На конкурсот, како што соопшти организаторот, атлетскиот клуб „Спортски мостови“, можат да учествуваат автори, кои ќе пратат една своја необјавена поетска творба на темата, на email адресата: [email protected].
- Во рамки на пораката, треба да се испрати име, презиме и телефон за контакт, најдоцна до 15 мај годинава. Најдобриот учесник, оценет од тричлена жири-комисија ќе биде објавен на прес-конференција, информира организаторот.
Спортската манифестација „Трка на поезијата“ содржи три трки, главната атлетска трка на 10 километри од натпреварувачки карактер и рекреативна трка на пет километри, а ден претходно ќе се одржи и „Боград детската трка“ традиционално посветена на лицата со ретки болести.
Регистрацијата за четвртото издание ќе трае до крајот на април, на веб страницата www.poetryrun.mk. /МИА