Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките
1Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките
2Ристовски: ФНЦ во Скопје е можност за промоција на спортот и на Македонија како спортска дестинација
3Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
ЗдравјеОбјавен нов тендер за компресорската станица, Таравари посака да се пријави некој Во понеделникот повторно беше објавен тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираше попладнево министерот за здравство Арбен Таравари. Тој кажа дека нема информација дали е пријавена некоја фирма, но, посака да се пријави некој, бидејќи на претходниот тендер немаше пријавени за да ја завршат работата. - Се надевам дека ќе се пријави, за да го решиме овој проблем барем ако е можно до крајот на годината, одговори Таравари на новинарско прашање, по посетата на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, по повод пуштање во употреба нова медицинска опрема во вредност од милион евра. На прашање што во случај доколку повторно не се пријави ниту една фирма, министерот појасни дека ќе се консултираат со експерти. - Ништо, ќе видиме, ќе прашаме експерти да видиме како можеме со некој да побараме што поскоро да се заврши оваа работа. Немаме друга опција, одговори Таравари. Тој рече дека операционите сали на Клинички центар функционираат, бидејќи надлежните нашле „бекап“. - Ние најдовме „бекап“ за да функционираат и ќе функционираат, освен ако почне фирмата да ги инсталира, ќе ни бидат потребни 10 дена да не работат воопшто салите, додека се исклучат старите и се воведат новите компресори. Иста прилика, после 32 години реновираме и ставаме нови компресори по сите стандарди како што треба. Се надевам дека ќе започнеме и со тоа. Паралелно се одвиваат повеќе работи, не можеме да се концентрираме само на компресорите, да ги оставиме салите и другите инвестиции во здравството, дециден беше Тараври. Тој повтори дека се проширува Позитивната листа со нови девет лекови, како што истакна, скоро неизбежни за повеќето болести во државава. Министерот најави дека денеска само треба да го потпише документот. - Ние ќе продолжиме вака. По шест месеци, планираме да ја прошириме плус листата, со уште неколку лекови. Меѓутоа, треба со директорот на Фондот да седнеме, да видиме, што се можностите уште неколку лека да бидат на Позитивната листа и да им олесниме секогаш на тие кои се главните во нашиот ресор - тоа се пациентите, а сите сме потенцијални пациенти, подвлече Таравари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКлековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациенткитеМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска го посети мултидисциплинарниот кабинет за дојка во рамки на Клиничката болница - Штип.Клековски при посетата рече дека речиси илјада жени годишно заболуваат од оваа болест. -Во месецот во кој се обидуваме да ја подигнеме свесноста за борба против ракот на дојката, еден од најчестите канцери, речиси илјада жени годишно добиваат рак на дојка и тоа претставува значаен здравствен проблем за жените и за општеството. Меѓутоа, тука сум да ги видам и новите услуги кои се воведени во клиничката болница, новата лабораторија, новиот сет на услуги, а веќе наредната недела ќе најавиме и нови услуги на одделот за неврологија. Целта ни е на таа нова зграда што ќе се гради да почнеме да ѝ даваме содржина бидејќи здравството не го чинат зградите, го чинат луѓето и нивната работа - истакна Клековски. Целта на мултидисциплинарниот кабинет за дојка е подобра координација меѓу специјалистите, за побрз и поквалитетен одговор на потребите на пациентките со болести на дојката. За овој месец е предвидено да се направат дополнителни 180 мамографии за време на викендите — за пократка листа и пократко чекање. Во Клиничката болница Штип се очекува и нов, современ мамограф — за поквалитетна услуга за пациентките од источниот дел на земјата.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаРистовски: ФНЦ во Скопје е можност за промоција на спортот и на Македонија како спортска дестинацијаОрганизатор на овој настан е Македонската ММА федерација со поддршка од Министерството за спорт. Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на прес конференцијата и изрази поддршка за првиот настан на најголемата ММА организација во Европа, „FNC 34 Fight Nation Championship “ што ќе се одржи на 24 октомври во СЦ „Т-Арена/Борис Трајковски“ во Скопје. Организатор на овој настан е Македонската ММА федерација со поддршка од Министерството за спорт. „Министерството за спорт секогаш ќе дава поддршка на вакви проекти кои го промовираат спортот и Македонија. Мислам дека ова ќе биде голем и убав спектакл и ќе гледаме квалитетни борби кои ќе го промовираат спортот, но ќе ја провомираат и Македонија како спортска дестинација“ - истакна министерот Ристовски. ФНЦ за прв пат доаѓа во Македонија, но со оглед на се растечката популарност на ММА борбите нјавена е долгорочна соработка и организација и на други настани во иднина. „По повик од многубројни фанови од Македонија, ФНЦ доаѓа по првпат во Скопје. Многу веројатно не сме последен пат овде. Доаѓаме со сериозни борби, ние сме во подем, растеме секој ден. Гледачите ќе можат 4-5 часа да уживаат во спектакуларни борби“ - изјави Дражен Форгач, основач и претседател на „ФНЦ“. На „FNC 34 Fight Nation Championship“ Македонија ќе биде застапена со пет борачи. Македонската ММА Федерација ќе ја претставуваат: Даниела Алексовска, Марко Трајановски, Тоше Цветков, Ален Амедовски и Дино Старчевиќ. На шампионатот ќе има 11 борби, а во главната борба на вечерта, Лом-Али Ескиев ја брани титулата во лесна категорија против Марко Бојковиќ. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска во Брисел: Со заеднички сили до стратегија за чиста енергијаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е членка на Управувачкиот комитет на Мрежата на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања (Women Public Sector Climate Leaders Network). Со ова членство, таа директно се вклучува во утврдувањето на стратешките насоки на Мрежата и во европскиот дијалог за климатските политики, чистата енергија и одржливите инвестиции. Божиновска денеска во Брисел учествува на основачкиот собир на Мрежата, посветен на спроведувањето на климатските цели, забрзувањето на енергетската транзиција и поврзувањето на јавните политики со инвестициите и технолошкиот развој. Управувачкиот комитет ги утврдува стратешките приоритети на Мрежата и придонесува во подготовката на високите политички дијалози. За Македонија, учеството на министерката претставува можност за размена на искуства и воспоставување контакти за идна соработка во развојот на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и модернизацијата на инфраструктурата. На дневен ред се и климатската отпорност, заштитата на водните ресурси, циркуларната економија и примената на дигиталните технологии и вештачката интелигенција. Посебен акцент се става на соработката меѓу владите, европските институции, финансискиот сектор и бизнис-заедницата во реализацијата на климатските цели. Мрежата е основана од Women Political Leaders (WPL) во партнерство со Мрежата на жени лидери за климата на Групацијата на Европската инвестициска банка, со цел да се зајакне придонесот на жените на раководни позиции во јавниот сектор во креирањето и спроведувањето на климатските политики. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook