Обична лименка Кока- Кола се продава за над 300.000 долари на eBay - Канал 5

Обична лименка Кока- Кола се продава за над 300.000 долари на eBay

Лименка Кока-Кола моментално се продава на eBay за 325.000 долари (298.493 евра).

Обична лименка Кока- Кола се продава за над 300.000 долари на eBay

И не, не е обложена со дијаманти или направена од злато. Па, зошто оваа лименка кока-кола вреди толку многу?

Па, нејзината вредност веројатно најдобро ја препознаваат колекционерите на лименки. Оваа конкретна лименка е опишана како оригинална со фабричка грешка која е затворена празна, неотворена и недопрена. Екстремната реткост на фабричката грешка придонесува за високата цена, бидејќи во описот се наведува дека се знае дека постојат само неколку такви лименки во светот, пишува Mashed.

Но, тоа не е единствената лименка газиран пијалок што била рекламирана на Интернет за неверојатни цени. Неотворените лименки Пепси создадени за турнејата на Мајкл Џексон во 1993 година станаа колекционерски предмет. Тие достигнаа цена од 2.500 долари.

TheRichest, кој го опфаќа богатството и луксузниот начин на живот на луѓето кои можат да си дозволат да фрлат илјадници или стотици илјади на колекционерски лименки со газиран пијалок, споменува три ретки винтиџ лименки Пепси од 1950-тите кои се продавале за 6.000 долари.

Покрај тоа, на eBay се понудени и други неотворени лименки со фабрички грешки во совршена состојба, вклучително и една со логото на Светското првенство во Бразил 2014 година, за 281.000 долари.

Напишани се дури и написи во кои се повикува јавноста да биде претпазлива за лименките со производствени дефекти, советувајќи ги да ги чуваат празните конзерви Кока-Кола кои се под притисок, но имаат малку или немаат течност како нешто што потенцијално може да им донесе голема сума.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Постигнат договор меѓу МОН и УКИМ, нема исклучување на струјата

Постигнат договор меѓу Минстерството за оразование и ЕВН за надминување на проблемот со долгот за електрична енергија – исклучување на струјата нема да има, а неплатените обврски МОН ќе ги подмири во наредните денови. 

Постигнат договор меѓу МОН и УКИМ, нема исклучување на струјата

Ова го потврдија од ЕВН за Канал 5 од каде посочија дека не можат да споделат колкав точно е долгот кој УКИМ и четирите факултети кон ЕВН. Пред два дена Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот на УКИМ остнаа во неколкучасовн мрак откако им беше исклучена електричната енергија. Како настанал долгот не откриваа ниту реторката на УКИМ која во телефонски разговор само ја потврди информацијата дека проблемот со електричната енергија е надминат и дека не очекуваат повторно да дојде до исклучување.

- Согласно договореното, МОН ќе го подмири заостанатиот долг во текот на наредните денови, со што се создадени услови најавеното исклучување на електричната енергија да не се реализира. Во однос на прашањето за конкретниот долг на УКИМ ве информираме дека станува збор за информации кои произлегуваат од деловниот однос меѓу компанијата и нејзините корисници и од тие причини не би можеле да споделуваме поединечни информации за финансиските обврски на конкретни корисници, посочија од ЕВН.

Но, факултетите не се единсвените должници со неплатени сметки, покажуват поодатоците на Министерството за финансии за третиот квартал од оваа година. Вкупните долгови на државните институции и јавни претпријатија се околу 700 милиони ерва, од кои околу 125 милиони евра се достепани, а не платени долгови за комунлани услуги, греење, комуникација и транспорт.

Долгата должничка листа со години ја предводат Македонски железнци и Транспорт, со долгови од по над 80 милиони евра. Трети се Електрани на Македонија со долг од 40 милиони евра, а јавните здравствени установи вкупно должат над 157 милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна амaндманската расправа за Предлог буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Со поднесени 400 амандмани почна амандманската расправа на предлог-буџетот за 2027 година. Најголем дел од нив 226 се од СДСМ, 87 од ДУИ, Левица поднесе 83, Алијанса за Албанците три и пратеничката Весна Бендевска еден амандман.

Почна амaндманската расправа за Предлог буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски изјави дека поголемиот дел од нивните забелешки се однесуваат на општински проекти, за подобрување на инфраструктурата, градинки, старечки домови, а меѓу клучните приоритети кои бараат да се вметнат во буџетот за следната година е минимална плата од 600 евра, повисоки плати за јавниот сектор, како и подобри услови во образованието, здравството и за жртвите од насилство.. Според него со владиниот план за буџетот ќе има нови задолжувања, а ќе се крати од реалните потреби на граѓаните.

Токму амандманот за зголемување на минималната плата во јавниот сектор беше меѓу првите на амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет, на која присуствуваше заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски. Тој рече дека Владата максимално се залагала за зголемување на платите, но барањето на СДСМ беше одбиено.

-Со буџетот за 2027 обезбедуваме дополнителни плус 3,4 милијарди денари, за плати во јавниот сектор, што претставува зголемување од околу 6,3 проценти во однос на оваа година. Од овие причини амандманот не се прифаќа. Николче Јанкуловски - заменик-министер за финансии.

Амандманската расправа за буџетот трае вкупно шест дена. Со предлог-буџетот за следната година се планирани вкупни приходи од 395,4 милијарди денари, што е за 5,7 проценти повеќе од 2026 година.

Расходите се проектирани на 440,4 милијарди денари, односно зголемување од 4,8 проценти. Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, или 3,5 проценти од бруто-домашниот производ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре протест во Крива Паланка, проблемот со добитокот ќе се решава со акциски план, но активностите се уште не се допрецизирани

Првично најавената, па подоцна одложена прес-конференција на Министерството за земјоделство, на која денеска требаше да бидат соопштени мерките за решавање на долгогодишниот проблем со кравите во Крива Паланка.

Утре протест во Крива Паланка, проблемот со добитокот ќе се решава со акциски план, но активностите се уште не се допрецизирани

Првично најавената, па подоцна одложена прес-конференција на Министерството за земјоделство, на која денеска требаше да бидат соопштени мерките за решавање на долгогодишниот проблем со кравите во Крива Паланка, повторно ја отвори дилемата кога конечно ќе се стави крај на проблемот со добитокот што со години ги мачи кривопаланчани.

Иако пред новинарите требаше да се обратат министерот Борче Серафимовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Јовица Андовски, и градоначалникот Сашко Митовски, прес-конференцијата не се одржа.

Од Министерството за Канал 5 објаснуваат дека причината за одложувањето е потребата од дополнителна меѓуинституционална координација и допрецизирање на акцискиот план.

„Денешната прес-конференција е одложена бидејќи во текот на меѓуинституционалната комуникација и координација се отворија нови прашања околу организацијата на веќе утврдените активности. Поради тоа, се појави потреба од допрецизирање на одредени делови од Акцискиот план пред неговото понатамошно институционално процесирање. Подготовката е во завршна фаза, во моментов се допрецизираат обврските на секоја институција и редоследот по кој ќе се исполнуваат обврските. Штом биде усвоен од страна на Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја соопшти временската рамка за граѓаните да бидат информирани кога ќе започнат активностите.“ – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од друга страна, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во денешното гостување во утринската програма на Канал 5 изрази жалење поради одложувањето на прес-конференцијата.

Како што досега на многу пати говореше Митовски, АХВ треба да биде носител на оперативната акција за заловување на добитокот, по што животните ќе преминат во надлежност на Агенцијата за управување со одземен имот. Во акцијата треба да биде вклучено и МВР, додека Општината и јавните претпријатија ќе обезбедат логистичка поддршка.

„Верував дека еве денеска можеме да имаме првично решение. Иако сметам дека ова кое е ставено на хартија е почеток на решавање на проблемот. Допрва ќе следи теренската активност и решение на проблемот. Имаме донесено решенија за одземање на добитокот. Единствено агенциите државни АХВ и сл. коишто се надлежни во дадената состојба треба да постапат по самите решенија.“ изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка .

Во меѓувреме, Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека досега се заловени 96 говеда од како што општината тврди дека се 1.000.Како главни пречки ги посочува непристапниот терен и опструкциите од поранешните сопственици

Додека Владата во вторник, 24 ноември, треба да го разгледува акцискиот план, револтираните жители на Крива Паланка за утре, во 11 часот, најавуваат протест под мотото „Стоп на кравите“, со блокада на магистралниот пат, барајќи конечно и трајно решение за долгогодишниот проблем со добитокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер