Новото BMW i5 ќе има осветлена предна маска (ВИДЕО)

Сѐ е подготвено за премиерата на новата Серија 5, која треба да ги подигне критериумите во секој поглед.

Верувале или не, фокусот е ставен на i5, електричната верзија на новата петка, која се очекува да има забележителен успех на пазарот. Најавите не откриваат многу, па еден детал од предниот дел открива новоосветлена предна табла.

Второто тизер видео открива повеќе. Со истата звучна сцена, може да се види централниот дел од предниот панел со голем хоризонтално ориентиран екран. Можете да се види и амбиенталното осветлување кое се протега од страните и поминува под централниот екран.

Познато е дека i5 ќе доаѓа во две конфигурации, послабиот i5 eDrive40 со еден електричен мотор и M60 xDrive кој ќе има два електромотори и погон на сите тркала.

Како што се наведува во соопштението, премиерата е закажана за 24 мај. Производството на серијата 5 започнува летово, а продажбата ќе следи во октомври.

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер