Новото Audi A6 Avant доби максимални, 5 ѕвездички на Euro NCAP тест (ВИДЕО) - Канал 5

Новото Audi A6 Avant доби максимални, 5 ѕвездички на Euro NCAP тест (ВИДЕО)

Новото Audi A6 Avant е слично на A5 во многу аспекти. Тоа го знаат и во организацијата Euro NCAP, која спроведе детален безбедносен тест на атрактивниот караван.

Новото Audi A6 Avant доби максимални, 5 ѕвездички на Euro NCAP тест (ВИДЕО)

Euro NCAP е непрофитна организација која го тестира квалитетот на новите возила на пазарот во однос на безбедноста. Сега на детален преглед го однела Ауди А6. Во својот извештај тие навеле дека очекувале и постигнале идентични резултати како оние што ги забележале на моделот А5. Причината е што двата модели возат на иста платформа (Premium Platform Combustion) и се идентични во однос на спецификациите поврзани со активна и пасивна безбедност.

Претходно претставениот А5 како добра референца

Минатиот декември, седанот Audi A5 доби оценка со пет ѕвездички Euro NCAP. Највисоката оцена ја заработи по тестовите за несреќи за пасивна безбедност извршени од независното безбедносно тело Euro NCAP според протоколот во сила од 2023 година.

По многубројните тестови за судир на теренот за тестирање, Audi A5 тежок 1.835 килограми доби 87% за заштита на возрасни, 88% за заштита на деца, 78% за заштита на ранливите учесници во сообраќајот, вклучително и пешаци, и 77% во категоријата Safety Assist, која го оценува возилото врз основа на низа технологии за избегнување судир.

Речиси идентични бројки важат и за новиот A6 Avant, кој е многу потежок (2075 kg). Доби 87% за заштита на возрасни, 88% за заштита на деца, 78% за заштита на ранливи учесници во сообраќајот, вклучително и пешаци, и 77% во категоријата „Помош за безбедност“. Значи, навистина нема разлика. Така, новиот Audi A6 Avant го потврди статусот на еден од најбезбедните автомобили денес, дури и покрај значително попребирливите тестови.

YouTube video

Euro NCAP и построги регулативи од 2023 година

Протоколот за безбедносно тестирање на Euro NCAP е ажуриран за да вклучи нови системи за детекција на деца, спецификации за потопување возила и најнови технологии кои откриваат и реагираат на мотоциклистите и ранливите учесници во сообраќајот. Како резултат на овие промени, стана многу потешко да се постигнат 5 ѕвезди за безбедност.

Акцентот е ставен на способноста на возилото да ги заштити патниците и ранливите учесници во сообраќајот во случај на несреќа (пасивна безбедност), да ги спречи или минимизира последиците од сообраќајна несреќа (активна безбедност) и сеопфатни информации за спасување по несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите.

Сѐ уште нема одговор:

• Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе).

• Која фирма го работеше?

• Дали таа фирма има врска со Орце?

• Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава?

Нема одговор ни за водата.

Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките?

Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре,

затоа што тој не е способен да го направи тоа.

Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела.

Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер