3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
2Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
КултураОбјавен конкурсот за најдобра беседа во чест на Григор Прличев Охридската библиотека „Григор Прличев“ го објави конкурсот за годинaшната, трета по ред, награда за најдобра беседа што се доделува во чест на македонскиот поет и преродбеник и патрон на установата.Наградниот конкурс годинава е на тема „Чувај се себеси“, на која творел и самиот Прличев. Прличев често држел беседи пред охриѓани, а на крајот од една учебна година кога учителствувал во Охрид ја кажал токму беседата насловена „Чувај се себеси, што во 1866 година ја објавил и во весник. На објавениот конкурс можат да се пријават со свои творби млади автори од 15 до 30-годишна возраст. Според пропозициите, беседата „Чувај се себеси“ не смее да биде поголема од три илјади зборови и треба да е напишана во фонтот „ariel 12“. Творбите не смеат да содржат политичка, етничка и верска содржина, туку да носат универзална порака за мир, љубов, соработка. Авторските трудови претходно да не се публикувани. Комисијата ќе ја оценува нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина. Беседите до Комисијата се испраќаат исклучиво под шифра во печатена форма во три примероци до НУ Библиотека „Григор Прличев“ ул. „Македонски Просветители“ бр. 2, 6000 Охрид. На авторот на најдобрата беседа, кој со посeбeн примерок ќе го докаже авторството, ќе му биде доделена парична награда од девет илјади денари и признание со ликот на Прличев, а ќе му бидат врачени на манифестацијата „Прличеви беседи“ што секоја година се одржува во февруари кога се одбележува годишнината од смртта на Прличев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со мала до умерена локална облачност и температури до 35 степениВремето денес според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Во јужните делови наместа ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 12 Претор, 3 Демир Капија, 2 Берово, 1 Битола, Гевгелија. -Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинатиНајмалку 20 луѓе загинаа, шест се повредени, а две лица се водат како исчезнати по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија.Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот беше 68 километри северозападно од градот Енда во покраината Источна Нуса Тенгара. INDONESIA ROCKED by 7.7 MEGA QUAKE as BUILDING COLLAPSES POWERFUL AFTERSHOCKS RATTLE REGION TSUNAMI WARNING ISSUED https://t.co/77KNtlToHG pic.twitter.com/FK6pbAkAKo — RT (@RT_com) August 14, 2026 По главниот удар, регистрирани се неколку последователни потреси, вклучувајќи еден со интензитет од 6,1 степени. A powerful 7.7-magnitude undersea earthquake struck off the northern coast of Indonesia's Flores Island, triggering tsunami warnings across several coastal provinces. Indonesian meteorological agencies urged residents in impacted areas to evacuate immediately to higher ground and… pic.twitter.com/lcbLMBfpfy — The Weather Channel (@weatherchannel) August 15, 2026 Властите издадоа предупредување за цунами за делови од провинциите Источна Нуса Тенгара, Западна Нуса Тенгара и Јужен Сулавеси поради плиток подводен земјотрес, при што се предвидуваат бранови со висина од 0,5 до три метри. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 15. август 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 15. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеска ќе упаднат во стапица на ранливоста , од каде тешко ќе се извлекуваат. Чувството на осаменост ќе биде силно , како и копнежот. Кариера Иако другите ве сакаат и поддржуваат , денеска ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака и дека нема врз кого да се потпрете.Не е така. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата потреба за нежност ќе биде голема , а надворешната состојба ќе биде скромна.Затоа може да сонувате со отворени очи , да чекате подобри денови или да копнеете. Кариера Доколку се отворите кон своите соработници, ќе ви биде полесно да работите. Обидете се своите грижи да ги свртите на шега. Здравје и совет Погледнете добар филм. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои се на прагот на тајна врска , денеска ќе се двоумат за своите чувства. Ќе се прашуваат дали тоа има смисол. Кариера Можно е изостанување на некој колега од работа поради што неговите задачи ќе паднат врз ваш грб. Подгответе се за таква можност. Здравје и совет Бидете смирени. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои и натаму ќе се движат низ лавиринтот ,,фати-пушти” . Други ќе почнат врска , но без сигурност. Третите ќе мислат дека не треба ништо да преземаат. Кариера Можеби ќе почуствувате желба да избегате од работното место , зашто денеска ништо таму нема да ви изгледа сигурно. Здравје и совет Чувствителност на желудникот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Иако изгледа како добро да ви е во љубовта , од внатре ќе ве измачуваат настани од минатото. Ќе ви го расипат уживањето. Кариера Вашите соработници денеска ќе ја покажат својата чувствителност , па на вас останува да се обидете подобро да ги разберете и сослушате. Здравје и совет Ќе ги почувствувате последиците од хедонизмот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашите додворувања денеска ќе бидат речиси извештачени. Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени. Кариера Што повеќе се залагате, работите ви одат полесно и побргу. Затоа не правете паузи , доколку не се неопходни. Здравје и совет Бидете горди на своите дела. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Веројатно ќе мора да го поделите работното време.Еден дел ќе одвоите за својот партнер , а другиот за пријателите. Кариера Младата личност со која соработувате , денеска ќе ја покаже својата мрзеливост и неспособност. Ќе морате подобро да ги тренирате младите. Здравје и совет Ќе издржите се што ви претстои. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако не сте задоволни од ссотојбата , денешниот ден е добар за привремено повлекување во осаменост. Кариера Ќе ве збунива лицемерноста на надредените , зашто едно ќе зборуваат а друго ќе прават. Не дигајте тензија , туку набљудувајте. Здравје и совет Ќе дојдат вашите пет минути. Овен 21.3-20.4. Љубов ќе дојдат до израз разликите во љубовните желби меѓу вас и саканата личност. Ќе мора да се согласите на компромис. Кариера Можни се помали проблеми со постарите колеги на работа. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста , а некои ќе покажат одбивност. Здравје и совет Штедете си ја силата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го тоа со мудро молчење и издржете со исправен став. Кариера Ќе ви се чини дека вашите деловни обврски се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација. Здравје и совет Добро би ви дошло малку повеќе да спиете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со рационален став ќе ги надминете разликите во љубовните желби. Така повторно ќе се приближите еден кон друг. Кариера Со силата на вашата упорност ќе ги смирувате двете страни , кои имаат различен пристап за иста идеја. Вие ќе ги уверувате дека е важно тоа да се направи. Здравје и совет Никој не сака да слуша поплаки. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е уште еден малку нервозен љубовен ден. Помирете се дека тоа сега е така , но бидете сигурни дека ќе помине наскоро. Кариера Подобро ќе биде денеска да не влегувате во расправии. Работете го она што го знаете и делувајте во подрачјето на својата професија. Здравје и совет Попладнево опуштете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook