Новости околу запомнувањето на „Чет-ГПТ“ - Канал 5

Новости околу запомнувањето на „Чет-ГПТ“

„Чет-ГПТ“ добива нова можност за запомнување, што значи дека ќе може „да се потсети“ на претходните разговори, а со тоа, идните виртуелни разговори ќе бидат пополезни за корисниците.

Новости околу запомнувањето на „Чет-ГПТ“

Во иднина, корисниците ќе можат да бараат од чет-ботот да се потсети на нешто од минатото и самостојно да ги собира податоците. Запомнувањето ќе се подобрува колку што повеќе се користи, па со текот на времето корисниците ќе забележуваат сè повеќе разлики - во позитивна смисла. Новата функција сè уште е во фаза на тестирање и е достапна за мал дел корисници. Проширувањето на употребата сѐ уште не е испланирано. Сепак, компанијата „Опен-АИ“ најави повеќе подробности наскоро.

Ова ќе биде корисно кога корисникот ќе сака „Чет-ГПТ“ да запомни подробности за него и за луѓето што ги интересираат тие исти нешта, а сè тоа заради поголема достапност на податоците во иднина.

Новата функција на „Чет-ГПТ“ овозможува и „да го заборави“, т.е. избрише она што корисникот ќе го одбере - со гласовна команда. Корисниците ќе можат да прегледуваат и бришат различни податоци.

Покрај тоа, ќе може да се користат и привремени разговори без запомнување. Овие разговори нема да се појават во историјата на преписката, нема да бидат запомнети и нема да се користат за учење на модулите на „Опен-АИ“. Запомнувањето може да се исклучи во поставките во секое време, со тоа што - додека оваа опција е исклучена, корисниците нема да можат да создадат или користат зачувани информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Менемен

Во среда (14.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Изет Цури.

„Гответе со Дракче“ - Менемен

Состојки за денешниот рецепт:

3 домати

3 пиперки

1 главица кромид

4 јајца

масло

сол, бибер и др.зачини по избор

Прилог

2 парчиња сирење

3 парчиња потпечен леб

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. 

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Претставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. 

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ.

Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа.

Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката.

Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер