Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ
1Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ
3Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на Македонскиот КИЦ во Загреб
КултураОбјавен конкурсот за Меѓународната награда „Мостови на Струга" на СВП за 2021 годинаФестивалот „Струшки вечери на поезијата" (СВП), во соработка со УНЕСКО, го објави конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга" 2021 за најдобра дебитантска книга од млад автор.Конкурсот ќе трае до 1 март 2021, а може да учествуваат сите дебитантски книги на млади поети (под 35 години), а лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата – 21 Март. – Кандидатите треба да испратат три копии од книгата со која конкурираат и најмалку пет песни од истата книга преведени на англиски јазик на поштенската адреса на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 109, 6330 Струга, Република Северна Македонија) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки. Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 1 март 2021. Апликацијата треба да се поднесе и во електронска верзија на веб-адресите на СВП: [email protected] и [email protected]. Исто така, кандидатите треба да го испратат ISBN бројот заедно со три книги во печатена форма, соопшти Националната установа Струшки вечери на поезијата. Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот – лауреат во превод на македонски јазик. Добитникот на наградата ќе биде поканет да учествува на годинашното фестивалско издание, каде ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови". Наградата „Мостови на Струга" беше востановена во 2003 година, како дел од опсежната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата – 21 Март, со цел да се стимулира, промовира и афирмира поетското творештво како еден од најзначајните креативни изрази на човештвото. Секоја година, СВП и УНЕСКО заеднички го чествуваат овој ден, при што официјално се соопштуваат и промовираат добитниците на наградите „Златен венец" и „Мостови на Струга". Досегашни добитници на наградата биле: Ангело В. Суарез (Филипини) 2004, Андреа Коте (Колумбија ) 2005, Маријана Гејде (Руска Федерација) 2006, Мануа Риме (Белгија) 2007, Антонија Новаковиќ (Хрватска) 2008, Усман Сарус (Сенегал) 2009, Сим Кера (Естонија) 2010, Хироши Таниучи (Јапонија) 2011, Франсоа-Ксавиер Мегр (Франција) 2012, Николина Андова Шопова (Македонија) 2013, Хари Ман (Велика Британија) 2014, Паула Бозалонго (Шпанија) 2015, Руна Светликова (Белгија) 2016, Горан Чолакхоџиќ (Хрватска) 2017, Паули Тапио (Финска) 2018, Моника Херцег (Хрватска) 2019 и Мартина Стракова (Словачка) 2020.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
МакедонијаСтојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИФактите се мерат со бројки. Вратен долг (отплатена главнина) во првите 24 месеци од мандатот:СДС–ДУИ: 49,6 милијарди денари - 806 милони евра вратена главнина на долг. ВМРО-ДПМНЕ: 142,2 милијарди денари - 2,31 милијарди евра вратена главнина на долг. Тоа се 2,87 пати или 187% повеќе средства насочени кон сервисирање на доспеаната главнина. Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада. Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој. 2,31 милијарди евра вратена главнина за две години. Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
ФудбалЛутиот Рио Фердинанд остро ги нападна фудбалерите на Јунајтед по дебаклот против КомоКога легендарниот Рио Фердинанд командуваше со одбраната на Манчестер Јунајтед, противничките напаѓачи тешко наоѓаа пат до голот на „Црвените ѓаволи“ од Олд Трафорд.Сепак, времињата кога славниот англиски клуб влеваше страв кај своите ривали се одамна минато, а најновиот пораз дополнително го продлабочи незадоволството. Вчера екипата на Комо – која до неодамна настапуваше во четвртиот ранг на италијанскиот фудбал – му одржа лекција на големиот Манчестер Јунајтед предводен од Мајкл Керик. Ваквото издание го разбесни легендарниот Фердинанд, кој е познат по своите директни и остри коментари, па тој не го поштеди ниту сегашниот состав на Јунајтед. „Поради појавувањето на Сеск Фабрегас на теренот, изгледавме како тим што добил на лотарија за да учествува во Лигата на шампионите. Во одредени моменти изгледаше како Комо да има 12 играчи на теренот. Бевме целосно безопасни во нападот. Во тимот немаше никаква енергија за трчање. Не бевме способни да извршиме притисок врз Комо. Без никаков план кога ја имавме топката во посед“, напиша Фердинанд на Твитер. Сепак, легендарниот дефанзивец не сакаше да ги омаловажи заслугите на италијанскиот тим и неговиот тренер, Сеск Фабрегас, кого го пофали за начинот на кој го изградил тимот и ги спровел своите фудбалски идеи. – Големи заслуги му припаѓаат на Сеск за начинот на кој го изгради овој тим, а исто така се гледа и како ги вградил своите идеи во екипата. Секој си ја знае својата задача и сите се максимално фокусирани, како со топката, така и без неа. Тие им додаваат топки на соиграчите дури и кога се под притисок – тоа е одличен пример за меѓусебна доверба. Фердинанд не застана тука, туку продолжи со критики за состојбата во неговиот поранешен клуб. Тој е особено загрижен поради недостатокот на самодоверба, а како дополнителен проблем ги наведе и бројните повреди. – Но, тоа не ни е никакво оправдување. Вечерва бевме слаби и во моментов изгледаме како тим што нема апсолутно никаква самодоверба – потребно е многу работа за да се промени ова... А да не зборувам воопшто за повредите! Разликата во буџетите дефинитивно не се одрази на разликата меѓу двата тима на теренот. Инаку, Нико Паз е одличен фудбалер. Неговите зборови уште еднаш го покажаа степенот на незадоволство од ситуацијата во Манчестер Јунајтед, додека Комо продолжува да го привлекува вниманието на европската фудбалска јавност со своите настапи под водство на Фабрегас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!70.358 денари за основни трошоци, над 85.000 денари за семејствата под кирија! А Владата без срам ни продава приказни за раст на платите и подобар животен стандард!Кого лажете?! Родителите кратат од сопствените потреби за да ги прехранат децата, работниците живеат од плата до плата, а младите сè почесто ја бараат својата иднина надвор од Македонија! Дури 10.200 денари разлика меѓу владината и синдикалната кошничка! За вас игра со бројки, за граѓаните храна на масата и неплатени сметки! Ги одбивате конкретните предлози на ЛДП, а со ребалансот повторно нудите празни ветувања наместо вистинска помош. Доста со економската пропаганда! Граѓаните не јадат проценти, не плаќаат сметки со прес-конференции и не живеат од вашите самопофалби! Ако економијата ви цвета, зошто народот ви осиромашува?! Време е да престанете да се фалите и да почнете да одговарате!Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter