СДСМ: Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што 6 недели не објавуваат документот за водата во Гостивар
2СДСМ: Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што 6 недели не објавуваат документот за водата во Гостивар
ЖивотНурнал во морето, па снимил нешто што ретко се гледа- суштеството знае да „заталка“ во Јадранот (ВИДЕО)На социјалните мрежи кружи видео од необично морско суштество, кое е снимено на длабочина од осум метри во близина на брегот на Лас Палмас, Шпанија.На прв поглед, изгледа како суштество од некаков научно-фантастичен филм, особено поради неговата транспарентна структура. Сепак, е многу реално и понекогаш успева да залута во Јадранското Море. Единки поврзани со заедничко ткиво Станува збор за пирозом (Pyrosoma atlanticum), кој всушност е цела колонија од стотици илјади ситни единки, познати како зооиди. Единките се поврзани со заедничко ткиво и нервен систем кој наликува на 'рбет, а заедно формираат транспарентна, желатинозна структура. Пирозомите обично се долги неколку сантиметри, но во ретки случаи можат да пораснат до импресивни 18 метри! Овие морски суштества светат зелено или розово кога ќе дојдат во контакт со други предмети, а нивното треперење под вода може да се види од неколку метри оддалеченост, објавува Večernji.hr. Како се размножуваат пирозомите? Тие се хранат со планктон, откако ќе ја филтрираат морската вода, а истиот механизам им овозможува да се движат. Тие се размножуваат бесполово - секој зооид може да создаде генетски идентични копии. Овој процес им овозможува на колониите да растат, да ги регенерираат оштетените делови и, во случај на распаѓање, да формираат нови колонии. Пирозомите најчесто живеат во топли и тропски мориња, но во последниве години тие се повеќе се појавуваат во постудени води, а се забележани и во близина на Алјаска и во Јужниот Океан. Клучна улога во екосистемот Најновите снимки се направени во Атлантикот, додека пирозомите повремено се појавуваат и во Јадранското Море, каде што нивниот светлечки изглед остава силен впечаток кај нуркачите. Кога умираат, тие тонат на морското дно и стануваат важен извор на храна за организмите од длабокоморските длабочини, со што играат клучна улога во океанскиот екосистем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаТретиот ден од карпошовото културно лето започна со урбана уметностВчера, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. Третиот ден од Карпошовото културно лето започна во знакот на урбаната уметност и проектот „По таму, сонот…“, во чии рамки ликовната уметничка Калина Брајковска започна со изработка на мурал на бараките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ). Со осликувањето на четирите бараки на оваа високообразовна институција, јавниот простор ќе добие ново ликовно и уметничко обележје, збогатувајќи го урбаниот амбиент на Карпош и Скопје. Додека уметницата работеше на муралот, посетителите уживаа во музичката програма и пријатната атмосфера. На почетокот на создавањето на муралот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој и самиот се приклучи во уметничкиот процес и учествуваше во цртањето Вчера, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. Во опуштена атмосфера под отворено небо, карпошани од сите генерации уживаа во филмската вечер. Карпошовото културно лето продолжува со богата програма, добра забава и содржини за сите генерации! ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што 6 недели не објавуваат документот за водата во ГостиварПоминаа цели 6 недели а документ со целосна, јавна и потпишана анализа за водата во Гостивар сè уште нема. Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што не го објавуваат документот цели 6 недели. Зошто не се објавува целосен извештај? Што се крие од граѓаните? Неизвесноста и недовербата кај граѓаните така ја создаваат Мицкоски и Клековски. Еден месец даваа противречни изјави, прво за забрани, потоа дека може да се користи како техничка вода, па дека има нови бактерии и вируси во водата, потоа уверуваа дека водата може да се пие а ниту еднаш не објавија целосен документ. Водата се испитува секој ден. Зошто тогаш не се објавува веќе шест недели? По 22 дена загадена вода и околу 5.000 заболени, граѓаните треба да видат целосен документ бидејќи водата за пиење е прашање на јавно здравје. Информациите за нејзината безбедност мора да бидат јавно објавени во еден целосен извештај. Со сите резултати и со потпис на одговорните. Сите мостри. Сите лабораториски анализи. Сите датуми. Сите утврдени бактерии и вредности. Сите институции што вршеле испитувања. И најважното – кој, врз основа на кои резултати и со чиј потпис утврдил дека водата е безбедна за пиење? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Абази пред заминување го заокружи своето работење за СДС и ДУИ и го спаси ФилипчеАбази пред заминување го заокружи своето работење за СДС и ДУИ и го спаси Филипче од одговорност за случајот со модуларната болница во ТетовоМодуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид пандемијата како „урбана опрема“. За да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана опрема“, тогашната влада на СДС и ДУИ го смени Законот за градење по итна постапка, со што се овозможи Министерството за здравство да дава одобренија за нивно поставување. За време на ковид кризата, Венко Филипче беше министер за здравство, а болниците биле набавени како стоки, кои не можеле да бидат користени како објекти за здравствена дејност. Техничката спецификација, пак, била изготвена од лице назначено директно од Венко Филипче. Светска банка барала одобренија за поставување и употреба на модуларните болници, како и извод од Катастар, со цел да се покаже одржливоста на проектот. Но, одобрение не можела да издаде ниту општината, ниту Министерството за транспорт и врски, затоа што процедурата не била запазена. Катастар одбивал да врши упис на болниците, затоа што тие биле набавени како стоки и немало извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, кој бил потребен за нивно запишување. Во случајот со модуларната болница во Тетово, каде животите ги загубија 14 лица за неполни две минути, Артан Етеми, тогашен економски директор на болницата, бил против поставувањето на ваков тип објект затоа што немало приклучоци, немало никаков надзор, а немале ниту достапни средства за да ги платат приклучоците. Но, Венко Филипче сепак одлучил модуларните болници да бидат пуштени во употреба. Токму поради ова, обвинетите кажаа дека Венко Филипче треба да седи на обвинителната клупа заедно со нив. Предметот за овој настан, кој се случи на 8 септември 2021 година, а за кој беше оформен предмет на 10 септември истата година, долго време стоеше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, за на крај Ислам Абази да го спаси Филипче од одговорност. Ова не е прв случај во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети, а сега, пред заминување, си ја доработува задачата за која беше поставен во време на СДС. Тој не го прогласи Филипче за виновен. Во меѓувреме, Венко Филипче во своите јавни настапи повторно се навраќа на своите скандали и се обидува пред јавноста да продаде приказна за своите „успеси“ како министер за здравство. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10