О’Брајан: Можеме ли да ја третираме косовската Влада како партнер - Канал 5

О’Брајан: Можеме ли да ја третираме косовската Влада како партнер

Американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан синоќа изјави дека САД се загрижени поради уредбата на Централната банка во Приштина со кој се забранува употребата на динарот на Косово и нагласи дека властите треба да ја повлечат таа одлука.

О’Брајан: Можеме ли да ја третираме косовската Влада како партнер

Во интервју за „Гласот на Америка“, тој рече дека со забраната на динарот, Приштина го доведе во прашање партнерството со САД, бидејќи ја донеле таа одлука и покрај противењето на Вашингтон.

„Имав неколку разговори со Курти во периодот пред објавувањето на одлуката. Тој ја разбра нашата загриженост, вети дека ќе работи на тоа, но јасно одлучи да ја одобри одлуката. Ако не не третира како партнер, се поставува прашањето дали таа влада можеме да ја сметаме за партнер“, нагласи О’Брајан.

Новата регулатива на Централната банка на Косово, која стапи на сила на 1 февруари, го прави еврото единствена валута за плаќање во Косово. Меѓународните ја повикаа Владата да ја одложи одлуката за транзициски период, за подобро информирање на граѓаните. Но, Владата не даде знаци дека ќе се откажат – иако од ЦБК најавија дека ќе има тримесечен рок за „едукација и информирање“ на заедниците.

Но, О’Брајан бара одлуката целосно да се повлече и потоа да се бара решение.

„Луѓето треба да знаат како ќе си ги платат сметките, кога го читам соопштението на Централната банка не пишува дека ќе се дозволи користење на динарот. Вели дека ќе биде понудена алтернатива. Тоа мораше да се направи пред да се спроведе одлуката во соработка со засегнатите заедници и соседите засегнати од одлуката и искрено со Европската Унија и со нас. Така што не, треба веднаш да го прекинат ова и потоа да работат на решавање на конкретниот проблем…како што постапуваат современите европски држави“.

О’Брајан рече дека Косово не ги зема предвид советите на своите партнери за таа одлука.

„Современите европски земји ги решаваат овие прашања со прелиминарен дијалог и навреме ги информираат жителите“, рече тој и дека одлуката на ЦБК е донесена без планирање и набрзина.

„Ова е прашање на партнерство и способност во владеењето. Сите проблеми што се појавија откако беше објавена таа одлука беа идентификувани во првите 5-10 минути откако дознавме за тоа. Но, владата продолжи со нејзиното спроведување без предупредување… Ова не е форма на ефективно владеење. Ние сме многу загрижени, бидејќи ова ја покажува неспособноста на владата да им служи на своите граѓани, но и за партнерството.Да се биде дел од Европа денес значи решавање на прашањата преку дијалог со ефективно планирање и предупредување. Оваа одлука беше објавена набрзина, без предупредување и без обид да се искористат постојните механизми за да се најдат одговори на сите проблеми кои би можеле да се појават“, изјави помошникот секретар на САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според ч

ЈО: Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

Осомничениот, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе нападне врз животите на неговата сопруга и ќерка.

Кога во нивниот дом дошле непознати лица, барајќи од осомничениот да им врати 200 евра кои му ги дале за наводно лекување и дијализа на девојчето, сопругата признала дека ги измамил и рекла дека ќе повика полиција.

Во тој момент осомничениот започнал да го удира девојчето и да им се заканува дека ќе ги запали доколку го приведе полиција. Со ова тој предизвикал чувства на загрозување и страв кај оштетените, а ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои му биле претходно определени од Основниот суд во Тетово.

Ценејќи ги сите овие околности, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче кој е на Егејот веќе има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран и тој, а и СДС

Филипче кој е на Егејот веќе има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран и тој, а и СДС, граѓаните да немаат грижа и водата во Гостивар е безбедна за пиење.

Петрушевски: Филипче кој е на Егејот веќе има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран и тој, а и СДС

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

СДС и раководството на партијата поставено од Зоран Заев освен што постојано сведочиме како шират лаги, паника меѓу граѓаните, веќе покажуваат и целосна дезориентираност. Така закажуваат, па презакажуваат, па откажуваат настани.

Претседателот Венко Филипче кој е заедно со Заев на Егејот, најдобро да се врати час поскоро затоа што почнаа да се покажуваат првите симптоми кога ќе те удри сонце во глава, а тоа е дезориентираност.

Видливо е дека во СДС навистина се во целосен хаос.

Во оваа прилика ќе им укажеме дека нивните кажувања останаа на ширење лаги и паника кај граѓаните и не само лаги, туку и опасни информации по здравјето за граѓаните.

Прво, факт е дека водата е безбедна за пиење во Гостивар. Сите надлежни инситутции во соодветен рок ги направија сите неопходни испитувања и вчера се покажа дека водата е веќе безбедна за пиење. Но, СДС и по оваа вест почна да зборува во празно, да бара документи.

Второ, лагата за водата во Скопје ги надмина сите размери на политичка пропаганда, односно беше опасна здравствена информација за граѓаните на главниот град, но веднаш побиена со докази.

За крај денеска имаме само едно да кажеме, граѓаните се безбедни и водата за пиење и во Гостивар е безбедна. Оваа Влада се грижи за секој еден граѓанин.

А на СДС, најдобронамерно им кажуваме, час поскоро да се соземат, бидејќи хаосот во кој се, е преголем и им станува само дополнителен проблем во опстојување на политичката сцена.

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Наместо срамна здравица пред камери, објавете го извештајот за водата во Гостивар

Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. 

СДСМ: Наместо срамна здравица пред камери, објавете го извештајот за водата во Гостивар

А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии.

Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени.

Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август.

Сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста - шест дена порано.

Како до вчера, 20 август, а денес нагло сè е во ред?

И се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење.

Оваа ситуација бара одговорност, а не циркуз.

Во прашање се здравјето и животите на граѓаните на Македонија.

Пет недели граѓаните се изнаслушаа различни и контрадикторни информации од сите надлежни – од Мицкоски, Клековски, Ангелов....

Прво водата беше прогласена безбедна за употреба како техничка, потоа рекоа дека има бактерии.

Пред прогласувањето на епидемијата исто така водата беше прогласена за исправна.

А никогаш немаше ниту еден извештај, анализа, резултат.

Граѓаните на Гостивар имаат право да знаат.

Која институција направила анализа на водата и кои се резултатите?

Кој го потпишал извештајот и кој со својот потпис гарантира дека водата е безбедна?

За здравјето на луѓето мора да има стручна анализа, документ, потпис и одговорност.

Граѓаните не бараат здравица. Бараат чиста вода и гаранција дека е безбедна.

Бидете сериозни барем еднаш – објавете го документот.

Прес-конференција на СДСМ, Маја Борозан

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер