Серафимовски: Инвестираме 25 милиони евра во „Страиште“ за современо наводнување на 1.500 хектари во валандовскиот регион
1Серафимовски: Инвестираме 25 милиони евра во „Страиште“ за современо наводнување на 1.500 хектари во валандовскиот регион
Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
2Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
3ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
Веб ТВНупниу: Македонија може да има брз напредок во кластеритеМакедонија е оценета за доброподготвена за членство во Унијата и е меѓу земјите кандидатки со најголема подготвеност во однос на усогласеноста со европското законодавство, посочи заменик . Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Инвестираме 25 милиони евра во „Страиште“ за современо наводнување на 1.500 хектари во валандовскиот регионСерафимовски информираше дека проектот предвидува изградба на 70 километри цевководна мрежа под притисок, поставување на околу 500 хидранти и изградба на нова пумпна станица.Третата фаза на системот за наводнување „Страиште“, вредна 25 милиони евра, ќе опфати 1.500 хектари земјоделско земјиште и ќе ги задоволи потребите на околу 6.000 земјоделци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешниот настан со кој се означи почеток на реализација на инвестицијата во населеното место Пирава, општина Валандово. „Оваа инфраструктура ќе овозможува примена на наводнување капка по капка, попрецизно дозирање и поекономично користење на водата. За производителите тоа ќе значи поголема контрола врз одгледувањето на културите и услови за постабилни приноси и поквалитетен род, особено во сушните периоди од годината“, рече министерот Серафимовски. Тој информираше дека проектот предвидува изградба на 70 километри цевководна мрежа под притисок, поставување на околу 500 хидранти и изградба на нова пумпна станица. „Во рамките на проектот се предвидени советодавна поддршка и практични обуки. Земјоделците ќе добијат стручни препораки за ефикасно користење на системот и приспособување на наводнувањето според својствата и влажноста на почвата, временските прилики и потребите на културата. На овој начин, вложувањето во инфраструктурата ќе биде поддржано и со знаење што ќе им помогне на земјоделците подобро да ги користат нејзините можности“, нагласи министерот Серафимовски. Тој истакна дека Владата со овој проект ги поддржува долгорочните вложувања во земјоделските стопанства, а постабилното производство ќе отвори простор за подобра заработка на земјоделците и за развој на преработката, складирањето и трговијата, со пошироки економски придобивки за целиот валандовски регион. Системот за наводнување „Страиште“ се надоврзува на првите две фази од проектот „Вардарска долина“ и претставува продолжување на партнерството со германската развојна банка KfW. На настанот присуствуваа и претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНеопходно е да се набави терапија за алергиски шокови, апелираат од Здружението на педијатриИтно се потребни во Македонија да се донесат инјекции против анафилакитичен шок пред се кај децата кои имаат алергија од храна, инсекти. Овие брзи и убодни инјекции или пенкала за уптореба се важни да го има детето во ранецот во училиште или во самото училиште и да се направи едуакција како да им се помогне на децата кои имаат алергичен напад од храна. Педијатрите со апел и до родителите да ги вакцинираат децата против морбили бидејќи даваат тешки состојби кај децата и се животозагрозувачки. Во моментот во детските одделенија нема болни деца со грип иако расте бројката. На удар се возрасните лица, а во однос на минатата недела според ИЈЗ се зголемиле за 90,2%. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРаботничката сиромаштија ќе се продлабочува доколку не се зголеми минималецот, предупредува ССМ50 проценти од 540 илјади работници живеат со плата под 600 евра, една третина од 540 илјади работници живее под прагот на сиромаштијата од 31 200..50 проценти од 540 илјади работници живеат со плата под 600 евра, една третина од 540 илјади работници живее под прагот на сиромаштијата од 31 200. Покажуваат пресметките на Сојузот на синдикаттие на Македонија Претседателот Слободан Трендафилов, предупредува дека ако не се зголеми минамалната плата, работничката сиромаштија ќе продолжи да се продлабочува. Но, вели, досега ниту протестите, блокадите и иницијативите, не го донеле очекуваниот резултат. „Владите во регионот се грижат за работниците, ја зголемуваат минималната плата, Црна Гора 1000–1250 евра, Србија веќе 600 евра и покрај сите кризи и предизвици кои ги имаат како држава... Во Македонија вие да водите држава, да плаќате 420 евра минимална плата, да седите 120 избрани именувани пратеници во Парламентот и да работите само во ваш интерес, а на штета на работниците. Сметавме дека протестите ќе ги поттикнат, дека блокадите ќе ги поттикнат, иницијативите кои ги доставивме до Парламентот и Владата за зголемување на платата ќе ги поттикнат... но тие ги уживаат сите придобивки кои им ги даваат работниците, а работниците веројатно ќе продолжат да тонат во сиромаштија.“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. Колку е тешко да се преживее со минимална плата беше тема и на документарецот „До први“, чија премиера се одржа денеска. Во главната улога е пратеничката Моника Зајкова, која седум дена се обидувала да ги покрие секојдневните трошоци со минимални примања. Документарецот, кој ќе биде достапен и на социјалните мрежи, го отвора прашањето со кое илјадници работници се соочуваат секој месец – како да се стигне до први со минимална плата? Согласно законот, минималната плата се усогласува со инфлацијата и просечната плата еднаш годишно во март, и во моментов изнесува 26.000 денари. Ставот на Владата е дека ќе прифатат зголемување ако за тоа се договорат синдикалците и работодавачите, но дијалогот засега нема никаков напредок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter