ЖивотНуркач пронашол скапоцен „Ролекс“ на дното на океанот, па со еден потег го воодушеви светот (ВИДЕО)Необичната приказна започнува во 2024 година, кога Грегори Грир од Вирџинија, за време на нуркачка авантура, го изгубил својот Rolex Datejust.Вредниот часовник едноставно му се лизнал од зглобот и завршил во длабочините на Пацификот, во близина на островот Кауаи, кој припаѓа на хавајскиот архипелаг. Rolex исчезнал без трага Наскоро, нуркачите кои биле во водата тој ден започнале со потрага, но биле неуспешни. Грир останал без својата лична „нуркачка митологија“, како што го нарекол вредниот часовник, купен во 2002 година, објавува Luxury Launches. Човекот бил очаен, а целиот случај на крајот бил пријавен во полиција. Понудена била и награда од 2.000 долари, но месеци поминале без нови вести. Грир полека ја изгубил надежта, а неговиот часовник станал уште една од оние „изгубени приказни“ што океанот љубоморно ги чува. Неверојатни вести И потоа, речиси 20 месеци подоцна, сè се променило. Инструкторот за нуркање Логан Бернард забележал чуден сјај во близина на подводен гребен и решил да истражи. Стигнал до дното и го видел часовникот! Тој веднаш сфатил дека држи Ролекс во рацете, судејќи според круната на нараквицата. „Го зедов и останав без зборови“, рече младиот човек. An eagle-eyed diving instructor found a @ROLEX that had been lost for nearly two years at the bottom of the Pacific Ocean in Kauai. He not only reunited the timepiece, still in one piece, with its overjoyed owner but also turned down a $2,000 reward - https://t.co/V3WMYsL334 pic.twitter.com/P60tHzpCp3 — Luxurylaunches (@luxurylaunches) September 29, 2025 Веста за неговото откритие брзо се прошири во нуркачката заедница и стигна до Грегори Грир. Тој нуркал во тоа време, но овој пат на Бахамите. Добил кратка порака: „Вашиот Ролекс е пронајден“. „Доказ за човечност“ И покрај тоа што поминал речиси две години под вода, часовникот бил изненадувачки добро зачуван. Кристалот бил испукан, механизмот не работел, но куќиштето и нараквицата направени од познатиот Ојстерстеел останале недопрени. Грир го сметал враќањето на часовникот како доказ за човечност и почитувањето на локалните вредности. „Тоа покажува чесност, интегритет и духот на Хаваи“, рече среќниот сопственик, додавајќи дека Бернард не сакал да ја прифати ветената награда. Се проценува дека реставрацијата на часовникот ќе чини помеѓу 800 и 1.200 долари, а можеби и повеќе поради корозија, но неговиот сопственик сигурно нема да жали за парите.Тагови: нуркач Ролекс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноемвриИзведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции. Национална опера и балетТагови: балетска приказна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинариИскра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook