Нуклеарни реактори ќе создаваат енергија на бази на Месечината, направени се микро генератори - Канал 5

Нуклеарни реактори ќе создаваат енергија на бази на Месечината, направени се микро генератори

Научниците од Универзитетот Бангор во Велс, заедно со американската агенција НАСА, развија извор на енергија кој би можел да им овозможи на астронаутите подолги периоди да живеат на Месечината.

Нуклеарни реактори ќе создаваат енергија на бази на Месечината, направени се микро генератори

Истражувачите дизајнирале нуклеарни горивни ќелии со големина на семе од афион кои можат да ја произведат енергијата потребна за долгорочен престој на површината на Месечината, пишува Би-Би-Си.

Би-Би-Си потсетува дека НАСА одлучила повторно да испрати луѓе на Месечината до 2025 година со програмата Артемида (древната грчка божица Артемида е сестра близначка на Аполо, по која беше именувана успешната програма Аполо, за време на која американските астронаути стигнаа до Месечината) , и да започне изградбата на база на Месечината.

Професорот Самон Мидлбург од Бангор рече дека работата за изградба на енергетските ќелии е предизвикувачка, но „забавна“.

- На Месечината и другите небесни тела кои имаат ден и ноќ, не можеме да се потпреме на енергијата на Сонцето, но мораме да дизајнираме системи како микрореактори кои можат да помогнат во одржувањето на животот. Нуклеарните реактори се единствената вистинска опција во овој момент, но горивото мора да биде доволно силно за да ги преживее сите сили со кои ќе се соочи за време на полетувањето, летот и на Месечината, и да остане сигурно со години, вели Мидлбург.

НАСА планира да изгради бази на површината на Месечината за да можат да организираат повеќе мисии, но и за полесно да испраќаат ракети до другите делови на Сончевиот систем.

Истражувачите на Бангор дошле до начин за производство на енергија на Месечината и ги испратиле тие мали нуклеарни горивни ќелии, наречени ТРИСО гориво, на тестирање. Оваа ќелија може да се користи за напојување на нуклеарен микрогенератор на енергија направен од британската компанија Ролс Ројс.

- Генераторот е пренослив уред, со големина на помал автомобил, па можно е да се вметне во ракета. Можно е да се исфрлат во вселената, со сета сила, а сепак ќе бидат безбедни кога ќе бидат поставени на Месечината – изјави Мидлбург.

Тестирањето на генераторот и ќелиите допрва треба да се направи бидејќи останува да се види дали нуклеарното гориво навистина може да ја издржи силата на лансирање и патување во вселената. На Универзитетот Бангор се надеваат дека микрогенераторите можат да се користат на Земјата, особено во зоните на катастрофи, каде што нема повеќе струја.

Месечината беше во центарот на вселенската трка во 1960-тите, кога и СССР и САД се обидоа да слетаат човечки екипаж на површината на Месечината. Трката заврши со американска победа - Нил Армстронг и Баз Олдрин ја освоија Месечината на 21 јули 1969 година. Последниот човечки екипаж ја напушти површината на Месечината во 1972 година, но сега и Америка и Кина имаат намера да испратат истражувачи на Месечината пред крајот на деценијата. Други земји како Индија, Јапонија и Русија исто така со задоволство испраќаат сонди за да го проучуваат придружникот на Земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИПАРД фондовите за македонските земјоделци се целосно одблокирани

Европскиот фонд за развој на земјоделството- ИПАРД по блокадата заради скандалот со екс директорот се враќа во функција.

ИПАРД фондовите за македонските земјоделци се целосно одблокирани

Ипард фондовите за мекедонските земјоделци се целосно одблокирани. По застој од околу 5 месеци, платежната агенција најавува дека во декември ќе се објават огласи за мерките 1,3 и 7 за што земјоделците и преработувачките компании можат да почнат со подготовките на потребните документи за алицирање. Палтежната заради корупцискиот скандал на екс директорот Стоиле нарави измени на процедурите кои се веќе поминати и одобрени од страна на Еврпската Унија и сега се чека само уште финалното одобрение од Министерствот за финансии од националниот координатор за ИПАРД 3 прграмата

Инаку Ипард 3 е европската програма за поддршка на земјоделството и руралниот развој, која за периодот 2021–2027 за мекедонските земјдоелци и компаниите на располагање им става вкупно 128 милиони евра, од кои 97 милиони се европски средства, а нешто повеќе од 31 милион евра се национално кофинансирање. Платежната агенција исто така објави дека до крајот на годинава ќе ги расчисти сите долгови за заостанатите субвенции

Паралелно со исплатите на субвенциите веќе почнува процесот на подготовка на новата програма со која треба да се предвидат по колку пари ќе има за субвенциите во 2027 година за што дел од земјоделските здруженија бараат наместо 100 милиони евра вкупниот фонд за субвенциите да се золеми најмалку на 200 милиони евра. Како аргумент се посочува дека земјите од регионот веќе имаат драстичпно поголеми суми за субвенции од нашите и дека тоа влијае на конурентноста на земјделците и губење на пазарите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалото новороденче на ГАК тежи 730 грама

730 грама е најмалото новороденче, родено во 25 гестациска недела во моментов е најмалото бебе на ГАК. 

Најмалото новороденче на ГАК тежи 730 грама

На клиниката за гинекологија и акушерија во пораст се предверемно родените бебиња. Педијатрите објаснуваат дека грижата за здравјето треба да пред планирањето на бебе. Чести причини за за предвремно пораѓање се висок притисок, проблеми со тиродната жлезда, аномалии на матката, возраста кај родилките. Од првиот ден почнува битката за малите борци и е важно да има добар кадар и опрема.

„Ова е едно искуство кое што во животот веќе нема никогаш да го помине. Затоа донацијата од Проџект Хоуп за нашите борци спасува живот. Поставувањето на долгите интервенски линии е поставување на еден флексибилен долг катетер во самата вена. 01.22 Пред се преневираме нанесување на болка кај овие пациенти ги штитиме од тоа и безбедноста ни е на прво место, затоа што се изложени на голем број на интревенции. “

На Клиниката се зголемува бројот и на возрасни родилки кои им треба поголема нега во делот на интензивното лекување по одредени хируршки интервнеции и подлоги лекувања на клиниката. Но, и пациентки кои имаат компликации по раѓање или операција. Со овој апарат се следи целосно здравствената состојба на пациентките, сите витлани параметри.

Директорката Ирена Алексиоска Папстиев објаснува дека вложувањето во едукација на кадар и опрема е најважен.

„30 тина гинеколози и акушерки беа едуицрани со дводневен курс со цел да се снајдат во оние најкритични ситуации. До 3.21

Ноември е месец посветен на предвреме родените бебиња, навременото препознавање и реагирање ги спасува, апелираат педијатрите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче го известил раководството за разрешувањето на Славјанка Петровска

Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од фукцијата заменик – координаторка на пратеничката група на партијата. 

Филипче го известил раководството за разрешувањето на Славјанка Петровска

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од функцијата заменик-координаторка на пратеничката група на партијата. На координација која се одржала вчера, Филипче ги известил присутните за одлуката, а Петровска во изјава за Канал 5 потврди дека го потпишала известувањето до претседателот на Собранието Африм Гаши. Таа вели дека не и била посочена конкретна причина за разрешувањето, но реагира на обвинувањата што, ги упатил партискиот лидер против неа, а кои смета дека оделе во прилог на ВМРО-ДПМНЕ. Таа порачува дека останува верна на социјалдемократските принципи и дека нема да отстапи од своите политички ставови.

„ Функција како функција, менлива е и менлива, се разбира дека за мене тоа не е никогаш ниту било, нити е проблем, затоа што никој не може да ми ја одземе мојата социјалдемократска определба. Јас ништо не сум направила спротивно на интересите на партијата и не може едно раководство или тесен круг на луѓе околу Венко Филипче да се претставуваат дека се тие коишто го зборуваат гласот на членството. Јас кажав и на самата координација, доколку има потреба за елаборирање и објаснување на моите политички ставови кои се однесуваат на партиското раководство, апсолутно јас сум подготвена да се соочам и со членовите на Централниот одбор, но и со членовите на Конгресот на партијата.“

Разрешувањето доаѓа откако Петровска ја поддржа платформата „Разговори за иднината во 12:05“, која бара оставка од Филишче и реформи во партијата. Во гостувањето во „Само интервју“, Игор Ивановски од платфоркмата објасни дека иницијативата не е насочена само кон промена на претседателот, туку и кон промена на начинот на кој партијата ја води опозициската политика.

„Они мислат дека бројот на соопштенија е политичко, партиско, опозициско дејствување? И тоа сè во погрешен тајминг: кога треба да се збори за локални проблеми за граѓаните, тие зборат за Бугарите во Устав. Сега, кога имавме сериозен, и сè уште не е завршен проблемот на тотално руинирање на нашиот безбедносен, правосуден, политички систем со учество или под водство на Бугарија, а тоа е бегството на Ива Михајлова, пример. Имате ситуација кај што Артан Груби излегува од куќен притвор внимавајте – и прави фешта во Чаир. СДСМ на пратенички прашања поставува прашање за ископ на земја.“

Од друга страна, Филипче во телевизиско интервју за Алсат ги отфрли обвинувањата дека актуелното раководство ја губи поддршката во партијата. Воедно, ги обвини иницијаторите на платформата за поврзаност со власта и порача дека нема да дозволи овие случувања да ја поделат партијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер