Обама го отвори концертот посветен на Принс

Четири часовниот концерт во чест на Принс кој синоќа се одржа во Минесота, почна со порака од претседателот Обама: Ти благодарам Принс за големите дела што ги направи, ќе бидеш во нашите срца засекогаш!

Обама е голем фан на Принс и во една прилика го повикал на тајна забава во Белата куќа - пишува nypost.com.

Видео пораката на Обама на почетокот на концертот беше ненајавена.

20 000 луѓе отидоа на концертот во чест на Принц кој траеше 4 часа - Чака Кан, Стиви Вондер, Џеси Џеј ги отпеаја неговите хитови. Во последен момент бил откажан настапот на Кристина Агилера и Џон Мајер.




извор: nypost.com

Карго авион принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден

Товарен Боинг 763 денеска принудно слета на аеродромот во Истанбул, по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.

Екипажот е безбедно евакуиран, јави државната телевизија ТРТ, пренесува ДПА.

Авионот, во сопственост на американската компанија за испорака Федекс, бил на пат од Париз. Неговата опрема за слетување на носот претрпела дефект додека се приближувал кон Истанбул.

Контролната кула била информирана и биле преземени неопходните мерки на претпазливост пред авионот да слета во 08:17 часот по локално време, соопшти ТРТ, повикувајќи се на Министерството за транспорт.

ТРТ објави снимка на која се гледа како авионот слетува на нос на пистата.

Видео: Памела повторно нашминкана

По низата јавни појавувања без шминка, холивудската убавица Памела Андерсон се откажа од природниот изглед за нејзиното прво појавување на Мет Гала.

Секс бомбата од „Чувари на плажа“ се појави на црвениот тепих во фустан на Оскар де ла Рента без рамо и лесна шминка од шминкерот Пет Мекграт.

Во интервју за британскиот „Vogue“, Андерсон рече дека сака шминка која е „свежа, мека и етерична“ за да покаже елеганција.

Во текот на изминатата година, Андерсон стана заштитно лице на движењето за природен изглед по бројните јавни појавувања без шминка.

Израел почнува нови напади врз Газа во време додека траат преговорите за примирје

Израел денеска нападна цели во Појасот Газа, откако вчера ја презеде контролата врз главниот граничен премин кон Египет, земја во која преговарачите се обидуваат да ја искористат својата последна шанса да придонесат за договор за прекин на огнот.&nb

По неколку недели објавување на почетокот на копнената офанзива на пограничниот град Рафах, и покрај меѓународното противење, израелските тенкови вчера влегоа и презедоа клучен премин за испорака на помош на опколената палестинска територија.

Белата куќа го осуди нарушувањето на хуманитарните испораки.

Влегувањето во јужниот град Газа преполн со раселени цивили доаѓа додека посредниците во Каиро се обидуваат да постигнат договор за ослободување на заложниците и примирје во седуммесечната војна меѓу Израел и екстремистичкиот Хамас.

Анонимен функционер на Хамас предупреди дека тоа е „последната шанса“ на Израел да ги ослободи десетиците заложници што сè уште се држат во Газа.

Египетскиот „Ал-Кахра њуз“ објави дека сите страни, вклучително и Израел, се согласиле да ги обноват преговорите, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека израелската делегација е веќе во Каиро.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, оцени дека тоа не е безначајно.

И покрај разговорите во египетскиот главен град, очевидци и локална болница известија за израелски напади низ Појасот Газа минатата ноќ и утринава, вклучително и околината на Рафа.

притисни ентер