МакедонијаО. Карпош: Младите Марин и Ена Ивановски со значајни скијачки успесиМладите скијачи од Карпош, Марин и Ена Ивановски, зад себе имаат успешна сезона исполнета со значајни резултати на домашни и меѓународни натпревари. Марин Ивановски, ученик во осмо одделение во ООУ „Димо Хаџи Димов“, во сезоната 2025/2026 година е прогласен за државен првак во дисциплините слалом и велеслалом, како и за првопласиран во генералниот пласман на Алпскиот куп при Скијачката федерација на Македонија (СФМ) во категоријата до 14 години. На меѓународните натпревари, Марин го освои второто место на ФИС-трка за деца до 14 години во дисциплината велеслалом, додека во слалом, на натпреварот во Арџена, Косово, се пласираше на третото место. Успешна сезона има и Ена Ивановска, поранешна ученичка во ООУ „Димо Хаџи Димов“, која е првопласирана во генералниот пласман на Алпскиот куп при СФМ во дисциплините слалом и велеслалом. Марин и Ена се долгогодишни членови на Ски-клубот „Меденица“ – Скопје, кој е прогласен за најдобар клуб во алпско скијање во земјава. Општина Карпош им упатува честитки на Марин и Ена Ивановски за постигнатите резултати и им посакува нови успеси во идните натпреварувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
ЗабаваО.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во АеродромОпштина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации. Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини. Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групиВо врска со Изборниот законик во план се средби и водење дијалог со сите парламентарни групи ова утринава го најави министерот за правда Јетон Шасивари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДа бидеме хумани: На Марко му е потребна помош!Марко има само 15 години и боледува од епилепсија и апнеа која е со висок степен.Тој зад него има две успешни операции на глава и желудник и има примено две терапии. Марко сега треба да замине во Турција за да ја прими третата последна терапија за да може да продолжи да го живее животот исто како и неговите врсници на 15 години. Потребни сер 6.000 евра. Сите кои се во можност можат да донираат на: 143 482 за корисници на А1. 143 109 за корисници на Телеком. Халк Банка: 270 700 122 675 849 Примач: Марко Џолевски НЛБ Банка: 210 501 786 673 895 Примач: Марко Џолевски. Тагови: хуманитарна акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01