НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона
2НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона
АвтомобилизамНовото Порше ги урива рекордите и како прототип (ВИДЕО)Porsche не се откажува од електрификацијата, па откако уште еднаш нагласи дека нема подобар електричен автомобил од Taycan, сега почнува да го промовира новиот Cayenne.Cayenne Electric ќе биде претставен до крајот на годината, а Ричард Хамонд веќе имаше можност да ја вози камуфлираната верзија. Тој очигледно го надмина стравот од електрични автомобили и повторно седна зад воланот на моќен електричен автомобил. Што точно може да понуди новиот Cayenne, ќе видиме на фестивалот на брзина во Гудвуд, каде што се движи и овој примерок. На патот, Хамстер го посети и искачувањето Шелсли Волш, инаку најстарата патека што сè уште е во активна употреба. Првата трка на ова искачување е одржана во 1905 година, а сега искачувањето го тестираше Габриела Јилкова, тест возач за развој за тимот TAG Heuer Porsche Formula E. Таа ја помина патеката со искачување од 16,7% и должина од 914 метри за 35,53 секунди, што е за 4 секунди подобро од претходниот рекордер во класата SUV, Bentley Bentayga. Официјалните податоци за времето покажаа и дека прототипот Cayenne ги помина првите 60 јарди (18,3 метри) за само 1,94 секунди. Само едноседи со тркачки слик гуми успеаја да го постигнат ова време на настанот, додека Порше користеше летни гуми за пат. Порше не откри колку моќност имал прототипот на Cayenne, кој го собори рекордот, но благодарение на видеото од поранешниот водител на Top Gear, Ричард Хамонд, како го тестира електричниот модел пред да ѝ го предаде на Јилка да вози на патеката Шелсли, знаеме некои клучни детали. Хамонд потврдува дека Cayenne го користи системот за суспензија Active Ride на Porsche - технологија што ја има Taycan, но не и Macan, иако Cayenne ја дели истата платформа со него. Тој исто така истакнува дека синтетичките звуци што ги произведува електричниот модел во режим Track потсетуваат на V8 мотор. Тој додава дека му било кажано дека моќноста на овој модел надминува 740 КС, што е количината што ја развива најмоќниот Cayenne со бензински мотор, Turbo E-Hybrid. Уште поинтересно за оние кои планираат да влечат приколки или чамци е информацијата дека Cayenne Electric - во зависност од верзијата - има капацитет за влечење од 3.500 кг, што е на исто ниво со бензинската верзија, но и 1.000 кг повеќе од BMW iX. И конечно, да кажеме дека паралелно со електричниот модел, во продажба ќе остане и бензинскиот модел со V8 мотор.Тагови: Порше прототипот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ. С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.Тагови: кривична пријава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезонаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите. На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Македонија„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. „Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. Од четирите водечки кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, Црна Гора е апсолутниот првенец, додека Украина постигнала голем напредок во последните два месеци, оценија Кос и министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн, чија земја е актуелен претседавач со Унијата. -Со нашите предводници - Молдавија и Украина, ќе го отвориме кластерот 6. Се однесува на надворешните односи на двете земји. Исто така, станува збор за соработка во одбраната и справувањето со хибридните закани. Двете земји ќе придонесат кон европската безбедносна структура. Ова е пресвртница за Албанија со почетокот на затворањето на поглавјата и секако за нашиот фаворит, првенецот Црна Гора, со денес уште едно затворање на две поглавја вкупно 18 од 33, што значи повеќе од половина,- - Марта Кос Еврокомесарка за проширување. Овој „Супер вторник„ е знак до земјите кандидатки дека Унијата е подготвена за проширување, изјави ирскиот министер – Томас Бирн. Тој како и Кос порачаа дека проширувањето останува меритократски процес. -Самиот денешен ден „Супер вторник„ како што го нарекуваме - најмногу конференции за пристапување од 2002 година, само по себе гради импулс што луѓето ќе го видат во земјите-пристапнички дека постои Европска Унија. Дека земјите-членки се подготвени да го движат тој процес напред, подготвени да го остварат, и дека нашите земји-членки и нивните системи почнуваат да се подготвуваат со уште поголема итност отколку што веќе покажаа во овој процес. Затоа мислам дека ќе продолжиме да го движиме ова напред,- -Томас Бирн, министер за европски прашања и одбрана на Ирска. Иако соседна Србија не доби зелено светло од Брисел за отворање на третиот кластер, според еврокомесарката Кос, Белград испраќа сигнал дека е подготвен за поголемо стратешко усогласување со Унијата. Неколку земји членки се против напредокот на Белград, поради невоведувањето санкции кон Русија и заостанување во владеењето на правото.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter