Обама во разговор со Путин – нема да го признаеме “референдумот” на Крим

По референдумот на Крим, американскиот претседател Барак Обама вчера телефонски разговараше со рускиот претседател Барак Обама, обвинувајќи го дека референдмот бил спроведен под притисок на руската армија и нема никогаш да биде признат од страна на САД или на меѓународната заедница.

- Претседателот подвлече дека руските постапки претставуваат кршење на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, и дека, во координација со нашите европски партнери, сме подготвени да ја натераме Русија да плати дополнителна цена за своите постапки. Претседателот Обама истакна дека има јасен пат да се разреши кризат ана дипломатски начин, при што ќе се земат предвид интересите и на Русија и на украинскиот народ. Претседателот забележа дека украинската Влада продолжува а презема конкретни чекори кои ќе дозволат де-ескалирање на кризата, додека се подготвува за избори напролет и спроведува уставни реформи, и побара од Русија да го поддржи итното распоредување на меѓународни набљудувачи кои ќе помогнат да се спречат насилни дејства о било која група, пишува во соопштението на Белата куќа, во кое зборот референдум е ставен во наводници.

Досегашните телефонски разговори меѓу Обама и Путин, по почетокот на украинската криза, не придонесоа за повлекување на руските сили од Крим.

Претседателот Обама, во разговорот, ги преупредил Путин дека треба да запрат обидите на руската војска за навлегување на украинска територија и големите воени вежби блиску до границата со Украина.

Обама воедно рекол дека државниот секретар на САД Џон Кери е подготвен да работи со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да најдат дипломатско решение на кризата./МИА


Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер