Обид за атентат врз турскиот шеф на дипломатијата: Сакаа да ме отрујат со арсен и жива - Канал 5

Обид за атентат врз турскиот шеф на дипломатијата: Сакаа да ме отрујат со арсен и жива

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека пред околу четири до пет години бил цел на обид за атентат со труење со тешки метали.

Обид за атентат врз турскиот шеф на дипломатијата: Сакаа да ме отрујат со арсен и жива

Во интервју за телевизијата 24, Фидан рече дека бил изложен на високи нивоа на арсен и жива.

„Тестовите покажаа присуство на овие метали“, рече тој, истакнувајќи дека бил „отруен“ и дека тоа претставува „обид за атентат“.

Фидан, кој претходно ја предводеше Националната разузнавачка агенција (МИТ) на Турција, рече дека бил цел на терористички групи од денот кога ја презел функцијата.

Тој, исто така, ја критикуваше главната опозициска партија во земјата, обвинувајќи ја за користење информации наводно произведени од терористички групи и криминални мрежи во политичкиот дискурс.

„Ова е опасен пат. Покрај атентатот врз нашата улога, бевме и физички цел. Бев отруен“, рече тој, без да даде детали за тоа каде и кога се случил инцидентот, објави ТРТ Глобал.

Фидан претходно имаше клучни функции во турската влада за надворешна политика и безбедност.

Тој исто така беше заменик-потсекретар, а подоцна и потсекретар и директор на Националната разузнавачка организација (МИТ), позиција што ја држеше 13 години сè до неговото назначување за државен секретар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на Украина

Со оддавање почит кон загинатите и едноминутен молк, во Собранието се одржа сесија на интерпартиската парламентарна група за поддршка на кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина..

Со едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на Украина

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жителите на гостиварско Дебреше половина година без вода – најавуваат блокади на патишта

Речиси половина година полна со ветувања, но и натаму со празни чешми, жителите на гостиварското село Дебреше продолжуваат летните горештини да ги минуваат без капка вода во домовите. 

Жителите на гостиварско Дебреше половина година без вода – најавуваат блокади на патишта

Конечно решеавање на овој децениски проблем им беше ветено најдоцна до 15ти јули, но велат состојбата не е мрдната од “мртва точка“ - и натаму надлежните само декларативно се залагаат, а во последниот период ги избегнуваат и нивните повици. Револтот велат кај жителите секојдневно расте, велат тие, па по неколкуте протести, од кои еден помина потензично, најавуваат блокада на главниот пат Гостивар – Охрид.

-На новиот директор му се јавив, ми кажуваше „треба ова, треба она, запознаен сум“ – Му реков, во ред, убаво што сте запознаени, но дали имате нешто преземено. Тој вели треба рестрикција, јас му реков дај преземете, ништо од тоа. Повторно го барам прво ѕвонење – ѕвони и телефонот исклучува. Ако ништо не се преземе, ќе мора цело село да се организираме и да се блокираат патишта за да добиеме вода, ова веќе 5 месеци, капка, значи воопшто, капка не е падната од чешмите. Планираме да блокираме после патарина Гостивар и Здуњнска крстосница, тој пат да биде онеспособен тотално, целосно. Тоа е главниот пат кон Охрид. Да, да. - Гаврил Исајлоски – Жител на С. Дебреше.

Во Гостивар за време на епидемијата се носеа полни цистерни со вода, а во Дебреше не е однесена ниту капка, половина година, вели Исајлоски, кој секојдневно со возилото оди во соседните села да наполни вода за семејството. Се жали, едноставно веќе е и физички исцрпен.

-Секој ден одиме, колата ја искршив, по 200л вода ставам во кола, тоа е секој ден, треба да се полнат тие туби, да ги растовариш, да ги натовариш во автомобил, кога ќе дојдеш до село да ги истовариш. Тоа е секој ден значи и раце и коли и нозе, ова е невидено, пет месеци, пет, можеби и повеќе, капка вода од цевките нема потечено, многу се изреволтирани сите. Во Македонија има и села и населби, ние сме Македонија целосно, не се само градовите. - Гаврил Исајлоски – Жител на С. Дебреше.

Дека во првите две недели од јули проблемот ќе биде трајно решен, градоначалникот на Гостивар Лимани тогаш уверуваше и во изјава за Канал 5.

На минатиот протест, жителите на Дебреше пред општината симболично донесоа кофи да им бидат наополнети, а дојде и до турканица при што беше искршено стакло од зградата на општината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Досега потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани

Додека помладите со западно нилска треска се испишуваат од болница, нови седумина сомнителни за западно нилска треска се хоспитализирани на Инфективна, а тројца се најкритични и се борат за живот.

Досега потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани

Додека помладите со западно нилска треска се испишуваат од болница, нови седумина сомнителни за западно нилска треска се хоспитализирани на Инфективна, а тројца се најкритични и се борат за живот, потврдуваат здравствените власти. Најмладите 24 годишно момче и 25 годишна девојка веќе се пуштени дома, вели Министерот за здравство Сашо Клековски, но поради тоа што бил засегнат мозокот за дел од испишаните пациенти пак ќе треба мецинска помош односно рехабилитација. За тоа дали најлошото помина или допрва доаѓа, Клековски вели дека има добри знаци на стагнација на епидемиолошката крива, што може да значи дека мерките како што е прскањето од земја даваат резултати.ишно момче и 25 годишна девојка се пуштени дома. Сепак, тоа поради што бил засегнат енергијата за нив и за делот од спе

Во меѓувреме, Општина Кисела вода донесе одлука да исклучи три фонтани, од кои две во населбата и село Драчево, а и неколку јавни чешми, бидејќи поради високите температури и задржувањето на стоечка вода, овие места се оценети како потенцијални жаришта за размножување на комарците.

Од Општина Аеродром велат дека во координација со здравствените власти ја следат состојбата, но засега не се планира исклучување на фонтани или јавни чешми за вода. Од Ѓорче пак, велат дека освен на една локација каде што има проблем со дефект на хирант на кој се работи немаат застоени води. Во главно, речиси сите општини што ги контактиравме кажаа дека ако е неопходно, иако е непопуларна мерка, ќе се спроведе.

Здравствените власти за наредните денови најавија дека објават интерактивна мапа, за сите во реално време да знаат каде и какви мерки се преземаат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер