Нурмагомедов се извини за инцидентот, Мекгрегор нема да тужи - Канал 5

Нурмагомедов се извини за инцидентот, Мекгрегор нема да тужи

Рускиот борач Хабиб Нурмагомедов јавно се извини за инцидентот што го предизвика по борбата со Ирецот Конор Мекгрегор.

Нурмагомедов се извини за инцидентот, Мекгрегор нема да тужи

Нурмагомедов ја одбрани УФЦ титулата, откако со технички нокаут во четвртата рунда го победи ирскиот борач, но по завршувањето на борбата го нападна спаринг - партнерот на Мекгрегор, а потоа започна физичка пресметка меѓу повеќе лица.

- Пред се сакам да се извинам на публиката и организаторите. Знам дека ова не беше мојата најдобра страна, но и јас сум човечко суштество. Жалам што дел од луѓето не можат да ја сфатат мојата реаквија, но тој ја навредуваше мојата религија, мојата земја и татко ми. Ова треба да биде спорт на почит, а не на навреди и тоа сакам да го сменам, истакна Нурмагомедов.

По натпреварот тројца членови од тимот на Нурмагомедов беа уапсени поради напад, но потоа беа ослободени.

Ораганизаторот на настанот Дејна Вајт соопшти дека Мекгрегор нема да поднесе тужба, а ирскиот борач се огласи со кусо соопштение на социјалните мрежи.

- Добар нокаут. Едвај го чекам реваншот, напиша Мекгрегор на својот твитер профил.

Пред борбата вербалните препукувања меѓу двајцата траеа со денови, а провокациите ескалираа на задолжителното мерење кога беше избегнат посериозен инцидент. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстено испрашување од одбраната на тимот градежни вештаци, кои го изработиле градежното вештачење на обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и високи европски претставници ја напуштија станицата

Руски дрон удрил воз во близина на украинско-полската граница, кратко откако поранешниот британски премиер Борис Џонсон и поранешниот премиер на Шведска Карл Билд и високи европски безбедносни претставници поминале низ неа.

Русики дрон удри во украински воз кратко откако Борис Џонсон, Карл Билд и  високи европски претставници ја напуштија станицата

Нема информации за жртви по ударот кај Јаходин, во кој беше погодена локомотивата на возот. Сите патници се евакуирани, соопштија украинските власти.

Билд,Џонсон и други европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и британскиот советник Џонатан Пауел, поминале по истата линија во друг воз на враќање од конференција во Киев.

Русија соопшти дека погодила „железничка инфраструктура“ во западна украина, но украинската државна железничка компанија соопшти дека „сосема е можно целта на овој дрон да бил дипломатскиот воз“.

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, кој во времето на нападот се наоѓал во друг воз на станицата Јаходин, рече дека инцидентот бил „застрашувачки“.

Возот „ја напуштил станицата порано од очекуваното поради промената на возниот ред... Поради постојаните закани за руски напади“.исто така, се наведува дека наредба за евакуација на патниците во погодениот воз била дадена „само 15 минути“ пред нападот од страна на руски дрон со млазен погон.украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха рече дека „варварските напади“ на украинско-полската граница во Јаходин се еднакви на „терористичко тропање директно на вратите на ЕУ и НАТО“„

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена облачност и ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Сончево со мала до умерена облачност и ветер

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер