Обилен дожд и силни грмотевици во утринските часови во Атина - Канал 5

Обилен дожд и силни грмотевици во утринските часови во Атина

Обилен дожд и силни грмотевици во утринските часови во Атина, на четири грчки острови предупредување за ново невреме.

Обилен дожд и силни грмотевици во утринските часови во Атина

Во текот на ноќта и во раните утрински часови Атина беше зафатена од силни грмотевици и обилен дожд што создаде проблеми во некои населби, додека пак на четири острови во источниот дел на Егејското море преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака со предупредување до жителите да ги ограничат нивните движења, јави дописничката на МИА од Атина.

Според порталот „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина до 9 часот утрово во атински населби било регистрирано големо количество дожд од 56 до 70 милиметри.

На некои од булеварите во грчката метропола имаше проблеми во сообраќајот.

Сите оние што се на островите Родос, Самос, Хиос и Псара претпладнево добија порака од бројот 112 со предупредување за силен дожд и грмотевици во следните 24 часа, но и апел да ги ограничат нивните движења и да ги следат упатствата од надлежните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градот

Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера.

Видео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градот

Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера, пред да почне поројниот дожд,небото се затемнило, ветерот корнел дрвја и кревал покриви, а возачите се соочиле со тешкотии поради намалената видливост предизвикана од облаците прашина.

Поради силниот ветер и неповолните временски услови, некои авиони што се обидувале да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ биле принудени да кружат во воздухот, објави порталот „Сон Саика“.

Деца што си играле на улицата и еден минувач за малку ќе настрадале откако силниот ветер откорнал дел од покрив во истанбулската општина Есенлер; инцидентот бил снимен од безбедносна камера, пренесува „ТРТ Хаберлер“.

Силниот јужен ветер подигна високи бранови во близина на Ускудар, што им го отежна движењето на граѓаните долж крајбрежјето.

Ветарот откорна дел од шатор поставен на плажата, кој падна врз едно лице. Во центарот на Истанбул, во областа Фатих (населба Лалели), дрво падна на патот и предизвика краткотраен застој во сообраќајот.

Во населбите Зејтинбурн и Бејоглу ветрот откорна покриви од згради, а дрво што падна на улица во Бахчелиевлер удри во паркиран автомобил.

Бурен ветер проследен со слаб дожд на одредени места уследи по топлотниот бран, за време на кој температурата во Истанбул надмина 35 степени.

Метеорологот Адил Тек изјави за „Сабах“ дека од правец на Бугарија и Романија кон Турција се движи нов систем што носи дожд; тој во текот на вечерта најпрвин ги зафати Едрене и Киркларели, а потоа дождот ќе ја зафати цела Тракија, особено европскиот дел и северните делови на Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата

По Гостивар забренета за пиење и водата во Валандово. 

ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните -  зголемено е нивото на арсен во водата

Од јавниот комунален сервис соопштуват дека лабораториските анализи покажале зголемено присуство на арсен и упатија итно предупредување до жителите на овој град да не ја пијат водат, туку да ја корситат само за технички потреби.

Според градоначалникот на општината Ѓоко Камчев можно е да настанала печатна грешка при објавувањето на резултатите. – тврди дека се прават нови анализи

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лионел Меси најавил повлекување?

Аргентински новинар близок до фудбалерот предизвика хаос со својата изјава! Тој повторно се огласи.

Лионел Меси најавил повлекување?

Многу светски медиуми ја пренесоа ексклузивната изјава на Кастиљо дека Меси, по финалето, во соблекувалната им кажал на соиграчите оти тоа бил неговиот последен натпревар за Аргентина.

Фудбалскиот свет сè уште ја очекува одлуката на Лионел Меси, кој размислува дали да продолжи да игра за Аргентина.

Меси го напушти финалето на Светското првенство во солзи, што многумина го протолкуваа не само како пораз, туку и како збогување.

Во таква ситуација, информацијата на познатиот аргентински новинар Ернан Кастиљо, кој е многу близок до самиот Меси, одекна како гром од ведро небо.

Многу светски медиуми ги пренесоа зборовите на Кастиљо, кои беа ексклузивни, дека Меси им рекол на своите соиграчи во соблекувалната по финалето дека тоа е неговиот последен натпревар за Аргентина. Меси одржа емотивен говор во кој објави дека се збогува со националниот дрес.

Веста се прошири со брзината на светлината на социјалните мрежи, а токму кога сите веќе го сумираа учинокот на Меси во националниот тим, повторно се огласи Ернан Кастиљо.

Кастиљо изјави дека Меси им рекол на соиграчите во соблекувалната: „Ова може да биде мојот последен натпревар“, ублажувајќи ја првичната категорична изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер