Објавен јавниот повик за проектот „Купи куќа, купи стан" - Канал 5

Објавен јавниот повик за проектот „Купи куќа, купи стан"

Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан", информират од Министерството за финанси. 

Објавен јавниот повик за проектот „Купи куќа, купи стан"

Граѓаните преку јавниот повик кој е објавен ќе можат да поднесат барање, заклучно со 31 август 2022 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување на нов стан или изградба/купување на нова куќа.

Од министерството појаснуваат дека субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот. Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години.

Граѓаните можат да аплицираат за 6 различни модели коишто нудат различни поволности согласно тоа дали сакаат да аплицираат за субвенционирање месечна рата на кредитот или за учество, во зависност од тоа дали аплицираат за купување стан или куќа и во зависност од возраста. Повеќе за моделите може да се види во прирачникот објавен на веб-страницата на Министерството за финансии.

Каматната стапка согласно утврдените критериуми изнесува 2,9 % во првите 3 години и 3,9 % во четвртата и петтата година од отплатата на кредитот при изборот на варијантата за субвенција на месечната рата, додека кај моделот субвенционирање на учеството каматната стапка изнесува 4 проценти за цело времетраење на отплатата плус 6-месечен Eурибор.

– Согласно утврдените услови и кретируми корисници на субвенциониран кредит може да бидат лица кои не се или се во брачна заедница, при тоа да не поседуваат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи се дефинирани на максимален износ од 900 евра за оние кои не се во брак и 1.300 евра за брачен пар. Продажната цена на станот што се купува со субвенционираниот кредит не треба да надминува 900 евра за метар квадратен и површина до 150 метри квадратни, информираат од Министерството за финанси.

Заинтересираните граѓани може да поднесат барање за субвенциониран станбен кредит во комерцијалните банки во земјава преку кои се спроведува проектот, односно НЛБ банка, Стопанска банка – Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка – Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка и Прокредит банка.

Преку проектот „Купи куќа, купи стан", кој се реализира 10 години, досега се одобрени над 2000 барања, при што износот на одобрените кредити е над 73 милиони евра, а одобрените субвенции над 18 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и син

Татко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.

Пукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и син

Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница.

Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата

Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група.

По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста.

Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје.

Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност

Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице.

Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата.

Мотивот сè уште непознат

Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж.

По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Панче Тошковски

Панче Тошковски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: „Путин, дали прифаќаш?“

Зеленски изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.

Зеленски: „Путин, дали прифаќаш?“

Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со САД и Русија – кои би можеле да се одржат до крајот на октомври во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја предложена од Вашингтон – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Обраќајќи им се на новинарите во Киев заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски – како што пренесува „Укринформ“ – изјави дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.

„Американската страна стапи во контакт со Украина и Русија, предлагајќи да се одржи средба во некаква форма на техничко ниво, во трилатерален формат, до крајот на октомври. Вчера им потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја предложена од американската страна“, рече Зеленски.

Според него, Вашингтон сега го пренел овој предлог на Москва, која треба да го изнесе својот став.

„Позитивно одговараме на преговорите“, рече Зеленски.

Зеленски претходно објави дека Соединетите Држави предложиле подготовка на трилатерална средба со учество на Украина, САД и Русија на техничко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер