Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
2Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
МакедонијаНовоизбраниот гувернер даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Новоизбраниот гуверен на народната банка Трајко Славески утрово ја даде свечената изјава пред собранискиот спикер, Африм Гаши, со што станува 6тиот гувернер на НБРМ. Ниска инфлација, односно ценовна, но и финансиска стабилност и поддршка на политиките на Владата – ова ќе бидат приоритетите на Славески во неговиот маднат како прв човек на централната банка. На пратениците во Собранието им порача дека ќе ја оправда довербата која му ја дале, а НБРМ како што рече била и ќе остане независна институција. Вели свесен е за предизвикот со кој се соочуваат македонските компании, фокус се става на одржување на ниска стапка на инфалција, бидејќи како што појасни во моментов поради зајакнатиот курс на денарот кој се должи на повисоката инфлација во земјава во однос на онаа во еврозоната македонката економија е неконкурентна а извозот се поскап. „Ценовна стабилност што за Македонија би значело ниска и стабилна инфлација и фифнасиска стабилност што ќе бидат пооддршка на амбициозните политики на Владата.. Затоа што една друга цел на НБРМ е да ги поддржува политиките на Владата.. Ќе ја опшравдам довербата оние кои маа забелешки ќе ги уверам во спротивното дека НБРМ била и ќе остане независна институција....“ -изјави Трајко Славески – новоизбран гувернер на НБРМ. Изборот на Славески беше доцна синоќа, 5 минути пред полноќ – 68 пратеници гласаа ЗА, 16 против, воздржани немаше. На општата неколку часовна расправа, која мина со низа реплики и контрареплики, пратениците од власта се фокусираа на неговата стручност и компетентност, додека за опозицијата Славески е партиски кадар. „Сакам да разговараме за неогвата стручност да не разговараме за теми кои што се наважни затоа што она што е важно во економијата на крај вие секогаш треба луѓе кои што може да испорачаат повеќе, подобро, кој знаат како да ги контролираат ризиците на економијата кој што знаат како да ги држат девизиниот курс стабилен, и инфлацијата и девизните резерви, и целиот макроекономски систем на нашата држава....“ - Бојан Стојановски – ВМРО – ДПМНЕ . „Поставувањето на партиски послушник на една ваква позиција остава сомнеж за политизација, влијание врз клучните економски процеси во земјава. Нардона банка до денес беше независна институција водена од непартиска личност со огромен кредибилитет во земјата и странство....“ Јованка Тренчевска – СДСМ . Славески доаѓа на местото на досегашната гувернерка Анита Англеоска Бежоска, чии мандат истече на 21 месецов. Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Златна фудбалерка го „фрли“ дресот и облече проѕирен фустан, Градите ѕиркаат од фустанотЕдна од најсексапилната фудбалерка на светот, атрактивната Клои Кели повторно воодушеви со својот секси стајлинг.Јавноста е навикната да ја гледа во фудбалски дрес и на теренот, но Клои Кели овојпат покажа сосема поинакво издание. Англиската фудбалерка Клои Кели привлече големо внимание на доделувањето на наградите „GQ Мажи на годината“ во Лондон, каде што се појави во мошне смело издание. Наместо спортскиот дрес во кој сме навикнати да ја гледаме, овојпат таа се одлучи за елегантен црн фустан што ѝ го откриваше грбот, додека проѕирната ткаенина му даде на целиот изглед дополнителна доза на сензуалност. Припиениот фустан ја истакнуваше нејзината фигура, а отворениот грб беше еден од најефектните детали во оваа комбинација. Со овој избор, Клои покажа сосема поинаква страна на својот стил, далеку од фудбалскиот терен и спортската опрема. Бројни познати личности од светот на спортот, модата, музиката, филмот и забавата се собраа на свечениот настан, а фудбалерката на Арсенал беше меѓу гостите што го привлекоа вниманието на фотографите. Клои Кели е една од најпрепознатливите фудбалерки во англиската репрезентација, со која освои европски титули во 2022 и 2025 година. Особено е впечатлив нејзиниот гол против Германија во финалето на Европското првенство во 2022 година, кога го постигна одлучувачкиот погодок во 110-тата минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваТејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозеСветската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови.Каков фустан! Сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе . Светската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови. Навистина, ова беше глетка за паметење. Тејлор Свифт се врати на голема врата кога станува збор за кантри-музиката. Неодамна, по пауза од 10 години, таа учествуваше на доделувањето на наградите на Здружението за кантри-музика (CMA Awards) во Нешвил. Последен пат таа присуствуваше на оваа церемонија во 2016 година. Овој пат, таа одлучи да блесне во жолта креација на дизајнерот Оскар де ла Рента, оставајќи го модниот свет воодушевен. Станува збор за едноставна, речиси ненаметлива тоалета, одликувана со минимализам. И додека горниот, корсетен дел се одликува со едноставен крој, долниот дел се карактеризира со асиметричен крој, долга опашка и џебови, кои на целиот стајлинг му даваат нота на модерен гламур. Не смееме да ја изоставиме ниту впечатливата жолта боја на фустанот, која беше главниот акцент во нејзиниот изглед. Ретко која дама би одбрала облека во оваа нијанса на жолта боја за некој голем настан, но Тејлор покажа дека за неа не важат овие стереотипи. Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Новак го зема микрофонот и направи „хаос“! Ѓоковиќ го запеа хитот на легендарниот Џеј Ново шоу надовор од теренот на најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ го испеа хитот на легендарниот Џеј и предизвика „хаос“ во еден белградски клуб!Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го искористи престојот во Србија за да се опушти во друштво на пријатели, а потоа приреди вистинско шоу во еден познат белградски клуб, што ги воодушеви сите присутни. Ноле уживаше во ноќното излегување, пушејќи и пеејќи, а кулминацијата на вечерта се случи кога пејачката Маријана Злопаша го забележа во публиката и го покани да ѝ се придружи на сцената. Ѓоковиќ не се двоумеше многу! Ја прифати поканата, го зеде микрофонот и ја запеа песната „Ниедни усни не бакнуваат сами“ голем хит на легендарниот Џеј Рамадановски. Атмосферата во тој момент го достигна својот врв, а присутните имаа можност да го видат Новак во сосема поинакво издание – наместо рекет, во рацете држеше микрофон и уживаше во музиката. https://www.instagram.com/reel/Df_Qk2Ts0g5/?utm_source=ig_embed Ѓоковиќ моментално е во Белград, бидејќи тениската сезона за него е завршена. Тој ќе помине уште неколку дена во својот роден град, а оваа сабота ќе ја искористи за да го прослави Свети Архангел со своето семејство. Потоа, планира да замине на одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook