Објавен конкурсот за „Град на културата во 2025 година“ - Канал 5

Објавен конкурсот за „Град на културата во 2025 година“

Министерството за култура и туризам денеска го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2025 година“.

Објавен конкурсот за „Град на културата во 2025 година“

Како што информира ресорното министерство, на Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во земјава, со исклучок на Град Скопје и општините во Град Скопје.

Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, почнувајќи од денеска во 14:00 часот, заклучно со 22 декември 2024 година во 14:00 часот.

Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата на uslugi.gov.mk (https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на овој национален портал за е-услуги.

- Еден од приоритетите на Министерството за култура и туризам е унапредување и достапност на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава, се вели во соопштението.

„Град на културата“ во 2024 година беше Крива Паланка, која во текот на целата година презентираше богата програма и издржан програмски концепт, со различни жанрови и естетика од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: „Односите меѓу Москва и Пјонгјанг достинаа невидено ниво “

Рускиот претседател Владимир Путин упати честитка до севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун по повод годишнината од ослободувањето на земјата од јапонската окупација.

Путин: „Односите меѓу Москва и Пјонгјанг достинаа невидено ниво “

Путин истакна дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг достигнале ниво на сеопфатно стратешко партнерство без преседан. Во телеграмата, тој посочи дека празникот што го одбележува Пјонгјанг е симбол на храброста и издржливоста на севернокорејскиот народ, пренесува „Спутник“.

Според него, токму тогаш биле поставени темелите на цврста традиција на борбено братство и заемна помош, што претставувало основа за развој на пријателски и добрососедски односи меѓу двете земји.

„Нашите земји активно соработуваат на сите полиња, координирајќи ги напорите за обезбедување регионална безбедност и стабилност. Уверен сум дека ќе продолжиме со конструктивната соработка во однос на актуелните прашања од билатералната и меѓународната агенда, за доброто на рускиот и корејскиот народ“, изјави Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Холивудска убавица која е мајстор на провокациите

Холивудската увезда, актерката Меган Фокс остро одговори на критиките за фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, откако еден корисник ѝ порача дека на 40-годишна возраст е „престара“ за објавување разголени фотографии.

Фото: Холивудска убавица која е мајстор на провокациите

Таа објави фотографии на Инстаграм на кои позира во црн топ без прерамки, танга и крзнени штитници за нозе, додека преку комбинацијата носи зелена јакна од флис.

Објавата брзо привлече огромно внимание и собра повеќе од милион лајкови. Сепак, покрај бројните позитивни реакции, имаше и коментари од оние што го критикуваа нејзиниот изглед и начинот на кој се претставува.

Еден корисник ѝ порача дека „никој не сака да гледа речиси гола 40-годишна жена“. Фокс не го премолче тој коментар.

Нејзината реакција предизвика дополнителна лавина од коментари, а голем број следбеници застанаа на нејзина страна.

– Не зборуваш во наше име, будало – рече еден корисник.

Друг напиша: – Зборувај во свое име, старче. За твоја несреќа, 451 илјада луѓе не се согласуваат со тебе – алудирајќи на бројот на допаѓања што ги имаше објавата во тој момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компаниите за вештачка интелигенција масовно купуваат користени книги за да избегнат информации „загадени“ од вештачка интелигенција

Продавачите на половни книги во Британија и Ирска забележуваат нагло зголемување на нарачките на големо од мистериозни купувачи, што поттикнува сомнежи дека технолошките компании собираат податоци за развој на вештачка интелигенција.

Компаниите за вештачка интелигенција масовно купуваат користени книги за да избегнат информации „загадени“ од вештачка интелигенција

Продавачите на книги со кои разговараше „Гардијан“ потврдуваат дека нарачките доаѓаат од САД, Канада, Европа и Велика Британија, а колеги од Австралија известуваат за сличен тренд.

Сето ова се случува кратко по откритието дека компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic) потрошила милиони долари на книги што ги скенирала исклучиво за да собере податоци, пишува „Гардијан“.

Стјуарт Менли, косопственик на книжарницата „Бартер букс“ (Barter Books) од Алнвик, вели дека нарачките почнале да пристигнуваат пред три месеци. Тој објаснува дека тие се необични бидејќи не следат вообичаени тематски целини, како што се спортот или автомобилизмот. „Дефинитивно станува збор за чудна комбинација на книги“, рече Менли. „Нарачките обично се тематски, а овие се сосема случајни“, додаде тој.

Една неодамнешна нарачка вклучуваше естонски превод на романот *The Mission Song* од Џон ле Каре, примерок од *Agnes Grey* на Ен Бронте од одреден издавач, како и изданието од октомври 1983 година на месечното списание *Warship*. Менли додава дека продал стотици случајно избрани книги на тројца купувачи, во вкупна вредност од околу 4.000 фунти.

Џим Шонеси, сопственик на книжарницата „MW Books“ во Клерголвеј, Ирска, потврдува дека неговата компанија добива големи и разновидни нарачки уште од мај.

„Нарачките се спорадични и изгледаат како да се генерирани од машина. Немаат заедничка тема: опфаќаат сè – од книги за африкански земјоделски алатки од 18-тиот век до биографии на возачи на тркачки автомобили од 1950-тите“, изјави тој. „Лично, не сметам дека е наша работа да одлучуваме што купувачите ќе прават со книгите, но многу е интересно да се набљудува што точно избираат тие“, додаде тој.

Дејвид Гауер-Спенс, сопственик на „BookLovers of Bath“, вели дека во периодот од мај до јули добил бројни нарачки кои вкупно опфаќале околу 200 книги.

Купувачите беа истите оние што ги спомнуваа и други продавачи. Еден од нив е канадската компанија „Zoom Books“, која себеси се опишува како „водечка компанија за рециклирање книги во Северна Америка“. „Гардијан“ стапи во контакт со „Zoom“ за коментар. „Во еден момент, обемот на работа беше преголем, а јас вообичаено сум прилично добро организирана“, изјави Гауер-Спенс.

Еден британски продавач, кој сакаше да остане анонимен, објаснува дека повремено пристигнуваат нарачки од различни купувачи, но сите се испраќаат на иста адреса.

„Идентитетите зад овие нарачки се многу нејасни, дури и за искусните продавачи“, рече тој. Поштенскиот код за испорака што го користат повеќе купувачи – а кој го виделе новинарите на „Гардијан“ – води до комплекс од магацини за товар во близина на лондонскиот аеродром „Хитроу“. Истиот продавач, кој од јануари наваму примил нарачки за 6.000 книги во вредност од илјадници фунти од такви купувачи, забележува дека тие ја плаќаат целосната цена и не бараат попусти за големи количини.

Технолошките компании постојано бараат нови извори на материјал за развој на понапредни модели. Користените книги – од кои многу се објавени со децении пред појавата на ChatGPT и не се дигитализирани – претставуваат потенцијален извор на свежи, неискористени податоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер