Новото Ламборџини со почетна цена од 500.000 евра, може да вози и на струја (ВИДЕО) - Канал 5

Новото Ламборџини со почетна цена од 500.000 евра, може да вози и на струја (ВИДЕО)

Супербрзото Revuelto го наследува Aventador и со електрична помош уште еднаш ги поместува границите.

Новото Ламборџини со почетна цена од 500.000 евра, може да вози и на струја (ВИДЕО)

Визуелно, новиот модел многу се потпира на своите претходници, па затоа носи некои од најпознатите модели. Предниот дел ќе потсетува на Murcielago, додека задните детали нудат прераскажана приказна од Diablo, како и вратите за подигнување кои се отвораат како Countach.

Кабината има исклучително модерен потпис со 12,3-инчен кокпит и 9,1-инчен екран пред патникот. Воланот има ротирачки прекинувачи за избор на режими на работа и некои дополнителни функции.

Комбинацијата е добро позната и го вклучува најмоќниот V12 мотор во историјата на компанијата со специфична моќност од 126 КС на литар волумен и вкупно три електромотори. Епилогот е до 1015 КС (во зависност од режимот на работа) со перформанси кои го одземаат здивот. Имено, овој модел спринтува до 100 km/h побрзо од својот претходник за 0,3 секунди, а до 100 km/h достигнува за 2,5 секунди. Максималната брзина е над 350 km/h.

Revuelto е првиот plug-in хибрид на Lamborghini, кој доаѓа како логично продолжение на приказната по Sian. Концептот вклучува 6,5 V12 мотор со 825 КС и по еден електричен мотор за секое предно тркало заедно со еден електричен мотор одзади. Тие се напојуваат од Li-Ion батерија со капацитет од 3,8 kWh. Новото Lambo исто така вози исклучиво на струја, но само околу 10 километри, а потоа има погон на сите тркала и секогаш активен систем за векторирање на вртежниот момент.

Со маса од 218 kg, V12 моторот е точно 17 kg полесен од моторот на Aventador. И уште една интересна работа, моторот е завртен за 180 степени и е усогласен со нов осумстепен менувач со две спојки поставени попречно зад моторот. Само два модели имаа таков менувач, Miura и Essenza SCV12.

А што е со масата. Revuelto тежи 1772 kg, што е за 222 kg повеќе од Aventador, но соодносот е сепак одличен и изнесува 1,77 kg/hp. Распределбата на масата е 44:56 во корист на задната оска.

Позната е и цената на новото Lamborghini. Извршниот директор на компанијата Стефан Винкелман најави дека Revuelto ќе чини околу 500.000 евра, дознава Automotive News Europe. Производството започнува во втората половина од годинава, а првите испораки се очекуваат до крајот на годинава.

YouTube video

Но, ова не се сите новости од Lamborghini. Остатокот од гамата, моделите Huracan и Urus, ќе добијат хибридни верзии до крајот на следната година, потврди лично Винкелман. Целосно електрично Lamborghini доаѓа во 2028 година, а уште еден електричен модел ќе биде претставен една година подоцна. Еден од овие двајца е секако наследник на Urus.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.

Шпанските власти по обдукциите потврдија дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја зафати Андалузија биле странски државјани.

Потврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.

Пожарот избувна минатиот четврток војугоисточна покраина Алмерија, област популарна кај странските жители по должината на медитеранскиот брег, објави „Еуроњуз“.

Официјалното соопштение укажува дека седум жртви биле од Обединетото Кралство, три од Белгија и по една од Франција и САД. Последната, тринаесетта жртва била шпански државјанин. „Тринаесетте починати вклучуваат осум жени и пет мажи, сите возрасни“, додаде телото одговорно за идентификација.

Во меѓувреме, Интегрираниот центар за податоци (CID) објави дека бројот на случаи на исчезнати лица се зголемил на десет по новиот извештај за две лица. Пожар уништи седум квадратни километри Пожарот, разгорен од силни ветрови, се запалил кога далновод паднал на патот.

Пламените јазици проголтале шуми и вегетација - кои се претвориле во суво гориво поради екстремно високите температури - оставајќи ги живописните рурални населби опустошени. Површина од приближно седум квадратни километри изгоре во пожарот, еден од најсмртоносните во Шпанија во последните години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница за опозициски прашања во Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се вкупно 22 точки, меѓу кои и Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање.

Седница за опозициски прашања во Собранието

На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања.

Пред пратениците се и Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог на законот за високото образование, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, Предлог на законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката, Предлог на законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, Предлог на закон за изменување на Законот за супервизија на осигурување, и двата по скратена постапка, Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026- Полуфинале :Фаворизираната Франција немоќна пред фуриозната Шпанија

Европскиот шампион Шпанија е првиот финалист на 23 фудбалски Мундијал во Северна Америка.

СП2026- Полуфинале :Фаворизираната Франција немоќна пред фуриозната Шпанија

Во премиерното полуфинале во Далас црвената фурија одржа вистински час по супермодерн фудбал и без многу мака ја декласираше фаворизираната Франција со 2-0.

Најдобриот напад на Мундијалот беше неможен пред најдобрата одбрана на првенството, Шпанија останува со само еден примен гол во досегашниот тек од шампионатот.

Франција важеше за фаворит на овој натпревар, како и на многу претходни, сè додека топката не тргна од центарот... Од првата до последната минута, на теренот во Далас постоеше само еден тим, оној на Шпанија.

Головите вредни второ финале за Шпанија во историја ги постигнаа Микел Ојарзабал од пенал во 22-рата минута и Педро Поро во 58- минута.

Црвената фурија со докторска игра по целиот терен го матираше „најдобриот француски тим на сите времиња“.

Шпанија сега на финалето во Њу Џерси на 19 јули ќе го очекува победникот од вечерашната полуфинална пресметка меѓу бранителот на светскиот трон Аргентина и европскиот вицешампион Англија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер