Објавен јавен повик за учество на 15-та „Бела ноќ"

Објавен е јавен повик за 15. културна манифестација „Бела ноќ", што ја организираат Град Скопје и Универзална сала. Заинтересираните уметници можат да се пријавуваат до шести септември годинава.

Заинтересираните уметници апликацијата ќе можат да ја симнат од веб-страницата на http://belanok.mk , а пополнета ќе можат да ја достават на адресата на Универзална сала, булевар „Партизански одреди" бр. 45, 1.000 Скопје, со назнака „За Бела ноќ" или по електронски пат, на [email protected].

– Визуелните, применетите уметности, музиката, филмот, јавната уметност, како и урбаните изведби и перформанси се областите што ќе бидат опфатени и кои скопјани ќе можат да ги видат на „Белата ноќ" во сабота, на петти октомври, се вели во соопштението од Универзална сала-Скопје.

По завршувањето на повикот, учесниците ќе бидат оценети врз основа на квалитетот на делото, иновацијата, карактерот во опсег на предложениот концепт. Конечната селекција ќе биде извршена од страна на организаторот. /МИА

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер