Обилни дождови и силни ветрови во Италија до петок, потоа студен бран - Канал 5

Обилни дождови и силни ветрови во Италија до петок, потоа студен бран

Обилни дождови и силни ветрови се очекуваат од денеска до петок во Италија, по што ќе следи студен бран, објави италијанската новинска агенција AНСА, повикувајќи се на националната метеоролошка служба.

Обилни дождови и силни ветрови во Италија до петок, потоа студен бран

Поради наглиот пад на температурите во текот на викендот, се очекуваат и снежни врнежи на многу места.

Калабрија и Сицилија ќе бидат изложени на најголем ризик во наредните часови, а таму се очекуваат силни ветрови и град, предупредуваат метеоролозите. Дожд ќе врне и на крајбрежјето на Тиренското Море, а обилни снежни врнежи ќе има во регионот Вале Д'Аоста.

Лошото време ќе продолжи утре, а се очекуваат и бури во Сардинија. Постои ризик од високи бранови и на бреговите на западна Сардинија, Сицилија и Калабрија. Времето ќе се смири в петок, непосредно пред студен бран да ја зафати земјата во текот на викендот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Системот Безбеден град дава мерливи ефекти, 40% помалку жртви во сообраќајот

Системот Безбеден град дава мерливи ефекти, 40% помалку жртви во сообраќајот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во безбедноста на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Системот Безбеден град дава мерливи ефекти, 40% помалку жртви во сообраќајот

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики насочени кон модернизација и дигитализација, со цел да обезбеди поефикасни институции и повисок степен на безбедност за граѓаните.

Системот „Безбеден град“, е еден од најзначајните проекти во таа насока, кој е усогласен со европските стандарди и претставува важен чекор кон подобрување на безбедноста во сообраќајот.

За имплементацијата на системот беа обезбедени сите потребни законски предуслови, а процесот се реализираше транспарентно. Пробниот период започна на 1 декември минатата година и веднаш ја покажа реалната состојба на патиштата.

Во првите 24 часа беа регистрирани околу 110.000 прекршоци, од кои најголемиот дел се однесуваа на пречекорување на дозволената брзина, како и 5.000 поминувања на црвено светло и околу 1.000 нерегистрирани возила.

Веќе по првиот ден беше забележан значителен пад на бројот на прекршоци, кој се намали за речиси 50 проценти. До официјалниот почеток на целосната примена на системот, на 1 февруари 2026 година, дневниот број на прекршоци се сведе на околу 500 до 600, што претставува намалување од повеќе од 99 проценти во споредба со почетокот на тестирањето.

Овие показатели потврдуваат дека системот има силен превентивен ефект и придонесува за поодговорно однесување во сообраќајот.

Основната цел на „Безбеден град“ е да се намали бројот на тешки сообраќајни несреќи и да се спасуваат човечки животи, во согласност со стратешката определба до 2030 година значително да се намалат смртните случаи и тешките повреди на патиштата.

По воведувањето во Скопје, Тетово, Куманово, на коридорите 8 и 10 и во Велес, системот продолжува да се проширува. Во изминатиот период беа поставени камери кај Ново Село во општина Дебарца, а започна и постепената имплементација во Охрид.

Најзначајно е што денес може да се зборува за конкретни и мерливи резултати. Во првите пет месеци од примената на системот, бројот на загинати во сообраќајни несреќи е намален за 40 проценти, од 55 жртви во истиот период минатата година на 33 оваа година.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на спроведување политики што обезбедуваат поголема сигурност за граѓаните. Проширувањето на системот ќе продолжи, затоа што безбедноста на граѓаните останува еден од највисоките приоритети.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лазар Еленовски на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Лазар Еленовски.

Лазар Еленовски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Реконструкцијата на Влада е само замена на Курто со Мурто

Најавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе. 

СДСМ: Реконструкцијата на Влада е само замена на Курто со Мурто

Замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт.

По две години владеење, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски резултати, ниту повисок животен стандард, ниту правда, ништо. Ниту едно изборно ветување не е исполнето.

Економијата е во сериозна криза, буџетскиот дефицит е речиси целосно потрошен за само шест месеци, нема пари ниту за пензии, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а премиерот како решение за иселувањето на младите најавува увоз на „економски работници“.

Во тендер-коалицијата ништо суштински не се менува. Театарот е ист, глумците се исти.

Старите политики остануваат, старите практики продолжуваат, а новите имиња се само нова амбалажа за истото неуспешно владеење, на истото старо, корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните.

Симни се Курто да се качи Мурто, а газадата останува ист.

Македонија не оди напред. Со оваа власт Македонија забрзано се движи кон пропаст.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер