Објавен конкурсот за „Роман на годината“ за 2025 - Канал 5

Објавен конкурсот за „Роман на годината“ за 2025

 Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари.

Објавен конкурсот за „Роман на годината“ за 2025

Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ул. „Максим Горки“ бр. 18, Скопје) секој работен ден од 9 до 15 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје.

Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: [email protected]

[Од 41 роман кои конкурираат за „Роман на годината“ за 2020-та, жирито во првата селекција избра 18 кои ја продолжуваат трката за престижната награда. ]

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата треба да се донесе до 15 март од страна на петчлената жири-комисија и да биде објавена на прес-конференција.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе се додели 27-ти пат.

Романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска („Или-или“, 2024) беше лауреат на наградата за 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со украдени лични податоци на граѓани подигнале околу три милиони денари брзи кредити – обвиненение за шестмина

Шестмина се обвинети, а уште 33 ќе одговараат со казнени налози во случајот со незаконско подигнување брзи кредити преку злоупотреба на туѓи лични податоци..

Со украдени лични податоци на граѓани подигнале околу три милиони денари брзи кредити – обвиненение за шестмина

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека осомничените користеле лажни исправи и внесувале невистинити податоци во системите на финансиските друштва за да добијат кредити на име на други лица..

Во информатичкиот систем на повеќе оштетени финансиски друштва внесувале невистинити податоци, за кои секој од нив знаел дека не се вистинити и дека се постигнати со дејствија од други кривични дела“..

Во измамничката шема, според обвинението, учествувал и вработен во ФЗО, кој на останатите им ставил на располагање податоци кои претходно ги обезбедил преку електронскиот систем на институцијата..

Најголемиот дел од обвинетите дејствувале во периодот 2022 до јуни 2024 година.. Според обвинението, четворица од нив прибавиле противправна имотна корист од над два и пол милиони денари, додека останатите со поединечни дејствија дополнителни над 650 илјади денари..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топки мраз паѓаа од небото- невидено невреме ја погоди Франција (ВИДЕО)

Силна бура проследена со град го погоди регионот Ардеш во јужна Франција, предизвикувајќи огромна материјална штета на возилата, како и на зградите и вегетацијата.

Топки мраз паѓаа од небото- невидено невреме ја погоди Франција (ВИДЕО)

Бурата вчера ја погоди областа околу градовите Обена, Вал-ле-Бен и Лалевад д'Ардеш, а на социјалните мрежи беа објавени снимки од град со дијаметар од неколку сантиметри кој брзо ги покри улиците.

Снимките покажаа луѓе кои држат „ледени топки“ кои кршеа прозорци на нивните возила и куќи.

Според извештаите од теренот, дел од градот бил со големина на фудбалска топка, со дијаметар помеѓу пет и седум сантиметри.

Пожарникарите реагираа на неколку инциденти предизвикани од невремето, додека обилните дождови доведоа и до локални поплави.

Градоначалникот на Обена, Жан-Роман Рибеиро, ја опиша бурата како „екстремно насилна појава“ откако делови од регионот беа покриени со слој мраз и град.

Ардеш беше меѓу департманите кои претходно издадоа портокалово предупредување поради ризикот од силни бури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реакцијата на Мик Џегер по поразот на Англија на СП е хит (ВИДЕО)

Поразот на Англија на Светското првенство донесе и неочекувана последица, нов интернет мем.

Реакцијата на Мик Џегер по поразот на Англија на СП е хит (ВИДЕО)

Во главната улога е Мик Џегер, чија разочарана реакција по елиминацијата на Англија од турнирот брзо стана вирална на социјалните мрежи.

Фронтменот на „Ролинг Стоунс“ беше меѓу познатите фанови кои го гледаа полуфиналниот натпревар против Аргентина од трибините на стадионот во Атланта, каде што дојдоа да ја бодрат англиската репрезентација. Пред почетокот, камерите го фатија како ја пее „Sweet Caroline“, песна која стана суштински дел од навивачката атмосфера на натпреварите на Англија во последните години.

Но, како што стана јасно дека Англија губи и нема да стигне до финалето, расположението на Џегер видливо се промени. Кон крајот на натпреварот, камерата го фати како разочарано ја тресе главата, а тој краток момент веднаш стана материјал за бројни шеги и објави на социјалните мрежи.

Разочараниот Џегер стана мем

„Тоа видео на кое Мик Џегер ја тресе главата треба да стане мем“, напиша некој.

„Сер Мик кажа сè што чувствуваат навивачите на Англија“, додаде друг.

„Од 1966 година чекаме финале на Светското првенство...“, „Благодарам Светско првенство за ова видео од разочараниот Мик Џегер“ и „Цела Англија сега се чувствува како Мик Џегер“, се некои од коментарите.

И Бекамови привлекоа внимание

Џегер не е единствената позната личност чии моменти од трибините станаа вирални за време на овогодинешното Светско првенство. Сер Дејвид Бекам ги следи натпреварите на Англија во друштво на неговата сопруга Викторија и нивните деца, а токму таа предизвика бројни реакции од гледачите минатата недела.

Нејзиното сериозно лице додека остатокот од семејството ја славеше победата на Англија брзо се прошири на интернет, па самиот Бекам мораше да ја погледне ситуацијата. „Таа славеше внатре, ветувам“, напиша тој на Инстаграм со објава за реакцијата на Викторија и додаде: „Нејзините реакции беа само малку побавни од моите“.

Сепак, многумина забележаа дека поранешната членка на Спајс Грлс покажа многу повеќе емоции за време на натпреварот во среда кога Ентони Гордон постигна гол за Англија.

Иако Англија нема да игра во финалето на Светското првенство во недела, турнирот не е завршен за нив. Националната репрезентација ја чека натпревар против Франција за третото место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер