Герасимовски: Отстранет небезбеден објект во Маџир Маало, хигиената и здравјето на граѓаните се приоритет
Во Македонија се гради по застарени стандарди со цел градбите да бидат посигурни потребна е да се воведат еврокодови
1Герасимовски: Отстранет небезбеден објект во Маџир Маало, хигиената и здравјето на граѓаните се приоритет
2Во Македонија се гради по застарени стандарди со цел градбите да бидат посигурни потребна е да се воведат еврокодови
3 Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој ден
Шоу бизОбјавен е првиот тизер за новата „Кери“, пристигнува оваа есен (ВИДЕО)Prime Video го објави првиот тизер за новата серија адаптација на романот на Стивен Кинг „Кери“, кој го режира Мајк Фланаган. Првите сцени беа прикажани на Comic-Con во Сан Диего, а исто така беше потврдено дека сите осум епизоди ќе пристигнат на Prime Video на 7 октомври, пишува Just Jared. Главната улога на Кери Вајт, тинејџерка со телекинетички способности, ја игра Самер Х. Хауел. Тизерот ја прикажува Кери како се обидува да го пронајде своето место меѓу своите врсници во средно училиште, а прикажан е и краток кадар од матурската забава, еден од најпознатите моменти од приказната за Кинг. Заплетот се одвива во денешно време Новата адаптација на дебитантскиот роман на Стивен Кинг од 1974 година го поставува заплетот во модерната ера, во која малтретирањето се шири и преку социјалните мрежи. По ненадејната смрт на нејзиниот татко, Кери, која дотогаш живеела во изолација со својата строга мајка Маргарет, започнува средно училиште. Таму станува жртва на вирален скандал и притисок од врсниците, а во исто време открива дека има телекинетички моќи. Амазон наведува дека серијата од осум епизоди ја проширува приказната од романот, ги продлабочува ликовите и следи низа навидум обични одлуки што водат до една разорна ноќ. Во исто време, го истражува конфликтот помеѓу љубезноста и суровоста и прашува дали гледачите се соочуваат со хероина, чудовиште или нешто многу посложено. Заедно со Самер Х. Хауел и Саманта Слојан, која ја игра мајката на Кери, Маргарет Вајт, во серијата глумат Сиена Агудонг, Алисон Торнтон, Џоел Оулет, Џози Тота, Артур Конти, Амбер Мидтандер и Метју Лилард. Мајк Фланаган го пишува сценариото, е продуцент и извршен продуцент и режирал четири од осумте епизоди, а Стивен Кинг е меѓу извршните продуценти.Тагови: тизер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ЗабаваОткриени фантастичните хонорари на боксерите Џошуа и Фјури за долгоочекуваната борба Долгоочекуваниот боксерски меч меѓу двајца британски тешкаши и поранешни светски шампиони, Ентони Џошуа (36) и Тајсон Фјури (38), ќе се одржи во Кардиф на 11 декември, и ќе се емитува на „Нетфликс“. „Со години се подготвувавме за ова. Една ноќ за врвниот дуел“, објави промоторот Турки Алалшик на платформата „Икс“ (X). Џошуа (36) и Фјури (38) се поранешни светски шампиони во тешка категорија, а нивниот судир е тема на јавна дебата речиси една деценија. Тие првично потпишаа договор за борбата во 2021 година, но мечот беше откажан откако Деонтеј Вајлдер, преку правна постапка, обезбеди трета борба против Фјури. На тој меч, Фјури по вторпат го победи Вајлдер и го задржа својот WBC појас. Само еден месец подоцна, Олександр Усик го победи Џошуа на поени и му ги одзеде обединетите титули, нанесувајќи му го вториот пораз во кариерата. Џошуа загуби од Усик и во реваншот во 2022 година. Во текот на 2024 година, украинскиот боксер исто така двапати го победи Фјури на поени. Иако во меѓувреме и двајцата ги загубија своите светски титули и статусот на непоразени борачи, интересот за нивниот дуел не опадна. Британските медиуми сега откриваат колку би можел да заработи секој од борците со влегувањето во рингот кон средината на декември. Се очекува боксерите да излезат во рингот околу 3:00 часот наутро за да се прилагодат на американската публика, согласно барањата на „Нетфликс“, кој ќе го пренесува овој спектакл во тешка категорија. За оваа борба, секој од нив ќе ја зголеми својата банкарска сметка за 75 милиони фунти (приближно 87 милиони евра).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Отстранет небезбеден објект во Маџир Маало, хигиената и здравјето на граѓаните се приоритетОпштина Центар отстрани руиниран и напуштен објект на улицата „Петричка“ во Маџир Маало, кој со години претставуваше сериозен ризик за безбедноста и здравјето на граѓаните.По извршената инспекциска проверка е утврдено дека станува збор за објект без сопственик, импровизирана градба која беше претворена во дива депонија, легло на глодари и други штетници. Објектот е отстранет, а теренот целосно расчистен од шутот и наталожениот отпад. „Секаде каде што имаме надлежност, ги расчистуваме вакви критични точки. Најчесто станува збор за објекти кои со децении имаат проблем со нерасчистени имотно-правни односи. Ваквите стари и распаднати градби со тек на времето стануваат депонии, места каде се собираат бездомници и животни. Но, секогаш кога законот ни дозволува, постапуваме веднаш и решително, бидејќи безбедноста на граѓаните, хигиената и чистата и здрава животна средина се врвен приоритет“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Од Општина Центар апелираат до граѓаните да ги пријавуваат ваквите локации, со цел надлежните служби навреме да реагираат и да ги отстранат потенцијалните ризици по безбедноста, здравјето и хигиената.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Македонија се гради по застарени стандарди со цел градбите да бидат посигурни потребна е да се воведат еврокодови Во Македонија се гради по застарени стандарди од 80 тите и 90 години. Со цел градбите да бидат посигуирни потребна е да се во ведат еврокодови. Ова утринава го посочија експерти од областа на градежништвото кои во стопанската комора дискутираа на тема „Од стандардизација до национална имплементација“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter