1Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
МакедонијаНовоименуваниот амбасадор на Австралија Питер Џорџ Трасвел на средба со Претседателот на ЗЕЛСГрадоначалникот на Општина Кисела Вода и Претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со новоименуваниот, вонреден и ополномоштен амбасадор на Комонвелтот Австралија, со седиште во Белград, Питер Џорџ Трасвел. Средбата се реализираше по предавањето на акредитивните писма на амбасадорот на Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и неговата средба со државниот врв. Разговорот, кој се одвиваше во конструктивен дух, претставуваше можност за размена на информации и воспоставување на понатамошна соработка. Градоначалникот Ѓорѓиевски ја претстави Општина Кисела Вода како една од најбрзо развивачките урбани средини во државата, при што го запозна амбасадорот Трасвел со развојните политики, инфраструктурните инвестиции и плановите за економски раст, со посебен акцент на индустриските зони и поволностите што општината ги нуди за привлекување странски инвестиции. Амбасадорот Трасвел пројави особен интерес за економските потенцијали на општината, при што се разговараше за можностите за зголемување на соработката, особено имајќи ја предвид бројната македонска дијаспора во Австралија, која, како што беше истакнато, претставува значаен мост за идни партнерства и инвестиции. Во разговорот беше отворена и темата за природниот прираст и демографските предизвици, при што градоначалникот Ѓорѓиевски ги презентираше активните мерки на Општина Кисела Вода насочени кон спречување на миграцијата и задржување на младите. Посебно беа истакнати покачувањето на вредноста на ваучерот за новороденче, кој сега изнесува 12.000 денари, како и мерката за ослободување од комунална такса за изградба на индивидуални куќи за млади лица. Овие мерки, како што нагласи Ѓорѓиевски, претставуваат важен дел од стратегијата за демографска обнова. Амбасадорот Трасвел пројави особен интерес и за процесот на дигитализација, преку кој Општина Кисела Вода се позиционираше како лидер во регионот. Ѓорѓиевски истакна дека дигитализацијата придонесува за зголемена транспарентност, ефикасност на административните процеси и значително намалување на можностите за корупција. Во таа насока, беше посочено дека се работи на воведување нови дигитални услуги, со цел понатамошно олеснување на секојдневието на граѓаните и подобрување на деловната клима. Двајцата соговорници изразија подготвеност за идни комуникации и соработка, со цел унапредување на односите меѓу локалната самоуправа и австралиските институции, со фокус на економски развој, дигитална трансформација и поддршка за младите.Тагови: ЗЕЛС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче од Гостивар: Тука сме да им помогнеме на граѓаните на кои им треба помошПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Гостивар, од каде што порача дека во време кога институциите потфрлаат, СДСМ е меѓу граѓаните за да им помогне на оние на кои помошта сега им е најпотребна.Во изјавата за медиуми, Филипче нагласи дека она што денес се случува во Гостивар е последица на неодговорното управување на власта и на целосниот институционален хаос. „Очигледно е дека со оваа власт на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група, повеќе нема прашање во сферата на политичката или моралната одговорност. Очигледно е дека се во прашање елементарните човекови права, граѓански права, тоа е правото на здрави и во тој контекст здравата почва, здравата вода“, рече Филипче. Филипче посочи дека посетата на Гостивар нема за цел политизација на состојбата, туку конкретна поддршка за граѓаните кои се оставени сами да се справуваат со последиците од епидемијата. „Нашата посета денес на Гостивар нема за цел да го политизираме прашањето, како што ВМРО сака да не обвини. Имаме за цел да им помогнеме на неколку категории граѓани кои никој не ги прашува како се, дали им е потребна некоја помош и затоа со неколку пакети помош денеска посетивме повеќе семејства на социјално загрозени категориии, на граѓани, постари луѓе, пензионери и тоа ќе продолжиме да го правиме и во следните денови“, рече Филипче. Тој додаде дека граѓаните не смеат да бидат оставени сами во услови на ваква сериозна здравствена криза и дека институциите имаат обврска да работат во нивен интерес, а не да ја прикриваат сопствената неодговорност. „Оставени во оваква ситуација, кога овој систем го менаџира само малата група на луѓе околу Христијан Мицкоски, граѓаните се оставени на себе да се справуваат со последиците од тој страшен систем“, рече Филипче. Скопје, 21.07.2026 СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Огромен развој на ависообраќајотОгромен развој на ависообраќајот. По рекордниот број на авиолинии и бројот на патници, Визер поставува 7- ми авион во базата во Скопје – трета најголема во Европа.Воведувањето на 7- от авион во базата на Визер во Скопје е огромно достигнување во развојот на ависообраќајот во Македонија. Веќе имаме преку 2 милиони патници во првите шест месеци, многу нови дестинации и оваа визија продолжуваме да ја развиваме заеднички, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на новиот 7-ми авион на Визер во Скопје. „Ова е трета најголема база што Визер воопшто ја има и се надевам дека за многу брзо време скопскиот аеродром ќе стигне и на второто место по број на пласирани, односно по број на авиони коишто се поставени на аеродромот. Ова е големо достигнување, нешто со што и многу национални авиокомпании не можат да се пофалат и затоа јас често знам да кажам дека Визер практично стана национален авиопревозник на Македонија. Бројките го покажуваат тоа, дестинациите го покажуваат тоа. Овие успеси не се случајни и овие успеси се резултат на заедничка работа. Всушност и бројките го покажуваат тоа. Имено, само компанијата Визер ако минатата година превезе 1.700.000 патници, веќе за првите шест месеци од оваа година превезе 1.200.000 патници, што јасно го покажува растот. Во првите шест месеци двата аеродроми, Охрид и Скопје има над 2 милиони патници. Се надевам таа бројка ќе продолжи и во вториот дел од годината. И ако пред неколку години се боревме за 2 милиони патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо – а тоа е 4 милиони патници годишн, нешто што е реално остварливо. Многу нови дестинации, многу нови авио рути. Две се отворија само оваа недела: за Алгеро (Италија, Сардинија) и за Палермо (Италија, Сицилија), а исто така зборуваме и за нови авиолинии од Вроцлав и Катовице за Охрид. Ќе продолжиме заедно да работиме и ќе продолжиме заедно да напредуваме. Ова е одлична приказна којашто заеднички со ТАВ Македонија и со Визер ќе продолжиме да ја развиваме” -изјави Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗапочна официјалната посета на претседателката на Индија, Друпади МурмуПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија во официјална посета на државава.По тет-а-тет средбата следеше пленарен состанок на македонската и на индиската делегација. Предмет на разговорот беа актуелните македонско-индиски односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација. Соговорничките, исто така, разменија мислења за глобалните состојби, укажувајќи на потребата од почитување на меѓународното право и мирното решавање на споровите. За Сиљановска-Давкова, посетата е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката. Во заедничкото хумано наследство на Света Мајка Тереза, како и во искуството од Движењето на неврзаните, таа препознава цврсти темели на новата ера во македонско-индиските односи. Според неа, македонската геостратешка положба, инфраструктурните коридори и лесниот пристап до европскиот пазар, може да бидат од особен интерес за индиските инвеститори. Друпади Мурму оцени дека нејзината прва посета на државава е историски момент и изрази волја за нова динамика во сестраното партнерство меѓу двата народи. Според обете, политичкиот дијалог и меѓуинституционалната соработка се претпоставки за продлабочувањето на севкупните односи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53