Шоу бизОбјавен е трејлер за новиот филм на Адам Сендлер, јавноста водушевена (ВИДЕО)Откако беше објавен првиот тизер за научно-фантастичниот филм Спејсмен на крајот на декември 2023 година, Нетфликс објави и трејлер за филмот.Адам Сендлер ја играше главната улога во Спејсмен, а во филмот го игра чешкиот астронаут Јакуб кој е на мисија на Венера. Јакуб стана првиот астронаут на земјата и кога му беше дадена можност да замине во вселената, тоа го направи. Сепак, неговите амбиции ја жртвуваа неговата врска со неговата сопруга Ленка (Кери Малиган) и тој почнува да жали што отишол во вселената. На својата мисија, Јакуб запознава неочекуван придружник, суштество кое го именува Ханус (Пол Дано), кое ќе му помогне да донесе важни одлуки и да сфати како да ги исправи работите пред да биде предоцна. Откако е објавен трејлерот, луѓето во коментарите го изразија својот ентузијазам за уште една сериозна улога на Адам Сендлер. „Ми се допаѓа кога Адам Сендлер глуми во драми. Ова изгледа одлично“, „Адам Сендлер не добива доволно кредит во неговите драмски улоги“, „Откако Адам потпиша со Нетфликс, почна да глуми во многу подобри филмови“, „Луѓето мислеа дека Адам Сендлер може да глуми само во глупави комедии, мило ми е што докажува дека грешат“, се дел од коментарите. За потсетување, Спејсмен е базиран на истоимениот роман на чешкиот писател Јарослав Калфар од 2017 година, а ќе биде достапен од 1 март. Заедно со Адам Сендлер, познатите фаци во филмот ги вклучуваат Кери Малиган (Maestro, Saltburn), Пол Дано (Batman, 12 Years a Slave) и Кунал Најјар (The Big Bang Theory).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаКлековски вели дека правилата за боледување не се променети 14 годиниБоледување заради одмор, патување или работа на друго место се дел од можните злоупотреби поради кои се отвора дебата за промени во системот. Министерот Сашо Клековски вели дека правилата за боледување не се променети 14 години, па Министерството за здравство почнува средби со сите засегнати страни за да се најде модел кој ќе ги заштити правата на пациентите, но истовремено ќе овозможи подобра контрола. На денешната средба биле презентирани искуства од Србија и Словенија. Србија има воведено електронско боледување, со дигитализирани податоци достапни и за пациентите и за работодавачите, додека Словенија вовела правила за движење за време на боледување и можност за контрола преку анонимни електронски пријави. Во случај на утврдени злоупотреби, словенечкиот модел предвидува и враќање на исплатениот надоместок од страна на работодавачот или фондот.Токму дигитализацијата, подобрата размена на податоци и поефикасните контроли се дел од решенијата кои, според Клековски, ќе се разгледуваат и за македонскиот систем. -Ми беше интересно тоа што Словенците ги увиделе истите работи дека луѓе земале боледување за да работат на друго место, што го докажуваат преку приходи од друга работа Исто така, има случаи кога земаат боледување за да одат на одмор, кога не им го дава работодавачот. Затоа вовеле анонимни пријави, за да можат да се користат и фотографии од Инстаграм, на пример, како доказ дека некој не е болен, а се претставува како таков,- Сашо Клековски – министер за здравство. Анализите покажуваат и раст на бројот на боледувања. Според податоците од системот „Мој Термин“во 2025 година имало над 300 илјади кратки боледувања, што е за 33% повеќе во однос на периодот по ковид-пандемијата. Иако бројот на корисници на боледување се зголемил само за 6 проценти, просечниот број боледувања по осигуреник пораснал од 1,8 на 2,3, а најчести причини се респираторни инфекции на горните дишни патишта како воспаленија на дигестивниот тракт... Паралелно според Клековски, растат и средствата што се исплаќаат за долгите боледувања. Од Министерството велат дека токму овие податоци се дополнителен сигнал дека системот треба да се преиспита, а работните средби ќе продолжат и во наредниот период. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЕкономијаВладата подготвува нови мерки доколку цената на нафтата на светските берзи продолжи да растеВладата внимателно ја следи состојбата по ескалацијата на војната на Блискиот Исток која повторно ја приближи цената на нафтата од типот брент до 100 долари за барел. Денеска на светските берзи барел се тргува по цена од 98 долари. Премиерот Христијан Мицкоски вели кризната состојба е на сила до 20ти октомври, и доколку има потреба ќе интервенираат со нови мерки. Во моментов се анализира дали да се оди со таргетирани или генерални мерки како што беше случај до сега, а не е исклучена ниту можноста доколку цената на нафтата продолжи да расте повторно да има намалување на ДДВто кај горивата. „Тоа е можеби најмалку посакувана опција, сите денес зборуваат за расходите на буџетот никој не зборува за приходите, намалувањето на ДДВто директно ќе влијае врз приходите но нас ни е важен стандардот на граѓаните..Ние како Влада ќе интервенираме со дополнителни мерки и тие мерки дополнително ги анализираме. Дали тоа ќе бидат таргетирани мерки дали тоа ќе бидат генерални мерки како што беше и претходно но важно е дека имаме основ...“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Владата во понеделникот ја намали акцизата кај бенизните за 1 и кај дизелот за 2 денари по литар, по што за еден односно два денари помалку, со последната одлука на Регулаторна бенизните поскапеа за 3, а дизелот за 6 денари по литар. Од опозициската СДСМ и денеска обвинија дека владините мерки наместо да им помогнат на граѓаните – според партијата биле само нов удар врз нивниот џеб. „Резултатот е јасен: цените растат, платите не можат да го следат растот на трошоците, а семејните буџети секојдневно се празнат.“ – стои во партиското соопштение од СДСМ. Инаку во меѓувреме, освен кај горивата, се анализираат и цените на храната. Според последните податоци на статистика минатиот месец е забележан пад на инфлацијата. Во Двата последни извештаи на пазарен, пак, е констатирано дека во одреден период цените на рафтовите растеле побрзо од оние по кои се набавувале поради повисоки бруто профитни маржи..., во одреден период дури и кога набавните цени се намалиле крајните останале исти, но во последниве неколку месеци се стабилизирале. Посочија од економија, од каде велат дека инспекторите и натаму остануваат на терен, и доколку има основ ќе се интервенира со мерки и во делот на храната. Тагови: зголемување на цените Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЗР: Дури 50 милиони евра ненаплатени даноци на имот имаат општинитеДесетици милиони евра останале ненаплатени во општинските каси, а локалната самоуправа и по две децении од децентрализацијата не успева да ги искористи сопствените извори на приходи. Десетици милиони евра останале ненаплатени во општинските каси, а локалната самоуправа и по две децении од децентрализацијата не успева да ги искористи сопствените извори на приходи. Ова е главниот заклучок на Државниот завод за ревизија, кој констатира дека системот за администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци не е ефикасен. Ревизорите пресметале дека во периодот од 2020 до 2024 година општините акумулирале речиси 48 милиони евра ненаплатени побарувања, а дополнителни 3,8 милиони евра се отпишани бидејќи побарувањата застареле. Најголемиот проблем е данокот на имот. Дури 67 проценти од ненаплатениот данок е постар од пет години, што според ревизорите е показател дека општините не ги користат сите законски механизми за наплата. ДЗР констатира дека најслаби резултати во наплатата на данок на имот имаат Гостивар, Струга и Дебар, каде просечната наплата во петгодишниот период е под 60 проценти. Од друга страна општини како Штип, Кавадарци и Крива Паланка наплатиле над 100 проценти бидејќи покрај тековните обврски успеале да соберат и стари долгови. Во голем број општини воопшто не се применува присилна наплата. Според извештајот на ДЗР, 22 општини никогаш не покренуваат присилна наплата, уште 18 ја применуваат само кон правни лица, а 49 општини не пресметуваат ниту законска камата за задоцнето плаќање, со што дополнително се намалуваат локалните приходи. Дополнителен проблем е што проценката на вредноста на имотот се темели на застарена методологија која не ја следи реалната пазарна цена. Само 15 општини направиле ревизија на пазарната вредност на недвижностите, што значи дека во многу случаи данокот се пресметува врз потценета вредност. Ревизијата покажува дека слаб е и институционалниот надзор. Во Управата за јавни приходи само еден инспектор ја следи работата на сите општини во оваа област, а на локално ниво има само 16 даночни инспектори. Дополнително, ниту едните ниту другите немаат можност да изрекуваат санкции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33