Новото Пежо 308 доаѓа наредната година

Ако се земе во предвид се пократниот животен цуклус на денешните модели на автомобили, актуелниот Пежо 308 може да се смета за ветеран на пазарот.

Сегашната верзија на 308 се произведува од 2013 година, па се очекува дека овој модел наскоро ќе добие наследник.

Иако во 2014 е прогласен за европски автомобил на годината, славата од оваа титула е веќе избледена, па и покрај редизајнот од 2017 овој автомобил денес е помалку застарен.

Особено ако се земе во предвид дека во меѓувреме целата гама на Пежо возила е обновена и дека доби нов визуелен идентитет.

Како што неофицијално дознава „Caradisiac“, наследникот на 308 се подготвува на големо и ќе биде претставен на есен во 2021 година, додека караванската изведба ќе дебитира на почетокот на 2022. Двете возила ќе имаат свеж дизајн, по угледот на моделите како што се новите 208,2008 или 508.

Лансирањето на новото Пежо 308 ќе биде голем предизвик за француската компанија, затоа што тој модел припаѓа во еден од најконкурентните европски сегменти, класата на компактни хечбек возила.

Во оваа категорија е и неприкосновениот Фолксваген Голф, чија најнова осме генерација е скоро претставена, а тука е и се уште релативно новиот Фор Фокус, и уште неколку сериозни ривали, како што се Рено Меган и Опел Астра.

Новото Пежо 308 ќе користи унапредена верзија на „EMP2“ механјичка платформа од компанијата „PSA“.

Голем антивладин протест во Буенос Аирес поради мерките за штедење

Стотици илјади Аргентинци вчера излегоа на улиците на Буенос Аирес на антивладин протест против кратењето на буџетот на државните универзитети, што е најголемиот протест досега против мерките за штедење на претседателот Хавиер Милеи.

Протестите се последниот пример за растечките тензии поради кратењата на владините трошоци кои помагаат да се сменат длабоките фискални дефицити, но предизвикуваат тешкотии во реалната економија.

Маршевите поддржани од Унијата во и надвор од главниот град носеа транспаренти на кои пишуваше „Брани ги државните универзитети“, „Студирањето е право“ и „Горе буџетот, долу планот на Милеи“.

Милеи, кој се справува со наследената економска криза по долгогодишното трошење на владата, спроведува буџетски кратења со „моторна пила“ што и помогна на државата да оствари тримесечен фискален суфицит на почетокот на годината. Но, кратењата извршија голем притисок врз јавниот сектор. Јавните универзитети во Аргентина како УБА, кои нудат бесплатно додипломско образование, во голема мера се потпираат на државно финансирање.

-Образованието е еден од основните столбови на нашата идеологија. Немаме желба да ги затвораме универзитетите, рече портпаролот на претседателот, Мануел Адорни, бранејќи ја позицијата на владата и повика на мирен протест. /МИА

Во Штип отворени 74 избирачки места

Во Штип утрово навреме се отворени 74 избирачки места, а гласањето се одвива мирно и без проблеми, информираше претседателот на Општинската изборна комисија(ОИК)-Штип, Виктор Вацев.

Според избирачкиот список со право на глас се 41.489 граѓани, кои своето избирачко право можат да го остварат на избирчаките места.

МИА утрово беше на гласачкото место 22 92 во гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип. Претседателката на Избирачкиот одбор, Васка Тасева вели дека гласачкото место навреме е отворено, а своето право на глас на ова избрачко место можат да го искористат 896 избирачи.

Изборниот процес почна вчера, кога во домашни услови гласаа 158 болни и изнемоштени. Се гласаше и во КПУ _ затвор _ Штип, каде од 203 регистрирани избирачи од 40 македонски општини, правото на глас го искористиле 144 осуденици или 71 проценти.

Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори

Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори, од општинските изборни комисии информираа дека навремено се отворени сите избирачки места.  

Вкупно 113 болни и изнемоштени лица од Росоман и Демир Капија и петмина од затвор, беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, согласно на законот.

- Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас. Од нив, 51 болно и изнемоштено лице, како и двајца од затвор, беа пријавени за гласање за вчера, појасни претседателот на општинската изборна комисија, Александар Чадамов, за МИА.

Во Демир Капија, како што соопшти претседателот на ОИК, Благој Јовановски, 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор, имаа законска можност да гласаат во текот на вчерашниот ден. Инаку, во Демир Капија се регистрирани вкупно 3.216 гласачи.

притисни ентер