Објавен е трејлерот за новата серија на Киану Ривс и Ф1 (ВИДЕО) - Канал 5

Објавен е трејлерот за новата серија на Киану Ривс и Ф1 (ВИДЕО)

Објавен е трејлерот за претстојната документарна серија Brawn: The Impossible F1 Story, чиј водител ќе биде холивудскиот актер Киану Ривс.

Објавен е трејлерот за новата серија на Киану Ривс и Ф1 (ВИДЕО)

Браун ГП е тим основан од Рос Браун откако платил 1 фунта за поранешниот тим на Хонда. Во првата и единствена сезона (2009) беа освоени шампионските титули за возачи и конструктори. Иако бајката беше краткотрајна, Браун ГП стана еден од најдобрите тимови кои стапнаа на патеките на Формула 1.

Следната сезона, тимот беше ребрендиран како Мерцедес, кој почна да ги спојува своите успеси од 2014 година. Киану Ривс како голем љубител на мото спортот ќе ја запознае публиката со тимот кој ја искористи сивата зона во правилата и го достигна својот успех со помош на двоен дифузер.

Браун ГП постигна осум победи и 15 подиуми на 17 трки во 2009 година. Џенсон Батон и Рубенс Баричело возеа за Браун, а на крајот од сезоната Батон ја освои шампионската титула пред Себастијан Фетел. Дури и во првите седум трки од сезоната, Британецот победи на шест.

YouTube video

Brawn: The Impossible F1 Story ќе биде достапна од 15 ноември оваа година и ќе има четири епизоди. Кијану ќе разговара за успехот на Браун ГП со поранешниот шампион во Формула 1, Берни Еклстоун, сегашниот шеф на Ред Бул Рејсинг, Кристијан Хорнер, Баричело, Батон и Браун.

„Најдобар начин брзо да станеш непопуларен е да почнеш да победуваш“, вели Хорнер во една сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер