Новото „Lamborghini“ ќе има само 180 КС во градски режим - Канал 5

Новото „Lamborghini“ ќе има само 180 КС во градски режим

„Aventador“ добива замена, а премиерата ќе ја видиме за неколку дена.

Новото „Lamborghini“ ќе има само 180 КС во градски режим

Во пресрет на премиерата, „Lamborghini“ полека открива детали. Како што е познато, наследникот на „Aventador“ се крие зад кодното име „LB744“, кое се карактеризира со хибриден погон со 6,5 V12 атмосфера и три електромотори. Само V12 произведува до 825 КС при 9250 вртежи во минута со 725 Nm од 6750 вртежи во минута. Ако на сè додадеме струја, тоа е 1015 КС. Станува збор за погон на сите тркала каде што предната оска се напојува исклучиво од електрична енергија.

„Lamborghini“ сега открива дека има предвидено дури 13 однапред дефинирани начини на работа, каде што три се сосема нови. Покрај добро познатите хибридни режими како што се „Recharge“, „Hybrid“ и „Performance“, можно е да се изберат и да се поврзат програмите „Città“, „Strada“, „Sport“ и „Corsa“ одделно.

Градскиот режим „Città“ е особено интересен. Тој е најекономичен режим на работа со нула емисии. Значи, автомобилот работи исклучиво на струја, а возачот има само мал дел од погонот на располагање, односно вкупно до 180 КС. Во исто време, суспензијата е прилагодена на најмекиот режим на одзив.

Режимот за полнење значи дека V12 моторот е вклучен и работи за полнење на батеријата, што трае само 6 минути. Спортските режими не треба да се воведуваат посебно, доволно е да се каже дека во режимот „Corsa Performance“ автомобилот го дава својот максимум.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Стапката на инфлација се намалува, пониска е и од инфлацијата во еврозоната

​Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат на забавување на инфлацијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Стапката на инфлација се намалува, пониска е и од инфлацијата во еврозоната

Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво што покажува тренд на намалување. Во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната во која стапката на инфлација во јули изнесува 2,9 проценти.

Колку за споредба во април 2026 година инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценти, во мај 4,8 отсто и во јуни 3,4 проценти.

Особено е значајно што и во текот на јули продолжува трендот на намалување на цените на храната и безалкохолните пијалаци, кои се пониски за 1,1 процент во однос на претходниот месец. Ова е од големо значење бидејќи храната има најголемо влијание врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните.

Овие податоци од надлежната институција, Државниот завод за статистика се потврда на политиките кои ги креира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Бројките несомнено се позитивен сигнал за движењата во економијата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги следи економските движења и да креира мерки во интерес на граѓаните и нивниот животен стандард.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Делегација на СДСМ денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак.

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак.

Вечна им слава на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден", по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.

Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.

Се гледаме на „Силно светнал ден", за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер