Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
КултураОбјавен конкурс за видео арт артисти за првиот фестивал на дигитални уметности во СтругаАфиримација на современите форми на изразување и креирање уметност, видео арт инсталации, вирутелната реалност, 3Д мапинг, мастер класови кои ќе третираат актуелни теми поврзани со технолошкиот развиток и електронската музика.Афиримација на современите форми на изразување и креирање уметност, видео арт инсталации, вирутелната реалност, 3Д мапинг, мастер класови кои ќе третираат актуелни теми поврзани со технолошкиот развиток и електронската музика како адекватен и актуелен израз, е целта на првиот фестивалот на дигитални уметности N-H//LON (Енхалон). Фестивалот ќе се одржи на 14 и 15 јуни, а сите домашни артисти кои работат видео арт, аудио-визуелни инсталации, кратки експериментални филмови и видео перформанси можат да се пријават најдоцна до 5 мај годинава. Заинтересираните може да пратат кратка биографија и опис на [email protected] со назнака: Конкурс за видео арт програма. Како хедлајнер на музичката програма најавен е берлинскиот ди-џеј и продуцент Ancient Methods – пионер на модерниот техно звук и амбасадор на берлинската електронска сцена. Тој е еден од ретките продуценти во светот, кој со секоја нова плоча ги дефинира и редефинира стандардите на електронската продукција, како и технички врвен DJ кој низ современи електронски форми зближува и реинтерпретира многу музички стилови и култури, од електро и индустриски звуци преку панк и метал, до класична, медитативна и психоделична музика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
ЗабаваФото: Хајди Клум повторно во топлесСлавната манекенка и топ модел Хајди Клум повторно привлече внимание со провокативни фотографии што ги објави на социјалните мрежи. Својата слободна недела ја поминала релаксирајќи се покрај базенот, каде што позира без горниот дел од костимот за капење во топлес , а покрај фотографијата напиша едноставно: „Неделаааа“. Клум го користи секој слободен момент за одмор и релаксација, а редовно ги почестува своите следбеници со фотографии на кои ужива во сончањето. За оние што ја следат со години, ваква глетка не претставува никакво изненадување. Манекенката и претходно има објавувано свои фотографии на кои се сонча топлес, а во минатото објаснила дека ваквиот начин на сончање е прилично вообичаен во Германија.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини-Мини-фустанот малку криеше.Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг. Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание. Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња. Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките. Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации. Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед. Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во СрбијаОрганизираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. Касно е за перење. Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ. Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО. Граѓаните паметат и знаат. Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап. Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште. Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија. Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски . Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ. Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот. Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ. Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО. Но ние знаеме зошто е паниката. Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност. Скопје, 27.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00