Објавен е трејлерот за најновиот филм на Марвел, фановите се поделени (ВИДЕО) - Канал 5

Објавен е трејлерот за најновиот филм на Марвел, фановите се поделени (ВИДЕО)

Студиото Marvel Entertainment објави трејлер за претстојниот филм The Marvels, кој е продолжение на филмот од 2019 година Captain Marvel.

Објавен е трејлерот за најновиот филм на Марвел, фановите се поделени (ВИДЕО)

Трејлерот е прегледан повеќе од 718.000 пати за 4 часа.

Ѕвездената екипа е предводена од Бри Ларсон, во улогата на Керол Денверс, позната како Капетан Марвел. Нејзе ѝ се придружуваат Тејона Парис како Моника Рамбо и Иман Велани како Камала Кан, или г-ѓа Марвел.

Во овој филм, Данверс, Рамбо и Кан ќе се обидат да откријат зошто нивните моќи се испреплетени по истражувањето на црвоточината, оставена од вонземјанската раса Кри. Во филмот ќе се појави и Семјуел Л. Џексон во веќе познатата магента улога на Ник Фјури, а главниот негативец Дар-Бена ќе го игра Заве Ештон.

YouTube video

Мислењата на фановите на Твитер се поделени. „Верувам дека ова ќе биде еден од најлошите филмови во кинематографскиот универзум на Марвел и ќе докаже дека на луѓето им е доста од филмовите за суперхерои“, „Синематскиот универзум на Марвел требаше да заврши со крајот на играта“, „Уште еден просечен филм“, се некои од понегативните коментари.

Другите фанови имаат попозитивно мислење, „Ова ќе биде одлично. Едвај чекам да ја видам Иман како се здружи со Бри“, „Со нетрпение го очекувам ова. Верувам дека ќе биде интригантно“, „Ова всушност изгледа добро“, се некои од коментарите.

Филмот го режираше Ниа ДаКоста, позната по хорор-филмот Candyman од 2021 година. ДаКоста исто така работеше на сценариото, заедно со Меган Мекдонел, Елиса Карасик и Зеб Велс. Филмот ќе биде достапен во кината од 10 ноември оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Остварив тет-а-тет средба со премиерот на Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут

Остварив тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут.

Мицкоски: Остварив тет-а-тет средба со премиерот на Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут

Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави.

Ја потврдивме заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Градскиот базен е гордост на Кавадарци и место каде се создаваат најубавите летни спомен

Лето, сонце, вода и многу детски насмевки, токму така изгледаат деновите на Градскиот базен во Кавадарци.

Јанчев: Градскиот базен е гордост на Кавадарци и место каде се создаваат најубавите летни спомен

Градскиот базен секојдневно е исполнет со детска смеа, спортски дух и прекрасна енергија. Во овие топли летни денови, базенот е вистинско место за разладување, рекреација и уживање за сите генерации.

Посебна радост носат најмладите, кои преку Школата за пливање ги прават своите први пливачки чекори, стекнуваат нови вештини, самодоверба и љубов кон спортот. Секој ден е исполнет со активност, дружење и насмевки што ја покажуваат вистинската вредност на овој современ спортско-рекреативен простор.

Инвестицијата во овој базен е инвестиција во здравјето, спортот и иднината на нашите деца. Денес, овој модерен објект е гордост на Кавадарци и место каде се создаваат најубавите летни спомени, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија ја продолжи забраната за извоз на гориво

Русија ја продолжи забраната за извоз на дизел за производителите до крајот на август, што укажува дека нејзин приоритет е снабдување на домашниот пазар до крајот на сезоната на жетва.

Русија ја продолжи забраната за извоз на гориво

На крајот на јануари, владата им забрани на трговците да извезуваат дизел, а пред две недели ја продолжи забраната за производителите до крајот на јули, нагласувајќи дека нејзин приоритет е снабдување на домашниот пазар во време на жетва, со намалени капацитети за преработка поради украинските напади.

Вчера тие ја продолжија забраната за извоз за производителите до крајот на август. Испораките на морски горива и гасно масло се забранети, исто така до крајот на летото.

Забраната за извоз на бензин ќе важи до крајот на јануари следната година.

Вчера владата објави и посебна регулатива за дополнителни количини гориво за земјоделците.

Специјални договори за земјоделците

„За таа цел, одобрена е привремена постапка, која ќе биде во сила до 1 ноември, за договори меѓу Министерството за енергетика, Министерството за земјоделство, регионалните власти и нафтените компании за снабдување со бензин и дизел гориво на земјоделските производители“, објави владата.

Овие договори ќе обезбедат редовно снабдување со гориво за земјоделските компании, што е особено важно за време на сезонската работа во земјоделството, додадоа тие.

Руската влада, пак, објави посебен декрет.

Бензинот и дизел горивото ќе продолжат да се снабдуваат како дел од меѓународната хуманитарна помош за странски земји врз основа на одлуките на руската влада, се вели во соопштението.

Извозот е дозволен според меѓувладини договори

Новиот декрет, исто така, им овозможува на производителите да ги извезуваат овие нафтени производи според меѓувладини договори. Москва досега склучила вакви договори со членовите на Евроазиската економска унија - Белорусија, Киргистан, Казахстан и Ерменија - како и со Монголија и Узбекистан.

Киргистан се согласи со Русија да испорачува 100.000 тони гориво месечно до крајот на годината, објави Ројтерс во петокот извештаи од киргистанските медиуми, кои се повикуваат на зборовите на првиот заменик-премиер Данијар Амангелдиев.

На почетокот на јуни, Русија, исто така, го забрани извозот на керозин до крајот на ноември оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер