НСП: При разрешување полициски функционери не е постапувано според законските акти

Независниот синдикат на полицијата денеска го обвини Министерството за внатрешни работи дека спречува владеење на правото и оти при разрешување на полициски функционери не е постапувано според законските акти.

-Овие неколку години од вашето владеење во Министерството за внатрешни работи, пред јавноста на социјалните мрежи постојано се фалите дека во МВР „владее правото", дека се работи по закон, дека во МВР се си функционира како што треба итн,. Но, за жал јавно мораме да ве демантираме поради вашите пофалби и тоа со вистинската состојба, а таа е дека владеење на правото го спречувате и не се спроведува во оваа министерство, рече на прес-конференција портпаролот на Независниот синдикат на полиција Дејан Саздов.

Според него, „со брзи и експресно објавени интерни огласи кои се во времетраење за пријавување од само 48 часа се придонесува да успеваат подобните над неподобните".

Тој посочи дека деновиве на нивните колеги им биле доделени летни кошули и панталони во ладни и зимски денови и оти нема да бидат изненадени ако се пофалат со тоа дека имаме задоволна полиција.

– Две илјади полициски службеници трета година по ред си ги носат оние јакнички од 300 грама и тоа летни, и сеуште ги чекаат зимските униформи а на чекање се и новите Приправници со надеж барем да добијат по некоја летна кошула. За секоја мисла која не се согласува со Вашиот непрофесионализам, правите притисок врз критиката, напаѓате безкрупулозно особено кон Синдикалните претставници на НСП ја употребувате позицијата за пресметки со се што Ви е на располагање, но со тој начин генерално ја оплескавте, рече Саздов.

Тој од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побара да потврди дали при разрешувањето и распоредувањето на полициските службеници од раководни позиции е постапувано според законските и подзаконските акти од Колективниот договор во МВР. /МИА

Пешевска: На 8 Мај ќе се случи потоп

 „Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите“

Македонските граѓани покажаа дека Гордана победи во 60 општини, од кои во 17 се градоначалници од актуелната власт, Актуелниот претседател победи само во 3 општини во првиот круг. Тоа е јасен показател дека на 8 Мај ќе се случи потоп. Во државата опозиционерското движење е масовно. Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите, каде бевте изминатите три години да го предложите? Ние треба да работиме на подобрување на БДП и реална анализа во кои сектори треба да се покачат платите, колку индустриски сектори се затворија поради нереалните политики. Фокусирани сме на квантумот на гласови, добро ни оди на терен низ цела држава, по изборите ќе се преговара со програмски усогласените партии со нас партии, рече Жаклина Пешевска во Само Вистина.

Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

притисни ентер