Објавен планот на Трамп за ставање на крај на војната во Украина - Канал 5

Објавен планот на Трамп за ставање на крај на војната во Украина

Замрзнување на војната по моменталните линии на фронтот, формирање на автономни региони и демилитаризирани зони од двете страни на границата, но без членство во НАТО – ова според Фајненшл Тајмс е планот на Доналд Трамп.

Објавен планот на Трамп за ставање на крај на војната во Украина

Замрзнување на војната по моменталните линии на фронтот, формирање на автономни региони и демилитаризирани зони од двете страни на границата, но без членство во НАТО – ова според Фајненшл Тајмс е планот на Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина доколку победи на изборите следниот втроник.

На овој начин, како што пишува весникот, Украина не би се откажала од барањето за територијален интегритет, но и Русија не би ја загубила територијата која ја окупираше. Токму за потребата од дијалог со официјална Москва во неколку наврати коментираше и Трамп, но и неговиот потпретседателски кандидат Џеј Ди Венс.

-Мислам дека е важно, ако сакаме некогаш да ја завршиме војната во Украина, на некое ниво ќе мораме да се впуштиме во некаков вид на преговори меѓу Украина, меѓу Русија, меѓу нашите НАТО сојузници во Европа, и тоа е само потребен дел. Тоа не значи дека тоа мора да ни се допаѓа. Не значи дека ја оправдуваме руската инвазија врз Украина. Но, мислам дека некогаш мора да се впуштите во дипломатија дури и со, и особено со вашите соперници,- - ЏД Венс – Сенатор и кандидат за потпретседател на САД.

Во меѓувреме, се вжештува трката за Белата Куќа. На точно една недела од изборите во САД, Трамп и Харис не штедат критики, па дури и навреди еден кон друг.

„Тој е Хитлер“, а потоа велат „тој е нацист“. Јас не сум нацист, јас сум спротивно на нацист. Следниот вторник, ќе морате да излезете и да и кажете на Камала Харис дека ужасно ја сработила работата, дека расипаниот Џо Бајден ужасно ја сработил работата, ја уништивте нашата држава./ Камала, ти си отпуштена, излегувај, излегувај. - Доналд Трамп – Поранешен претседател на САД.

-Тој (Доналд Трамп) е фокусиран и всушност фиксиран на неговите поплаки, на самиот себеси и на поделбата на нашата држава. Постои голема разлика меѓу мене и него. Доколку него (Доналд Трамп) го изберат, на првиот ден ќе седне во овалната соба и ќе работи на листата со негови непријатели. На првиот ден доколку ме изберат мене, како што планирам, ќе работам за американскиот народ на мојата листа со работи што треба да се направат. - Камала Харис – Потпретседателка на САД.

Според последните анкети, двајцата кандидати се речиси изедначени, а клучно за изборот на претседателот и на овие избори ќе биде исходот од неколку држави. Џорџија, Северна Каролина, Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Аризона и Невада.

Изборот на Харис или реизборот на Трамп во секој случај ќе биде историско за САД, или со изборот на првата жена претседател, или со изборот на поранешен претседател кој усепал да се врати во Белата куќа и покрај судските процеси против него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер