Обилниот дожд со денови предизвикува проблеми во многу делови на Хрватска - Канал 5

Обилниот дожд со денови предизвикува проблеми во многу делови на Хрватска

Постојаните врнежи од дожд во делови од Хрватска предизвикаа излевање на реката Зрмања преку заштитниот ѕид во областа на градот Обровац.

Обилниот дожд со денови предизвикува проблеми во многу делови на Хрватска

Во општина Грачац и реката Отуча се излеа од коритата. Пожарникари и припадници на планинарската спасувачка служба со чамци помагаа во евакуацијата на жителите. Спасувачките екипи соопштија дека водата навлегла во многу куќи, додека пак четири семејства се евакуирани. Раководителот на цивилната заштита на општина Грачац, Наталија Турбиќ, изјавил дека поплавата настанала поради излевање на реката Отуча, издигнување на подземните води и обилните врнежи од дожд, а голема површина од општината што е на пониско ниво е под вода.

Оперативни сили предводени од противпожарните бригади, штабот за цивилна заштита на Грачац и Обровац, претставници на цивилната заштита на Задарската жупанија како и локалните жители вложуваат максимални напори во одбраната од поплавите. Жителите велат дека водата навлегла во нивните домови, а вакви поплави не се видени до сега.

А што можеме да кажеме, не можеме ништо.. Ви дојде ли водата до куќата? – Да веќе ни надојде во претсобјето. Првиот кат е веќе поплавен, што да кажам повеќе, што можеме.

Ова е невидено, 20 години живеам тука, никогаш до сега не мми било вака. Дали браната попушти, што ли се случи, но страшно е... Само нека престане, да не врне повеќе , па Боже мој.

Состојбата во областа Грачац утрово полека се смирува, реката Отуча се врати во своето корито. Пожарникарите и членовите на црвениот крст сè уште работат на испумпување на водата и давање помош на населението, изјави шефот на штабот за цивилна заштита на округот задар, Шиме Вицковиќ. Тој додаде дека елементарна непогода ќе биде прогласена доколку штетата е на ниво на законски минимум и дека жупанијата е секогаш подготвена да даде поддршка. Хрватските медиуми пренесуваат дека градот Обровац од синоќа е без струја, додека состојбата во Бенковац е под надзор, а пожарникарите се уште ја испумпуваат водата во Лишани. Поради дождот и поплавените патишта во Задарската жупанија, некои патишта се затворени за секаков сообраќај.

Алармот е вклучен и за излевање на Сава во Загреб треба во среда на 17 мај, кога реката може да се излее и да го поплави подрачјето до насипот, но тоа нема да предизвика поголеми проблеми за граѓаните, велат од одделението за водостопанство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Фламинго револуција“: Албанците 100 дена протестираат против планот на зетот на Трамп (ВИДЕО)

Противниците на проект за луксузни недвижнини во заштитен природен резерват во Албанија вчера демонстрираа во главниот град Тирана по 100-ти ден по ред.

„Фламинго револуција“: Албанците 100 дена протестираат против планот на зетот на Трамп (ВИДЕО)

Протестот е насочен против плановите на американските инвеститори во делтата на реката Вјоса.

Демонстрантите држеа транспаренти со слогани како „Албанија не е на продажба“ и побараа оставка од премиерот Еди Рама, тврдејќи дека корупцијата стои зад неговата континуирана поддршка за проектот.

Проект поврзан со компанијата на зетот на Трамп

Проектот го води компанија поврзана со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Луксузни хотели, комплекси вили и рекреативни објекти се планирани за заливот Звернец и островот Сазан.

Проектот го води мрежа на компании поврзани со Affinity Partners, инвестицискиот фонд на Џаред Кушнер основан во 2021 година и со седиште во Мајами, чии средства под управување пораснаа за 60 проценти минатата година, на 4,8 милијарди долари. Развојот сега е јавно управуван од „Сазан риел естејт дивелопмент“, компанија првично регистрирана во Катар, а градежната дозвола ја поседува „Звернец Саут Адриатик дивелопмент“, контролирана преку структура од пет компании регистрирани во Амстердам.

На чело е Ашер Абешера, долгогодишен деловен партнер на Кушнер од Бруклин, а партнери се албанскиот претприемач Шефкет Кастрати и катарско-сириските браќа Мутаз и Рамез Ал-Кајат. „Афинити“ вели дека ова не е нивен проект и дека инвеститорите се вклучени „во нивен личен капацитет“.

Иванка Трамп јавно го промовираше проектот и го посети регионот Валона со архитекти; таа и Кушнер велат дека го откриле местото од јахта во 2021 година.

Еколошките групи предупредуваат дека развојот може да предизвика трајна штета на кревкиот екосистем на делтата Вјоса на јадранскиот брег на Албанија, вклучувајќи места за размножување и одмор на фламинга, чапји и други птици.

Делтата на Вјосе и лагуната Нарта покриваат повеќе од 250 квадратни километри и 18 видови живеалишта од мрежата Натура 2000, од ​​кои шест се приоритетни, а подрачјето ги исполнува критериумите на Рамсарската конвенција и повеќе од 2.300 видови зависат од него. Во март 2023 година, Вјоса беше прогласена за прв европски национален парк за диви реки, на 12.727 хектари и во категоријата II на IUCN.

Покрај фламингата и чапјите, загрозени се и далматинските пеликани, каретанските желки и медитеранските крзнени фоки, заедно со повеќе од 200 видови птици кои го користат подрачјето како место за одмор на миграциските патишта. Еколозите предупредуваат против фрлање чакал врз древните песочни дини, заштитени како природни споменици, и против пополнување на еден од двата отвори што ја поврзуваат лагуната Нарта со морето, со што се прекинува размената на вода. Орнитологот Џон Ворпси од здружението PPNEA рече дека за десет години тоа ќе биде „сиво место направено од бетон“.

„Фламинго револуција“

Албанските медиуми го нарекоа движењето „Фламинго револуција“.

Според локалните медиуми, дозволата за градба на одморалиштето сè уште не е издадена. Сепак, градежната механизација пристигна на предложената локација кон крајот на мај, предизвикувајќи бран протести кои продолжуваат и оттогаш.

Рама одбива да поднесе оставка

Рама одбива да поднесе оставка, нарекувајќи го проектот благослов за земјата, отфрлајќи ги критиките како идеолошки и нагласувајќи дека инвеститори и архитекти од Данска, Франција, Грција, Јапонија и Турција се исто така вклучени во проектот, и дека Кушнер не дејствува во име на американската администрација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници во Берлин се собраа на протест против АфД

Околу 5.000 луѓе се собраа вчера пред Бранденбуршката порта во Берлин за да протестираат против крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AfD), која претходниот ден убедливо победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт. 

Илјадници во Берлин се собраа на протест против АфД

Полицијата процени дека се собрале околу 5.000 луѓе и објави дека протестот поминал без инциденти.

Меѓу демонстрантите беа познатата германска активистка за климатски промени Луиза Нојбауер и главните кандидати на Зелените и Левицата на регионалните избори во Берлин, кои ќе се одржат на 20 септември, пишува dpa. Саксонија-Анхалт е федерална држава на истокот од Германија, со главен град Магдебург.

Демонстрантите носеа транспаренти со пораките „Фашизмот не е алтернатива“ и „Стоп на нацистите од AfD! Стоп на расизмот и социјалните намалувања“ и скандираа „Сите заедно против фашизмот!“. Стотици луѓе се собраа вечерва на протест во блискиот Потсдам, пренесува dpa.

AfD убедливо победи во Саксонија-Анхалт

Да ве потсетиме дека AфД завчера постигна историска победа во источногерманската покраина Саксонија-Анхалт. Партијата освои 43,8 проценти од гласовите и 39 од вкупно 83 места во покраинскиот парламент. За апсолутно мнозинство ѝ беа потребни 42 мандати.

ЦДУ заврши втора со 17,2 проценти од гласовите и 15 мандати, додека СПД, Зелените и Левицата освоија по осум места. Излезноста беше 77,8 проценти. Официјалните бројки објавени во моментов се привремени конечни резултати откако ќе бидат преброени сите 2.661 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Денес ја одбележуваме 35-годишнината од независноста на Македонија, историски датум кој ја претставува волјата на граѓаните да живеат во слободна, демократска и суверена држава.

ВЛЕН: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Овој ден им припаѓа на сите граѓани на земјата, без разлика на нивната етничка припадност, јазик, вера или политички убедувања. Тоа е ден кој нè потсетува дека државата се гради со заеднички придонес и дека нашата иднина е посилна кога се почитуваме едни со други и обезбедуваме еднаквост за сите.

Албанците се нераскинлив дел од историјата, државноста и развојот на оваа земја. Нивниот придонес во изградбата на институциите и зајакнувањето на нашето општество е нераскинлив дел од идентитетот на Македонија.

Во 35 години независност, земјата помина низ бројни предизвици и направи значајни чекори напред. Денес, наша одговорност е да изградиме функционална, демократска и економски развиена држава, во која еднаквоста, правдата и владеењето на правото се секојдневни вредности, а не само принципи на хартија.

За ВЛЕН, европскиот пат на Македонија нема алтернатива. Интеграцијата во Европската Унија значи повисоки стандарди, повеќе можности за граѓаните, посилни институции и посигурна иднина за младите генерации.

Да ја одбележиме оваа 35-годишнина со гордост за она што сме го постигнале, но и со одговорност за она што треба да го изградиме.

Среќна 35-годишнина од независноста на Македонија!,с е наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер