КултураНУ Завод и Музеј Битола ќе соработува со експерти од турскиот град БурсаСтручни лица од националната установа Завод и Музеј Битола ќе соработуваат со колеги од турскиот град Бурса.За делегацијата од Бурса предводена од Рамазан Тезџан, прием во битолскиот Музеј приреди директорката Маргарета Спасов, со што беа конкретизирани заедничките намери и соработки. - Соработката со колегите од Бурса ќе биде имплементирана низ различни, но заеднички проекти како континуитет на претходни заеднички активности. Во наредениот период ќе бидат детализирани заклучоците од дводневната посета на гостите од Турција, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола. Делегацијата на Општина Бурса, град збратимен со Општина Битола, оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на општинскиот Совет Бојан Бојкоски, а ги посети спомен собата на Кемал Ататурк, Музејот на христијанското и исламското културно наследство „Јени џамија“ – црква „Свети Ѓорги“, како и постојаните поставки во НУ Завод и Музеј-Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Тошковски глуми експерт за вода, граѓаните на Гостивар се трујат а ВМРО-ОКГ тера бизнисВодата во Гостивар се уште е опасна, официјално се потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa.Над 50 населени места во земјава имаат загадена вода, тендер патриотите Мицкоски и Клековски ја отруја цела Македонија. И наместо одговорност за овој тотален колапс на здравството, владата на Мицкоски продолжува со импровизации кои го загрозуваат здравјето на луѓето и бизнис зделки на грбот на народот. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува „почести анализи“ на водата во Гостивар. Од кога министер за полиција е надлежен за анализа на водата? Нема место во светот каде министер за полиција, кој до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денес да глуми експерт за анализи на вода. Каде е министерот за здравство Сашо Клековски? Дали и тој е на екскурзија како Мицкоски? Најважното прашање е: што правеле досега? Зошто анализи најавуваат дури сега, откако илјадници граѓани завршија по амбуланти и болници? Со денови јавноста беше убедувана дека водата е „технички исправна“, но единствениот „доказ“ беше зборот на Мицкоски. Нема официјален документ. Нема потпишан извештај. Нема институција што презема одговорност и потврдила дека може да се користи техничка вода. Во меѓувреме, директор на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има бактерија. И сега повторно се врши хиперхлорирање. А кога се врши хиперхлорирање, тоа значи дека водата не е безбедна за употреба, ниту за капење. Тотален хаос, тотален распад. Сето ова се прави само за да се спаси една лажна изјава на Мицкоски. СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори постапка и да утврди кривична одговорност за свесното загрозување на здравјето на граѓаните. Одговорност мора да има за Христијан Мицкоски, Сашо Клековски и Панче Тошковски. И додека народот се труеше, Мицкоски и ВМРО-ОКГ имале други приоритети. Бизнис зделка од 100.000 евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас. Додека народот се труе, тендер-патриотите тераат бизнис. Никој нема право да си игра со здравјето на граѓаните, а уште помалку да профитира додека народот се труе. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамИџе со нов предизвик – прв македонски возач кој ќе настапи со прототип болидЕвропскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе, започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера.По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни натпреварувања, испишувајќи нова страница за македонскиот автомобилизам. „Отворам ново поглавје во мојата кариера. За овој момент сонувам цел живот. Ќе бидам првиот возач од Балканот кој ќе настапува со прототипот Норма, еден од само 12 вакви болиди произведени во светот. Станува збор за исклучително моќно возило, прототип чија технологија и перформанси се блиски до болидите во Формула 1. Денес го тестирам токму на Водно, местото каде што започна мојата тркачка приказна. Со овој болид влегуваме во нова категорија, со исклучително силна и бројна конкуренција. Верувам дека и во оваа класа ќе бидеме конкурентни и ќе се бориме за нови подиуми на европските ридски трки“, изјави Стефановски. Новиот прототип болид претставува врв на инженерството во ридскиот автомобилизам. Конструиран е исклучиво за натпреварување, со ултралесна шасија, исклучителен однос меѓу тежината и силата и аеродинамика што овозможува максимални перформанси на најтешките планински патеки. Управувањето со ваков автомобил бара врвна физичка подготвеност, големо искуство и беспрекорна прецизност. Со овој чекор, Игор Стефановски – Иџе не само што отвора ново поглавје во својата кариера, туку поставува нови стандарди за македонскиот автомобилизам, носејќи ја Македонија во највисоката класа на европските ридски натпреварувања.Тагови: Игор Стефановски Иџе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДрвошанов: Владата ја унапредува енергетската независност преку зелена транзицијаПриоритет на Владата од преземање на власта беше да ја зачува енергетската сигурност и да ги постави темелите на енергетиката.Приоритет на Владата од преземање на власта беше да ја зачува енергетската сигурност и да ги постави темелите на енергетиката , со најголемите законски реформи во последната деценија и силен инвестициски циклус во обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Усвоивме нов Закон за енергетика, целосно усогласен со европските директиви и поздравен од Европската енергетска заедница, како и Интегрираниот национален план за енергија и клима (NECP) 2025-2030, со кој за првпат се воспоставува систем за следење на процесот на декарбонизација. Со тоа создадовме стабилна и предвидлива правна рамка што обезбедува сигурност за граѓаните и привлекува сериозни инвестиции. Во делот на обновливите извори, заклучно со 1 јуни 2026 година пристигнаа над 800 инвестициски иницијативи по јавниот повик за 2027 година. Финализиран е и проектот за државен батериски систем со капацитет од 300 MWh во соработка со ЕБОР, воведена е обврска за батериски системи за складирање енергија, воспоставен е ГИС-систем за дигитализација на постапките за ветерна енергија, исплатени се над 50 милиони денари поддршка за производство од обновливи извори, а новиот Закон за обновливи извори е во собраниска процедура. Ова значи поголема домашна енергетска независност и помала изложеност на ценовните шокови. Усвоен е тригодишен план за реконструкција на 14 државни објекти во кои се сместени 33 институции, вреден 11 милиони евра. Обезбедени се дополнителни 50 милиони евра во соработка со АФД, 18 милиони евра преку Светска банка и почетен капитал од 5 милиони евра за независен Фонд за енергетска ефикасност. Со новиот Закон за енергетска ефикасност воведовме обврска секоја година да се реконструираат најмалку 3% од јавните згради, како и задолжително поставување соларни панели на новите и реконструираните јавни објекти. Ја активиравме праведната енергетска транзиција преку Советот за праведна транзиција и 61 конкретна мерка со кои се обезбедува зелениот премин да биде економски одржлив и социјално праведен. Обезбедивме и силна меѓународна поддршка од 65,7 милиони евра од Европската комисија преку Планот за раст за Западен Балкан, 5,2 милиони евра ИПА средства, како и забрзување на реализацијата на енергетските интерконектори со Албанија, Грција и Србија. Почитувани, Продолжуваме да градиме енергетски систем кој е сигурен, модерен и одржлив, во интерес на секое домаќинство и на идните генерации. Жан Дрвошанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook