Тргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни
1Тргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни
3Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)
ЖивотОбид за убиство откриен поради еден погрешно напишан збор!На Божиќ 2013 Жаклин Патрик од Лондон ставила антифриз во пијалокот на нејзиниот сопруг во надеж дека тоа ќе го убие. За да не остави шанса да биде спасен, таа напишала порака до медицинските лица во име на Патрик - не се обидувајте да ме оживеете, оставете да починам достоинствено. Грешката при пишувањето на зборот достоинствено ја навела полицијата да се посомнева во неа, бидејќи кога ја прашале како се спелува тој збор, ја направила истата грешка! Dignaty наместо dignity - ова го разоткрило заговорот на 54 годишната Жаклин која признала дека на Божиќ 2013 се обидела да го убие својот 72 годишен сопруг Даглас Патрик ставајќи антифриз во неговиот пијалак. Кога полицајците ја замолиле да го спелува зборот, таа ја направила истата грешка - и сомнежите ги свртела кон себе. Осомничена за помагање во обидот за убиство е нејзината 21 годишна ќерка, која се погрижила да ја обезбеди отровната супстанца. Таа вечер, на 25 декември 2013, на Даглас Патрик му се слошило и бил пренесен во болница. Лекарите ја известиле неговата сопруга дека бил отруен со антифриз, а таа рекла дека можеби по грешка ја испил отровната супстанца. Бил поставен во индуцирана кома, а кога по 2 недели се освестил изјавил дека не направил обид за самоубиство и не би се напил отров по своја волја. Во меѓувреме, трагите воделе кон неговата сопруга а полицијата веќе цврсто се посомневала во неа кога забележале дека таа ја прави истата грешка во пишувањето на зборот „dignity“ - како што е погрешно напишан во писмото од Даглас Патрик. Тогаш Жаклин признала се. Нејзината одбрана тврди дека постапката на Жаклин е начин на кој таа се обидела да се извлече од 26 годишната тортура во бракот со човек кој не и давал да излезе од дома, да оди на работа, да има пријатели. Но обвинителството тврди дека се работи за осмислен обид за убиство, долго време планиран, што го потврдува и пораката која е напишана во име на жртвата за да не се остави простор за негово преживување. Пресудата ќе биде соопштена во ноември. / извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМајка му на Роналдо разочарана: Мило ми е што Португалија изгуби, не го ценеа Португалската фудбалска репрезентација претрпе убедлив пораз од Данска во Лигата на нации, губејќи со 4-1, а ова беше и првиот натпревар откако Кристијано Роналдо официјално ја заврши својата меѓународна кариера.Мајката на славниот Португалец, Долорес Авеиро, не го прифати овој пораз лесно, туку беше среќна, бидејќи како што вели, нејзиниот син не бил почитуван. - Роналдо е тажен, сакам да беше поинаку. Тој е тажен затоа што бил измамен. И јас сум тажна. Сега загубија во Брага. Тоа беше пораз и е добро за нив, ми е мило што Португалија загуби. Тие не го почитуваа Кристијано - рече Авеиро, како што објави „А Бола“. Како што вели таа, никој не го почитуваше нејзиниот син. - Не, никој од нив. Тоа е она што го чувствувам, тој не беше почитуван. Дури ни од неговите соиграчи. Таа не беше задоволна ниту од збогувањето што Португалската федерација му го даде на Роналдо, кога, имено, сите играчи излегоа во дресови со број седум. - Не ми се допадна оддавањето почит во Брага, бидејќи оддавањето почит мора да се направи со него, а не без него. Вистинското оддавање почит ќе му го оддаде Спортинг. Таму го ценат. Да потсетиме дека Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата во септември, на средина од преодниот рок за Лигата на нации, а официјално објави на 5 ноември дека ја завршува својата меѓународна кариера, која траеше 23 години.Тагови: Кристијано Роналдо Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНа 46 години почина поранешниот македонски репрезентативец, Владимир СекуловскиТажна вест го потресе македонскиот фудбал, бидејќи поранешниот репрезентативец Владимир Секуловски почина на 46-годишна возраст.Секуловски играше за неколку познати македонски клубови во текот на својата богата кариера, меѓу кои се „Вардар“, „Тетекс“, „Слога Југомагнат“ и „Работнички“. Роден е во 1980 година и остави значаен белег во локалниот фудбал. Во текот на својата кариера освои шампионски титули и трофеи во Купот на Македонија, а особено се памети времето поминато во Тетекс од Тетово. Неговата смрт претставува уште еден тежок удар за македонскиот фудбал, но и за градот Тетово, кој беше потресен од веста за смртта на Агрон Мемеди само два дена претходно. На овој начин, македонскиот фудбал загуби уште еден поранешен репрезентативец кој ја обележа домашната сцена со своите настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКазнет е монструмот кој со нож избоде три деца пред училиште- нападот предизвика протести во Даблин Алжирец кој се обиде да убие три деца пред училиште во Даблин во ноември 2023 година во напад со нож, во кој сериозно беше повредена и наставничка која ги придружуваше, е осуден на доживотен затвор, објави суд во ирскиот главен град.Бушакер беше прогласен за виновен и за напад на две мали деца и еден тинејџер, како и за поседување кујнски нож од 36 сантиметри. Ријад Бушакер (52) го изврши нападот на 23 ноември 2023 година на плоштадот Парнел Ист во Даблин, кога избоде две девојчиња и едно момче додека чекаа пред училиштето, а нападот, забележува Скај њуз, предизвика немири во ирскиот главен град. Бушакер ги негираше обвиненијата, но претходно оваа година, по судењето во Централниот кривичен суд во Даблин, беше прогласен за виновен за обид за убиство на три деца, како и за нанесување тешки телесни повреди на наставничката Лијана Флин. Таа претходно ги зела децата од училиште и ги однела во градинка кога се обидела да го запре напаѓачот. Потоа напаѓачот ја избодел, а други минувачи ѝ притрчале на помош и успеале да го совладаат. Флин била однесена во блиската болница по нападот, каде што била ставена во индуцирана кома и била подложена на итна операција. На судењето се слушна дека лекарите морале да ѝ ја отстранат слезината и дел од желудникот, како и дека претрпела повреда на белите дробови. Поротата слушнала за време на судењето дека едно од девојчињата претрпела тешко оштетување на мозокот од недостаток на кислород откако срцето престанало да чука, но лекарите успеале да ја реанимираат. Девојчето, кое имало пет години во времето на нападот, сега има доживотна состојба што сериозно ги ограничува нејзините способности за живот и бара 24-часовна нега. Преку преведувач, Бусакаир рекол дека добил „негативна одлука“ од социјалните служби и дека чувствувал дека „оваа земја му кажува да си оди“. Тој тврдел дека е болен, не е при здрав разум и не сакал да ги убие или повреди децата. На судот му беше кажано и дека Бусакаир имал операција на мозок во 2021 година и дека претрпел дополнителни повреди на главата за време на интервенцијата на граѓаните кои го совладале, поради што останал во болница околу еден месец. A 52-year-old man has been sentenced to life in prison for the the attempted murder of three children in Dublin's Parnell Square in November 2023. https://t.co/exNk3mclsZ — BBC News NI (@BBCNewsNI) November 16, 2026 Немирите во Даблин избувнаа на 23 ноември 2023 година, по нападот со нож врз три деца и нивниот наставник пред училиште на плоштадот Парнел, кога групи демонстранти, вклучувајќи екстремно десничарски и антиимиграциски групи, се собраа во текот на попладнето и вечерта откако дознаа дека осомничениот за нападот е од алжирско потекло. Демонстрациите станаа насилни во текот на вечерта, при што учесниците нападнаа полиција, палеа полициски возила, автобуси и трамваи, кршеа излози и ограбуваа продавници. Немирите предизвикаа штета од речиси 20 милиони евра, а десетици луѓе беа уапсени. Ирските власти и полицијата проценија дека насилството е поттикнато од екстремистички поединци и групи кои ја искористија трагедијата за ширење антиимиграциска пропаганда.Тагови: Даблин нож Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook