НУ Драмски театар Скопје со претстава „Плејбои...“ на 40. фестивал „Град театар“ ̶ Будва - Канал 5

НУ Драмски театар Скопје со претстава „Плејбои...“ на 40. фестивал „Град театар“ ̶ Будва

Од 30 јуни до 23 август на локации во Стариот град, се одржува 40. јубилеен фестивал „Град театар“  ̶  Будва (2026).

НУ Драмски театар Скопје со претстава „Плејбои...“ на 40. фестивал „Град театар“ ̶  Будва

НУ Драмски театар Скопје со претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ, вечерва и утревечер ќе учествува на најголемиот сценско-музички фестивал во Црна Гора. Претставите ќе бидат изведени во Стариот град на летната сцена Помеѓу црквите со почеток во 21 часот.

Претставата „Плејбои...“ е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградско драмско позориште, Местно гледалишче, Љубљана и продукцијата на „Град театар“ ̶ Будва. Во претставата играат актерите од четирите уметнички куќи од регионот: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ.

Покрај Иван Пеновиќ, авторскиот тим го сочинуваат и Соња Должан (превод), Лазе Трипков (сценограф), Александар Ношпал (костимограф), Владимир Пејковиќ (композитор) и Дамир Клемениќ (сценски движења).

Јубилејниот фестивал на „Град театар“ ̶ Будва потврди дека додека повеќето медитерански градови се натпреваруваат кој ќе привлече повеќе туристи, Будва веќе четири децении докажува дека постои и поинаков вид публика со сериозни очекувања и внимателно изграден вкус, онаа публика која патува за да проследи врвна уметничка продукција. Организаторите во 55 фестивалски денови подготвија повеќе од 68 изведби од драмската, музичката и ликовната уметност како и десетина литературни читања и претставувања на поети и уметници значајни за регионот, но и на оние кои се присутни на светската уметничка сцена.

Ивана Лазовиќ, в.д. директорката на ЈУ „Град театар“, зборува за тоа како фестивалот го променил идентитетот на Будва, трансформацијата на Будва од туристичко место во град кој е препознатлив и како културна дестинација. Таа вели: „Клучниот столб на културниот идентитет на Будва е фактот што и по 40 сезони не се откажавме од идејата богатото историско и амбиентално наследство на градот да се стави во функција на уметноста и да се внесе нов живот во улиците на Стариот град. Директорката Лазовиќ истакнува дека: „Уметноста им припаѓа на историски амбиенталните улици и плоштади, зашто токму автентичноста ја гледаме како најголема вредност на фестивалот во време кога културата сè повеќе станува глобална“ и додава: „Вечерите на ‘Град театар’ ̶ Будва, имаат свој ритуал ̶ кога дневниот ритам на Стариот град опкружен со камените ѕидини се смирува, откако ќе заврши денот на плажа во овој медитерански град, публиката поминува низ камените порти на градот каде што фестивалските настани се одржуваат под ведро небо, следени од звукот на морските бранови веднаш зад ѕидините. Ноќе, камените плоштади се исполнуваат со публика и уметници од различни земји на светот — глетка што ја дефинира Будва уште од првиот фестивал“.

Јубилејот се прославува во сезоната кога Будва за првпат беше домаќин на Самитот на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА), на кој повеќе од 200 директори на фестивали од 44 земји разговараа за иднината на европската култура. За градот кој фестивалот го градел меѓу плоштадите, црквите и ѕидините на Стариот град, тоа претставува потврда дека некогашната летна сцена одамна ги прераснала рамките на локален настан и станала важна точка на европската културна мапа.

Освен на сцената во Будва, претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ по минатогодишната премиера, се играше 18 пати и тоа на летните фестивали во Охрид на „Охридско лето“ и на Бриони во Хрватска, а повеќекратни изведби минатата сезона беа организирани во рамките на сите изданија на регионалниот фестивал РУТА.

Учеството на фестивалот „Град театар“ ̶ Будва за членовите на ансамблот, уметничкиот и техничкиот дел од тимот на НУ Драмски театар Скопје е одлична можност достигнувањата на нашето уметничко и професионално творештво и специфичното културно наследство почесто да ги изведуваме на нови сцени и пред нова публика. Во исто време имајќи предвид дека станува збор за копродукција на четири регионални театарски институции, фестивалското претставување на уметниците и творечкиот потенцијал, размената на искуства, разговорите и стекнување увид во продукциските текови на странските театри, компании и уметници, обезбедува додадена вредност во јакнењето на платформата за соработка на Регионалната унија на театри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката.

На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето.

Вежбање, сауна и масажа

Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби.

На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви.

По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа.

Неодамна го прослави својот 30-ти роденден

Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми.

Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите.

Ново поглавје во животот

Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска.

Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“.

Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите.

Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал.

Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер