КултураНУ „Стоби" очекува олабавување на мерките за да го овтори археолошкиот локалитет и да ги реализира проектитеПоради состојбата со КОВИД-19 два и пол месеци локалитетот Стоби е затворен за посетителите, а Националната установа „Стоби" трпи финансиски загуби. Оттаму очекуваат олабавување на мерките и повторно отворање, како и одобрение до средината на јуни или најдоцна до почетокот на јули да почнат со планираните проекти. Лани археолошкиот локалитет Стоби го посетиле 22.000 гости од кои 70 проценти биле странски. Годинава имало едвај стотина и тоа само во првите 2,5 месец, пред пандемијата. Како што информира за МИА директорот на НУ „Стоби", Спасе Перовски, Стоби ќе се соочи со тешка година што се однесува до сретствата заработени од влезници и од летните школи, бидејќи сите Летни школи за годинава се откажани, информира Перовски. НУ „Стоби" од Министерството за култура годинава доби 14,4 милиони денари. Според Перовски, активности се планирани во скоро сите сектори, а реализацијата ќе зависи од многу фактори и не може да се предвиди колкава ќе биде. Во областа на Заштита на недвижно културно наследство предвидена е конзервација и реставрација на дислоцирани мозаици од збирката на Стоби, тековно и партерно одржување на Стоби, Археолошки доистражувања и изработка на основен проект за конзервација и реставрација на градба со арки, Конзервација реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на Римскиот театар во Стоби. Конзерваторско реставраторски работи на на полукружен плоштад и дуќаните на Виа Сакра, изработка на проект за конзервација на архитектонските остатоци од римската порта и сегмент од југоисточниот бедеми археолошки доистражувања на портата и југозападниот сегментод комплексот градби околу храмот на Изида. Од Визуелни уметности се планира и изложба на Петар Хаџи Бошков, во Стоби, додека во делот инвестиции – проширување на видео надзор и алармен систем во Стоби, санација на ноќна илуминација на локалитетот. Од Издавачка дејност се планира студија: Римскиот театар во Стоби – Студија за кавеата 2000-2019, во Музејската дејност археолошки истражувања на западната некропола во стоби, Конзерваторски истражувања на стаклени предмети од збирката на НУ Стоби, едукативен водич за деца (Стоби стар град), конзерваторски истражувања и изработка на основен проект за заштита на метални предмети од збирката на Стоби. -Наспрема минатата година посетеноста на Стоби е 100 отсто пониска заради КОВИД – 19, очекуваме во колку се ослободат мерките, посета на гости пред се од нашата држава. Странски гости оваа година тешко дека можеме да очекуваМинатата година имавме околу 22.000 гости од кои 70 проценти странски, информира Перовски. Во Стоби од почетокот на годинава беше комплетно готов тикетинг системот за влез на локалитетот (соодветен софтвер за туристичка презентацијана археолошкиот локалитет),што беше реализиран преку лански проект од страна на Министерството за култура. Перовски информира дека со стручниот тим во Стоби работат на подобрување на туристичката презентација на археолошкиот локалитет,на патеките за посетителите,нови информативни табли и пристапни точки од каде што најдобро можат да се разгледат објектите во Стоби. Тој најави дека ќе се залага за оживување на древниот локалитет со нови културни настани и привлекување на домашни посетители кои досега ретко или воопшто не се запознале со убавините на Стоби. Лани се работеше на археолошки истражувања и конзервација на Античкиот театар, Храмот на Изида, се конзервираше мозаикот од втората фаза во јужниот брод од Епископската базилика, а се правеше привремен покрив над Крстилницата што треба да ги заштити мозаикот и мермерната пластика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаНаучници откриле неверојатни видови во Атлантскиот ОкеанЗа време на експедицијата што траеле речиси еден месец, научниците во Атлантикот откриле суштества кои совршено би се вклопиле во ново продолжение на филмскиот хит-серијал „Осмиот патник“.Пипци долги осум метри и проѕирната глава.... Станува збор за исклучително вредни научни откритија. Неочекувани изненадувања ги пречекаа истражувачите на околу 1.300 километри од брегот на Бразил, во една од најмалку истражените области на Атлантскиот Океан. Најголемо внимание привлече ретката лигња со големи перки, чии тенки пипала налик на нишки можат да достигнат должина и до осум метри. Научниците успеаја да ја снимат на длабочина од 3.634 метри, што ја прави најдлабоко забележаната лигња во светот. Големо изненадување претставуваше и рибата *Winteria telescopa*, позната под прекарот „риба-привидение“ (spookfish). Таа има проѕирна глава и необични, цевчести очи насочени нанапред, благодарение на што може да го регистрира и најслабиот траг од светлина во темните океански длабочини. Научниците откриле и две досега непознати хидротермални полиња кои изобилуваат со живот. Во една од нив откриле 23 хидротермални извори, вклучувајќи 13 активни, таканаречени „црни оџаци“, од кои избиваат прегреани течности со температура до 280 °C. Околу нив, изненадувачки, се наоѓаат морски ежови, ракови и илјадници слепи ракчиња на кои не им е потребен ниту еден зрак сончева светлина за да преживеат. „Ова откритие покажува зошто истражувањето е сè уште толку важно. Дури и денес постојат места каде што првиот детален поглед открива нешто сосема ново“, изјави водачот на експедицијата, д-р Арон Микалеф од Институтот за истражување при Аквариумот во Монтереј Беј во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗапочнува преместувањето на мигрантите во СеутаШпанската национална полиција и Цивилната гарда денес започнаа операција за преместување на мигрантите од плажата Ел Трамполин во Сеута во прифатните центри што ги основа шпанската влада.Владата подготви два објекта за сместување на 1.800 лица, со планови за проширување на овој капацитет наскоро. Први што ќе бидат преместени ќе бидат мигрантите што моментално се наоѓаат на плажата Ел Трамполин и во областа Лома Колменар, пишува Паис. Во соопштението од шпанското Министерство за инклузија се наведува дека во координирана акција на безбедносните сили, владата на Сеута спроведува доброволно преместување на мигрантите во овие објекти. Претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуан Мануел Морено, објави дека денес ќе пристигне во Сеута. Извор: Б92Тагови: Сеута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаФилипче: Мицкоски живее во свој свет - граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидериВладата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет .Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во земјоделството. Имаме најлош извештај од Европската Унија, нема владеење на правото, нема реформи во правосудството, нема слобода на медиумите“, рече Филипче. Тој посочи дека Мицкоски продолжува да им се обраќа на граѓаните со потсмев и потценување и дека бројките што премиерот ги презентира немаат допир со реалниот живот на луѓето. „Вчера го слушам на интервјуто, платите растеле 70 пати или проценти, што и да сакаше да каже, побрзо, пензиите, замислете, 325 проценти, се споредува со времето на владите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Меѓутоа, граѓаните не можат да се излажат“, рече Филипче. Филипче нагласи дека статистиката што ја презентира Мицкоски постои само во светот на премиерот и на малата група луѓе околу него, додека реалноста на огромното мнозинство граѓани е сосема поинаква. „Тие бројки кои што премиерот ги кажува, очигледно од светот во кој што само тој и неговата мала група на луѓе околу него живеат, граѓаните не ги чувствуваат. Тие ги гледаат празните паричници и празните фрижидери“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ повторно ќе го поднесе во Собранието предлог-законот за 600 евра минимална плата. Филипче посочи дека и покрај фалењето на премиерот Мицкоски со наводни економски успеси и раст на платите, граѓаните реално не ги чувствуваат тие бројки, туку се соочуваат со растечки трошоци и се потешко ги покриваат основните потреби. „Граѓаните не можат да се прелажат, тие бројките кои што примерот ги кажува очигледно од светот во кој што само тој и неговата мала група на луѓе околу него живеат, граѓаните не ги чувствуваат, тие ги гледаат празните паричници и празните фрижидери. Ако е така како што кажува, дека сме трета, четврта економија во светот, ако добро и успешно се справуваат со инфлацијата, ако добро ги менеџираат финансите, еве прва мерка, повторно, на почетокот на септември, откако ќе почне со работа Собранието, ќе го дадеме законот во Собранието и минималната плата ќе побараме да биде 600 евро“, рече Филипче. Тој нагласи дека со минимална плата од 600 евра ќе им се овозможи на работниците да ги покријат основните трошоци, особено во период кога почнува учебната година и растат семејните расходи. „Не 26.000 денари како што е сега, туку толку колку што им е потребно на луѓето да ги закрпат основните потреби, основните трошоци, посебно кога почнува школската година и кога трошоците за живот, за функционирање многу растат“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ, посочи дека паралелно мора да се зголемат и платите во повеќе сектори, по примерот на мерките што, кои Владата на СДСМ ги реализираше во првите две години од својата Влада. „Освен тоа што ќе го бараме зголемување на минималната плата на 600 евра, ќе побараме, а согласно тоа што ние го работевме и го остваривме во нашата Влада, и тоа во првите две години, зголемување на платите во повеќе сектори, да основните плати на специјалистите, лекари во здравството, се зголеми за 40% и исто толку проценти за вработените во образованието“, рече Филипче. Филипче рече дека ова е конкретниот одговор на СДСМ на економските политики на премиерот на Мицкоски и Владата на ВМРО, кои се фалат со статистики додека граѓаните се соочуваат со реално поскапување на животот. „Владата предводена од Христијан Мицкоски веќе ја започна третата година од својата работа и на ниту едно поле, ние не гледаме никакви резултати. Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во земјоделството“, рече Филипче. Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=j2GyCvCdn08 Скопје, 20.8.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter