3ЈП Водовод и канализација –Квалитетот на водата во Скопје ги задоволува барањата за безбедност и квалитет
3„Гугл“ го лансира првиот сателит со вештачка интелигенција, Маск предвидува селење на центрите за податоци во вселената
МакедонијаО. Карпош: „Мега лифтови“ – победници на турнирот „Сокол 2026 “Во прекрасна спортска атмосфера и пред полни трибини, на спортското игралиште во Карпош 1, вечерва се одигра финалниот натпревар од меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“.Екипата на „МЕГА ЛИФТОВИ“ со убедлива и сигурна игра ја совлада екипата на „РУДИ КОМПАНИ“ и заслужено го освои победничкиот пехарот на овогодинешниот турнир. На големото финале присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој им ги врачи пехарите на најдобрите екипи. „Чест ми е што Општина Карпош и годинава беше домаќин на меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“, кој низ годините прерасна во препознатлив дел од спортскиот живот на општината. Посебно ми е драго што натпреварите беа проследени од голем број на граѓани, а тоа само го потврдува фактот дека спортот има посебно место во Карпош. Им честитам на победниците, но и на сите екипи кои беа дел од турнирот и покажаа фер-плеј и спортска атмосфера.“, истакна градоначалникот Лукровски. Честитки до победниците и до сите учесници на турнирот „Сокол 2026“!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради негоФилипче излезе вчера во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДС, кои јавно кажаа дека не се согласуваат со него на мнгoу полиња, и уште еднаш покажа дека ќе прави се спротивно од сите останати.Филипче излезе вчера во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДС, кои јавно кажаа дека не се согласуваат со него на мнгoу полиња, и уште еднаш покажа дека ќе прави се спротивно од сите останати, само за да испадне дека е поразличен. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ му беше крива затоа што СДС се распаѓа под негово водство. Веќе некое време, поранешни функционери на СДС се против Филипче да биде претседател, а за тоа се формираат и цели опозициски фронтови, со цел тој да се повлече, затоа што очигледно е дека, освен потрчковците лојални на Заев, меѓу кои е и тој самиот, сите знаат дека Филипче не ја води СДС да биде опозиција во земјава, туку сака само да дојде некако на власт. Пред одредено време, тој се нудеше на странски држави и ги усогласуваше неговите ставови со туѓи агенди, оти се надеваше дека ќе му помогнат да дојде на власт. Никој не му е крив на Филипче што СДС се распаѓа, напротив, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара вакво СДС на чело со него. По две години ширење паника и хаос во јавноста, де со мигранти, де со измислици, СДС со Венко не успеа да направи ништо, не успеа ниту да биде опозиција, па следно се очекува да каже дека ќе дојдат вонземјани. Дека Венко живее во друг свет, тоа на сите им е јасно, јасно е и по јавното мислење, јасно е и по бројките од неколкуте изборни циклуси, јасно е и по неговото и однесувањето на СДС, оти не знаат што прават како опозиција и никако не можат да се помират дека не се на власт, а ако продолжат вака, ќе исчезнат само како политичка партија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Светски ден на беснило - 28 септемвриОвогодинешното мото „Заедно посилни“ одразува критичен момент во напорите за елиминација на беснило, каде што напредокот сè повеќе зависи од тоа колку добро секторите, дисциплините и заедниците соработуваат. Иако е постигнат значителен напредок, празнините во координацијата и соработката продолжуваат да го ограничуваат влијанието. Оваа тема ја нагласува итноста од зајакнување на партнерствата, подобрување на комуникацијата и усогласување на напорите низ системите за здравје на луѓето и животните. На секои девет минути, беснилото зема уште една жртва, но смртта може 100% да биде спречена. Кога работиме заедно, можеме да го прошириме пристапот до вакцинација на кучиња што спасува животи, да ги подобриме системите за надзор и пријавување на беснило, да ја зајакнеме јавната свест и образование, да ги поддржиме политиките што ги штитат и луѓето и животните и да изградиме одржливи решенија водени од заедницата. Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано презема активности за контрола и одржување на позитивна епидемиолошка состојба кога е беснилото како болест во прашање. Акцијата на зголемување на бројот на идентификувани и регистрирани, а со тоа и вакцинирани против беснило миленици (кучиња и мачки) е само дел од мерките кои се преземаат,а се основа и за воспоставување на контрола на популацијата бездомни животни. Апелираме до држателите на домашни миленици, кучиња и мачки на одговорно сопствеништво, редовна задолжителна годишна вакцинација на домашните миленици и микрочипирање. За прв пат по пауза од три години, Агенцијата за храна и ветеринарство во 2025 година започна со кампања за орална вакцинација на лисиците, со цел подобрување на епидемиолошка состојба со болеста беснило во земјава и регионот кај дивата популација. Оваа година кампањата за авионска дистрибуција на 450.000 вакцинални мамки започна на 23 септември и се очекува да заврши до 2 октомври, по што во рок од 15 дена ќе се започне со земање на примероци за проверка на успешноста на вакцинацијата. Во тек е и кампањата стоп Беснило – пријави и спречи, која има за цел да го зголеми пасивниот надзор на болеста, односно да се провери евентуалното присуство на вирус кај угинати животни кои се приемчиви на беснило. Притоа, упатуваме апел до сите возачи и граѓани доколку забележат угинато животно приемчиво на болеста – лисица или други диви месојади, истото да го пријават на бесплатниот телефонски број 0800 00 210 или во канцелариите на подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација –Квалитетот на водата во Скопје ги задоволува барањата за безбедност и квалитетНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 21.09.2026 до 25.09.2026 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05