог проекти за реализација на Програмата за развој на креативните индустрии Скопје креатива 2017 - Создавај! Ко-креирај.Конкурсот трае до 24 февруари.

Објавен повик за учество на Фестивалот Скопје креатива 2017
Програмата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива 2017”, како што се наведува, треба да обезбеди промоција на вредности, производи и услуги од областа на креативните индустрии како што се: дизајн (проект дизајн/ индустриски дизајн, графички, моден, мебел... функционални креации), визуелни уметности, културни локации, нови медии, креативни услуги, изведбени уметности, аудио-визуелени уметности, традиционални културни изразувања, издавачки и печатени медии.

На конкурсот, информираат од „Скопје креатива“, може да учестуваат правни лица регистрирани за вршење дејност од областа на културата и позитивната законска регулатива во Република Македонија и физички лица, кои делуваат во рамките на следните дејности: дизајн (продукт, графички, моден дизајн ...); архитектура/ентериер; занаети; филм, ТВ, видео, радио, фотографија; ИТ сектор, софтвери, компјутерски услуги; издаваштво; музеи, галерии, библиотеки; огласување и маркетинг и друго.

На конкурсот се повикуваат учесници кои ќе аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства, а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.

За добивање на финансиските средства за спроведуавање на Програмата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива 2017“, правните лица треба да бидат регистрирани во Централен регистар на РМ/ физичките лица да живеат и делуваат во Република Македонија, правното / физичко лице треба да аплицира со инвентивен прототип (фокус на Скопје креатива 2017), кој може да биде во партнерство со национални, јавни, приватни или независни институции и организации од областа на култура, наука, технологија и/или други области од економијата, меката и тешката индустрија, правното / физичко лице да има референтна листа или ЦВ од најмалку три реализирани проекти од областа на културата или креативните индустрии и да има искуство во менторирање или реализација на работилници, тренинзи, обуки, предавања од областа на културата или креативните индустрии.

Правото за спроведување на Програмата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива 2017“ ќе го добие правното или физичко лице кое ќе понуди прототип /програма/ проект дизајн што ги исполнува некои од следните критериуми: оригиналност и иновативност на програмскиот / проектниот концепт, со цел надминување на класичните поделби по области во уметноста и дизајнот, современ пристап во поврзување на нови технологии и дигитални медиуми во уметничкото творештво и други облици на креативно изразување, промоција и активности за подигнување на свеста за значењето на креативните индустрии, Акциски план за реализација на активностите во рамките на програмата/проектот, мултидисциплинарни, интердисциплинарни и мултикултурални активности кои се предвидени во рамките на програмата/проектот...

Заинтересираните кандидати треба да ја преземат пријавата од официјалната веб страна на www.skopjekreativa.mk, во целост да ја пополнат, потпишат и заверат со печат (за правни лица); за физички лица - пријавата да ја пополнат и потпишат.

Покрај пријавата кандидатите задожително треба да достават наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проект за прототип, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција за реализација на истата, (за правни и физички лица), основни податоци од регистрацијата на правното лице и ДРД – Образец од Централен регистар на РМ (копија во печатена форма), референтна листа (евиденција) на реализирани претходни проекти во печатена форма (за правни лица), биографија/ЦВ (за физички лица), професионално портфолио на УСБ (за правни и физички лица), точно пополнета пријава (за правни и физички лица), професионална биографија/ЦВ на стручните лица - соработници, кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот (за правни и физички лица).

Документите треба да бидат доставени во печатена и дигитална форма/ УСБ.

Пријавите треба да се достават во адресирано плико до Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски“, по пошта на адреса: бул. „Партизански одреди“ б.б. или лично во Архивата на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“, најдоцна до 15 часот на последниот ден од завршувањето на конкурсот (со назнака на пликото: За Скопје креатива 2017).

Трудовите ќе ги оценува Комисија составена од седум члена. За резултатите од конкурсот подносителите на пријавите ќе бидат информирани во писмена форма во рок од 15 дена по истекувањето на конкурсот, поточно по донесувањето на одлуката за избор на најповолни понудувачи.

Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на телефон 02/ 3245-615; 071 237 363 / 075 288 143, и имејл [email protected], [email protected] . /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кој ќе биде следниот Џејмс Бонд- конкуренцијата е силна, се тркаат познати актери

Додека гласините за актер кој ќе биде избран за новиот Џејмс Бонд се загреваат, уште неколку ѕвезди од А-листата се вклучија во борбата: Роберт Патинсон и Николас Холт се меѓу оние кои се тестираа за улогата на новиот таен агент 007. 

Кој ќе биде следниот Џејмс Бонд- конкуренцијата е силна, се тркаат познати актери

И двајцата британски актери сигурно имаат актерско педигре за да го играат учтивиот шпион и да ја преземат улогата по 15-годишниот престој на Даниел Крег, објави Варајети.

Тие се исто така добро свесни што е потребно за да се работи во голема франшиза: Патинсон го игра Бетмен за DC Studios и веќе беше дел од франшизите „Самрак“ и „Хари Потер“; Холт, во меѓувреме, го игра Лекс Лутор во филмовите за Супермен на DC и глумеше во трилогијата за приквелот на X-Men од 2010 година. Тој потоа глуми во филмот „Како да ограбиш банка“ на „Амазон МГМ Студиос“, кој ќе се појави во кината на 13 ноември. Патинсон го има и режисерот Денис Вилнев на своја страна, бидејќи глуми во неговиот претстоен епски филм „Дина: Дел 3“.

Минатата година, „Амазон МГМ“ го потпиша Вилнев како следен режисер на франшизата, додека креаторот на „Пики Блајндерс“, Стивен Најт, беше ангажиран да го напише сценариото. Започнувањето на „Бонд 26“ е врвен приоритет за новите шефови на франшизата, продуцентите Ејми Паскал и Дејвид Хејман.

Оттогаш, британскиот и американскиот печат зујат за името на речиси секој британски актер во триесеттите години, а се шпекулира дека Калум Тарнер, Џош О'Конор и Џек Лоуден се меѓу фаворитите. „Варајати“ дознава дека Хари Стајлс е исто така во преговори за да ја игра улогата, а Тео Џејмс, 41, сè уште не е исклучен од трката.

Пирс Броснан, кој го играше Бонд во 1990-тите, неодамна јавно го поддржа Тарнер, додека Гари Олдман го поддржа Лоуден, неговиот колега од „Бавни коњи“. (Олдман исто така рече дека следниот Џејмс Бонд веќе е избран, но официјалното соопштение за изборот сè уште не е објавено.)

Амазон одби да коментира за гласините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост

По вчерашниот масакр во центарот на Краков, Полска, во кој беа убиени шест лица, а уште тројца беа пронајдени мртви во домот на напаѓачот, доаѓаат нови информации за повредените. 

Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост

Меѓу жртвите се и возачите на кочии кои секојдневно превезуваат туристи на главниот градски плоштад. Двајца од нив се борат за живот, а неколку други се тешко повредени, објави нивното здружение, објавува „Полски Онет“.

Во пукотницата се повредени 15 лица, меѓу кои и двајца полицајци. Регионалниот гувернер Кшиштоф Јан Клечар изјави дека 12 лица се тешко повредени. Меѓу жртвите има и странски државјани.

Осомничениот бил совладан и префрлен во болница во Краков, каде што бил опериран поради повреди опасни по живот.

Според полициските информации, тој користел полуавтоматска пушка слична на АР-15. Со себе имал и пиштол, а во автомобилот е пронајдено дополнително оружје и муниција.

Полското Министерство за одбрана ги отфрли шпекулациите дека напаѓачот бил активен или поранешен член на армијата.

Потврдени се тројца пронајдени мртви во домот на напаѓачот

Полиш Факт објави дека обвинителот Томаш Вашчук, портпарол на Канцеларијата на окружниот обвинител во Краков, потврдил дека тројцата пронајдени мртви во домот на напаѓачот се неговите родители и сестра.

Нивните тела се пронајдени во Островјец Свјетокржиски, каде што живеел 24-годишниот напаѓач, Михал О.

Поради стравувања дека можеби биле поставени експлозивни направи во зградата, полицијата прво употребила дрон за да ја провери зградата. Тие ги откриле телата на две жени и еден маж.

Околностите на нивната смрт сè уште се истражуваат.

Се истражува можен екстремистички мотив

Мотивот за масакрот сè уште е непознат. Министерот Киервински рече дека првичните наоди укажуваат дека напаѓачот имал „многу радикални ставови“. Исто така, постојат индикации дека бил фасциниран од крајно десничарските идеологии, но истражителите сè уште не утврдиле дали тие се поврзани со нападот.

Полицијата во моментов верува дека дејствувал сам и ги отфрли извештаите за можен соучесник.

Да ве потсетиме дека напаѓачот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Убиени се четири жени и двајца мажи. Меѓу загинатите е и еден британски државјанин.

Полскиот претседател Карол Навроцки прогласи дводневна национална жалост, која ќе трае денес и утре, додека жалоста во Краков ќе трае до среда.

Полициската истрага и собирањето докази продолжуваат, а истражителите ги повикуваат сведоците да се јават и да помогнат во расветлувањето на околностите на нападот.

Туск ги објави имињата на ранетите полицајци: „Тие се вистински херои“

Полскиот премиер Доналд Туск ги објави имињата на двајцата полицајци кои го запреа напаѓачот во Краков, каде што во пукањето беа убиени шест лица.

„Искусните полицајци Јакуб Кулик и Артур Морањски се вистински херои. Веројатно спасија животи на многу луѓе, без оглед на опасноста да ги изгубат своите. Нивната состојба е сериозна, но имаат многу добра медицинска нега. Цела Полска навива за вас“, рече Туск.

Еден од полицајците добил три прострелни рани и се бори за живот, додека другиот е исто така ранет.

Министерот за правда Валдемар Журек изјави дека полицајците го запреле напаѓачот со своите тела и спречиле уште поголема трагедија.

Полска официјално прогласи дводневна национална жалост

Полскиот претседател Карол Навроцки потпиша указ со кој прогласува национална жалост за масакрот во Краков.

Според соопштението за медиумите на портпаролот на претседателот Рафал Лешкевич, жалоста ќе трае на 8 и 9 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. 

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Писмото ви го пренесуваме во целост:

„Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен.

Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење.

Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива.

ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?!

Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор:

„Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“

Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај!

Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови.

Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе!

Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите.

ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ!

Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат.

Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме!

Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби.

До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно?

Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен.

Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“

Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје

Влез 1 и влез 2

Скендер Мехмет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер