СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
2СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
3Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
ЗабаваНуркачите од Амфора на Дубровник ЕкоНуркачи од Нуркачкиот центар Амфора од Охрид учествуваа на Еколошката акција за чистење на цврст отпад што се одржа во Дубровник.Организатор на еколошката акција која оваа година се организира по 25-ти пат беше Нуркачкиот центар ABYSS од Дувровник. Во акцијата беа вклучени и Туристичката заедница на Хрватска, Општина Дубровник, хотелиери, Средното туристичко училиште Дубровник, како и голем број организации кои дадоа финансиска поддршка. Во акцијата учествуваа околу 150 нуркачи од повеќе земји. Нуркачите од Амфора 15 години се учесници на овие еколошки акции, како дел од добрата соработка меѓу Охрид и Дубровник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањетоВо Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето, се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“.Општина Дојран продолжува со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните, подобра инфраструктура и посветла иднина за градот и Дојранското Езеро. Во изминатата година се работи на неколку клучни проекти кои ќе го подобрат животот во Дојран. Се направи реконструкција на главните патни правци. Реконструирани се 2 километри од главниот регионален пат во Стар Дојран и 500 метри во Нов Дојран, со што се подобрува безбедноста и пристапноста за граѓаните и туристите. Се подобрува водоснабдувањето, реконструирани се 750 метри од водоводната мрежа во Нов Дојран, а со навремено откривање и санирање на дефектите е постигната поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во Стар Дојран и неговите повисоки делови во текот на летото. Се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ кој е значаен чекор во насока на заштита на езерскиот екосистем и подобрување на условите за зачувување на природното богатство на Дојран. Паралелно, општината инвестира во комуналната инфраструктура, јавната чистота, спортот, туризмот и поддршката на семејствата, со зголемена финансиска помош за првачињата и новороденчињата. Дојран заслужува развој што се гледа, проекти што се чувствуваат и резултати што остануваат. Со посветена работа и конкретни инвестиции, Општина Дојран продолжува да гради подобри услови за живот на граѓаните и да го развива градот како атрактивна туристичка дестинација. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштијаСамо за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари. Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија. Наместо да ги зголеми платите арамијата размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници а Мицкоски над 100.000. Ова сурова реалност е одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни. Скопје, 21.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранцускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во саботаВо пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата.Во пресрет на протестите најавени за оваа сабота ширум Франција, францускиот премиер Себастиен Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, откако властите признаа дека полицијата ја загубила контролата во некои градови за време на немирите и насилствата од минатиот викенд. Откако вчера беше воведен полициски час во неколку критични области зафатени од минатонеделниот хаос, ноќва ширум Франција поминала мирно, велат властите. Во меѓувреме, досегашната проценета материјална штета од немирите и грабежите особено во Париз, Марсеј и Лион, се проценува на милијарда евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook