Новогодишни концерти со класична, забавна и фолк музика во Ресен - Канал 5

Новогодишни концерти со класична, забавна и фолк музика во Ресен

Домот на културата „Драги Тозија" од денеска до 27 декември во Ресен организира серијал новогодишни концерти.

Новогодишни концерти со класична, забавна и фолк музика во Ресен

Првиот организиран културен настан ќе се одржи вечер, на кој македонски народни песни ќе исполнат групите „Персиди" и „Астра" од Ресен, и „Романтик" од Охрид. Вечер во Ресен ќе настапат и вокалните солисти Ташко Каранфиловски, Марија Митровска, Елена Сековска, Ѓорѓи Ставревски и Фросина Петкоска, како и членовите на КУД „Таше Милошевски".

Според програмата, утревечер во Ресен ќе настапат локалните бендови „Инстинкт", „Тротоар", „Аутбрејк" и „Сајленс бенд", а гости ќе бидат Мартин Димитриевски, Благојче Кичуловски, Сашо Тасовски и Тони Карапанчевски.

За љубителите на класичната музика, в четврток во Ресенскиот сарај ќе се одржи предновогодишен концерт на класична музика, на кој ќе настапат Лила Миљовска, Гоце Милошевски, Љупчо и Игор Милевски и Јован Симоновски.

Серијалот новогодишни културно-забавни настани ќе заврши в петок кога претпладнето на плоштадот „Цар Самоил" во Ресен ќе се одржи предновогодишен базар, со учество на деца од ликовната работилница при Домот на културата „Драги Тозија" и ученици од основните и средните училишта во општината.

Вечерта за публиката во тој град ќе биде одиграна претставата „Новогодишна бајка", реализирана во соработка со локална самоуправа, Дом на култура „Драги Тозија" и НВО „Жар". /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ.

Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа

Не сносејќи никаква одговорност, се расфрлаа со лаги, манипулации и со нивните јавни говори се обидоа да го девалвираат банкарскиот систем.

Излажаа за забраната на Алта банка, излажаа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без своите пари и што ли уште не излажаа.

За на крајот да испадне дека сето тоа што го говореа е лага. Да излезе, дека тие биле првите кои влегле во деловни односи со Алта банка и Давор Мацура.

Затоа денес бегаат од надзорната расправа и бегаат од вистината која излезе на виделина.

Бегаат затоа што знаат што правеле и мислат дека и другите ќе прават како нив. Едноставно кај Филипче и СДС работи Фројд.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Викторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филм

Џет-сет брачната двојка, Викторија и Дејвид Бекам му дадоа поддршка на својот син Ромео на премиерата на неговиот прв филм.

Викторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филм

Синоќа, тие присуствуваа на светската премиера на филмот *Forty Love* во Париз, каде што на црвениот тепих им се придружија Ромео и неговата девојка, Ким Турнбул.

Ова беше значаен момент за Ромео, кој сега се испроба во актерството, пренесува *People*.

Викторија на црвениот тепих се појави во црно сако со крој „oversize“ и нагласени раменици, искомбинирано со црни елегантни панталони и чевли со штикла и зашилен врв.

Легендарниот фудбалер сега сопственик на Интер Мајами,изгледаше подеднакво елегантно во темно син костум, бела кошула и темна вратоврска. Својот изглед го заокружи со црвен шал околу вратот и кафеави чевли од велур.

Ромео носеше костум со дворедно закопчување, искомбиниран со црно-бела кошула на риги и тесна вратоврска со кариран дезен. Ким Турнбул се појави во долг сатенски фустан во бургундска боја, со отворен грб и драпиран израз на деколтето.

Ромео и Ким Турнбул започнаа врска во ноември 2024 година. Нивната врска не беше секогаш стабилна, а во јуни 2025 година, „Пипл“ (People) потврди дека тие раскинале. Подоцна истата година, тие се смирија. Во јануари оваа година, беа забележани во Париз во друштво на помладиот брат на Ромео, Круз, и неговата девојка, Џеки Апостел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Не сме нападнати“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема докази оти неодамнешните технолошки дефекти кај американските авиокомпании, банки и технолошки фирми се поврзани или се резултат на сајбер-напад.

Рубио: „Не сме нападнати“

„Не сме изложени на систематски напад. Овие настани немаат никаква меѓусебна поврзаност“, изјави Рубио, откако зачестените технички проблеми поттикнаа шпекулации за можна координирана акција, пренесува Би-Би-Си.

Прекините во функционирањето ги зафатија услугите на „Мајкрософт“ и „Епл“, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ и компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а поради технички дефект, сите летови во САД беа запрени во траење од повеќе од четири часа.

Привремено недостапна беше и внатрешната комуникациска мрежа на Агенцијата за национална безбедност на САД.

Американски претставници и експерти за сајбер безбедност изјавија дека нема докази оти инцидентите се поврзани, како и дека проблемите настанале поради технички дефекти и ажурирање на застарени системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер