Хоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвици
1Хоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвици
МакедонијаНП: Почетокот на учебната година е потсетник дека секое дете има право на квалитетно, достапно и инклузивно образование, без дискриминација и поделбиСите заедно имаме обврска да создадеме безбедна, инклузивна и поттикнувачка средина, каде секое дете ќе се чувствува вреднувано и охрабрено да го даде својот максимум. Народниот правобранител – Оддел за заштита на правата на детето и лицата со попреченост, на сите ученици, а особено на првачињата кои денес првпат ќе зачекорат во училиштата и ќе го започнат своето образовно патување, им посакува успешна и среќна учебна година – година исполнета со добро здравје, стекнување нови знаења, совладување на нови вештини и градење другарства засновани на почитување, разбирање и поддршка. -Образованието е едно од основните права на секое дете, загарантирано со Конвенцијата за правата на детето и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Почетокот на учебната година е потсетник дека секое дете има право на квалитетно, достапно и инклузивно образование, без дискриминација и поделби, се вели во пораката од Народниот правобранител по повод почетокот на новата учебна година. Народниот правобранител потсетува на обврската да се почитува правото на задолжително и бесплатно основно и средно образование, при што обезбедувањето на учебници, наставни и дидактички материјали, како и бесплатен ученички превоз, се само дел од предусловите за непречено одвивање на квалитетен образовен процес. Особено внимание треба да се посвети на вклучувањето на децата од ранливи и маргинализирани групи – деца во социјален ризик, деца со попреченост и деца од социјално загрозени семејства и да се исполни обврската за создавање услови за нивна редовност и еднаков пристап до образованието. Оваа година особено внимание заслужува фактот што децата со попреченост, кои продолжуваат со своето образование во средните училишта, ќе имаат поддршка од образовни асистенти, што претставува значаен чекор кон обезбедување еднакви можности и поголема вклученост на сите ученици во наставниот процес. -Имено, не е прифатливо децата со попреченост да бидат исклучени или сегрегирани. Напротив, треба да се обезбедат соодветни индивидуализирани мерки и разумно прилагодување во рамките на редовното училиште, за да се поттикне нивниот академски и социјален развој, се вели во соопштението од Народниот правобранител. Имајќи ја предвид клучната улога на образованието во развојот на личноста на детето, Народниот правобранител ги охрабрува учениците – да се почитуваат меѓусебно, да учат заедно и да градат пријателства засновани врз толеранција, дијалог и почитување на различностите; наставниците – да бидат пример за отвореност и прифаќање, како и да обезбедат инклузивна настава која ги вреднува способностите и потенцијалите на секое дете; родителите – да бидат партнери во образовниот процес и да го поддржуваат учењето и развојот на своите деца во дух на соработка и доверба, а надлежните министерства, како и локалната самоуправа – да обезбедат соодветни услови за работа на училиштата, каде секое дете ќе може да напредува и да се развива во безбедна и стимулирачка средина. -Сите заедно имаме обврска да создадеме безбедна, инклузивна и поттикнувачка средина, каде секое дете ќе се чувствува вреднувано и охрабрено да го даде својот максимум. Да ја направиме оваа учебна година - година на напредок, еднаквост и почитување на детските права, стои во пораката од Народниот правобранител. Тагови: Народен правобранител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваСпортски игри за младите, „Ден на спортот“ денеска во БитолаВо спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржа манифестацијата „Ден на спортот“, која се реализира во рамките на програмата „Спортски игри за младите“Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржа манифестацијата „Ден на спортот“, која се реализира во рамките на програмата „Спортски игри за младите“ – најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа со повеќе од 29 години традиција. Настанот е наменет за ученици од основните училишта и има за цел да ги промовира масовното и бесплатното учество во спортот, инклузивноста, родовата еднаквост, здравите животни навики и фер-плејот. Во текот на денот учениците се натпреваруваа во „народна“, атлетика – трчање на 60 метри, како и во повеќе други спортски дисциплини. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање истакна дека локалната самоуправа останува посветен поддржувач на младите, спортот и физичката активност. „Општина Битола е една од општините која најмногу вложува во спортската училишна инфраструктура. Речиси и да нема училиште во кое не се реконструираат или изградени нови спортски терени, а во дел од училиштата се градат и современи типски спортски сали. Во завршна фаза е и изградбата на затворениот пливачки базен во ОУ „Даме Груев“, а континуирано инвестираме и во спортска опрема за наставата по физичко и здравствено образование“, рече Коњановски. Тој нагласи дека ваквите манифестации имаат големо значење за поттикнување на младите кон активен и здрав начин на живот. „Спортските игри за младите“ според бројот на учесници претставуваат најголем аматерски спортски настан во Европа и се реализираат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија, УЕФА и ФИДЕ. Во рамките на програмата се одржува и „Кока-Кола Куп“, најголемиот малоклупски фудбалски турнир во Европа, кој годинава се организира по дванаесетти пат. На настанот присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, како и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаХоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвициМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес присуствуваше на Министерската конференција во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), што се одржа во Софија, Република Бугарија.Конференцијата беше посветена на зајакнување на регионалната соработка во областа на климатските политики, заштитата на животната средина и одржливиот развој. На настанот учествуваа високи претставници од земјите од регионот, како и Џесика Росвал, еврокомесарка за животна средина, отпорност на водните ресурси и конкурентна циркуларна економија. Во рамки на конференцијата беа разменети ставови за унапредување на регионалната соработка, спроведување на зелената агенда и забрзување на процесите на усогласување со европските стандарди во областа на животната средина и климатските политики.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 дојде до Компромисните амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за МакедонијаКанал 5 екслузивно дојде до Компромисни амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за Македонија.Спроведување на Договорот со Бугарија, продолжување на работата на Историската комисија и потврда дека уставните измени остануваат главниот услов за отворање на првиот преговарачки кластер – ова се дел од најчувствителните пораки во компромисните амандмани на Европскиот парламент за извештајот за Македонија до кои дојде Канал 5. . Значајно е тоа што меѓу нив никаде директно не се споменува амандманот на известувачот за земјава Томас Вајц кој побара разјаснување дали вториот билатерален протокол меѓу Македонија и Бугарија е дел од условите за отворање на првиот преговарачки кластер. Наместо, тоа, документот се повикува на Договорот со Бугарија и обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка на земјава. Во амандманите се наведува и дека постојат различни толкувања за историските карактеристики на македонското општество, но содржана е и формулација според која јазичниот, културниот и националниот идентитет не треба да влијаат врз пристапниот процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter