Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО - отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби“, по член 353 од КЗ!
2Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО - отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби“, по член 353 од КЗ!
Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
ЗабаваНовогодишна вечер со Канал 5Вечерва Новогодишната вечер поминете ја со Канал 5 телевизија , заедно весели да ја дочекаме новата 2025-та година!Ви упатуваме желби за здравје, за среќа, за љубов, за бериќет, за успеси..!!! Вечерва со музика почнуваме во 21 часот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТешко повреден малолетник во тепачка во училиштен двор во Ѓорче ПетровМалолетник бил нападнат во школски двор во скопската населба Ѓорче Петров.Во средата во 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дворот од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетникот бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал.. Во нападот, детето, чија возраст не е наведена во билтенот на МВР , се здобило со тешки телесни повреди.се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО - отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби“, по член 353 од КЗ!Додека јавноста го чека цела недела да пушти глас, да почне да работи, да си ја заработи платат од граѓаните, да си го обели образот, Јавното обвинителство сѐ уште нема отпочнато постапка за прославата на независноста. Либерално-демократската партија (ЛДП) се нуди да помогне за конечно да има подеднаква правда за сите во Македонија. „ЛДП бара јавното обвинителство да покаже дека има способни кадри кои не подлегнуваат на политички притисоци и веднаш да отвори постапка поврзана со трошењето пари од државна лотарија“, вели во изјава истакнатиот правник и член на Извршниот одбор на ЛДП, Илија Чилиманов. Тој додава дека кога веќе се вратија од летниот годишен одмор и сон и се фатија со експресни постапки за заштита на „шефот на елитата“, може да се позанимаваат и со барање на одговори на следниве прашања. „Нели станува збор за ист модус операнди, механизам односно модел на извршување на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од кривичниот законик кога Артан Груби и претходната гарнитура ги заобиколувале одредбите од Законот за трговските друштва и со заклучоци од Владата и наложиле на Државна лотарија да преземе финансиски обврски во износ од 8,3 милиони евра? И сега со начинот на кој се извлечени парите за прославата на независноста во 2026 година, актуелниот премиер, генералниот секретар на Владата и директорот на Државна лотарија го направија апсолутно истото. Донеле заклучоци на владата со кои парите од нераспределената добивка ги пренасочиле надвор од буџетот на државата“, посочува Чилиманов. ЛДП гласно реагираше и на штетните измени на кривичниот законик направени во септември 2023 година, а кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување е предвидено и казниво со Кривичниот законик. „Па кога веќе јавното обвинителство го гони Груби според тој член, има законска основа да поведе постапки против актуелните функционери. Доколку прераспределбата на средства е направена без одлука од Собранието на акционери, со ист криминален модел, Државната лотарија повторно се користи како приватна партиска каса и вонбуџетски фонд за да се изиграат одредбите од Законот за буџет и редовните процедури, а милионски суми да завршат кај претходно договорени приватни субјекти“ вели Чилиманов и додава дека за ЛДП нема „ваши“ и „наши“ пред законите. Доколку јавното обвинителство го гони Груби, а молчи за премиерот и актуелните функционери кои преку иста шема потрошија милиони евра за десеттина прослави и концерти по нивна волја, тоа е директен доказ за селективна правда и заробено правосудство. „Државната комисија за спречување на корупцијата ја послуша ЛДП и веќе отвори предмет по допрен глас. Сега, заедно со граѓаните, бараме Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, исто така по допрен глас, брзо како и ДКСК да поведе постапка во која ќе обезбеди соодветни докази покрај другите и заклучоците од Владата и склучените договори. На тој начин, конечно ќе се покаже дека Јавното обвинителство ѝ служи на правдата, а не е само институционален штит на новата елита. Граѓаните на Македонија заслужуваат правда исто како и елитата, можеби и повеќе“, заклучува Чилиманов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслугиЕвропската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред.Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Вашингтон, се обрати пред Атлантскиот совет, каде ги претстави стратешките приоритети на Владата, позицијата на државата во регионот, партнерството со Соединетите Американски Држави, европската интеграција, како и плановите за економски, инфраструктурен, енергетски и технолошки развој на државата. Мицкоски истакна дека стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави е партнерство градено со децении и дека Владата има јасна определба тоа дополнително да го продлабочува. Тој посочи дека Македонија е мала држава, но со исклучително значајна геостратешка позиција во срцето на Балканот, како природна крстосница на важни европски транспортни и енергетски коридори. Премиерот нагласи дека политиката на Владата се темели на предвидливост и исполнување на преземените обврски. Во тој контекст посочи дека државата има јасен план и во однос на обврските како членка на НАТО, вклучително и постепено зголемување на издвојувањата за одбраната, но и инвестиции во стратешката инфраструктура – автопати, железници и енергетски преносни системи. Како еден од важните предизвици за иднината, Мицкоски ја посочи и сајбер-безбедноста. Владата, како дел од реформската агенда со Европската Унија, планира развој на примарен дата-центар кој ќе ги поврзува јавните институции, ќе биде поврзан со постојниот секундарен центар за обновување на податоци и дополнително обезбеден преку клауд инфраструктура. Целта е државата да изгради посилен и поотпорен систем за заштита од современите сајбер-закани. Мицкоски пред Атлантскиот совет ја претстави и развојната стратегија на Владата која се темели на три меѓусебно поврзани столба – инфраструктура, енергетска инфраструктура и вештачка интелигенција и висока технологија. Во делот на енергетиката, тој истакна дека амбицијата е Македонија да стане значајна енергетска и транзитна крстосница на Балканот. Интерконекторот кон Грција треба да овозможи поврзување со ЛНГ терминалот во Александрополис, додека со изградбата на интерконекторот кон Србија се создава можност овој енергетски правец да продолжи кон Централна Европа. Според Мицкоски, со завршувањето на двата проекти Македонија добива далеку поголемо регионално значење и можност да стане транзитна земја за снабдување со природен гас кон Централна Европа. Во исто време, развојот на гасната инфраструктура се поврзува и со идните инвестиции во производство на електрична енергија, дата-центри, вештачка интелигенција и високотехнолошка индустрија. Премиерот се осврна и на инфраструктурните проекти, посочувајќи го значењето на Коридорите 8 и 10. Македонија се наоѓа на природната крстосница на овие два европски коридори – Коридорот 10 кој го поврзува Медитеранот и Егејското Море со Централна Европа и Коридорот 8 кој ги поврзува Јадранското и Јонското со Црното Море. Тој посочи дека нивното значење не е само економско, туку и стратешко и безбедносно, особено за НАТО и за идната реконструкција на Украина. Во однос на европската интеграција, Мицкоски нагласи дека Македонија останува целосно посветена на членството во Европската Унија, но дека процесот треба да биде заснован на реформи и заслуги, наместо на постојано отворање нови билатерални прашања. Тој потсети дека Македонија повеќе од две децении се наоѓа на европскиот пат и дека во изминатиот период државата и граѓаните направиле бројни отстапки во име на европската перспектива. Според Мицкоски, незадоволството кај граѓаните произлегува од фактот што и покрај направените чекори, државата повторно се соочува со дополнителни услови. Погребна е предвидливост на процесот и гаранција дека нема постојано да се отвораат нови билатерални услови. Премиерот истакна дека додека Владата бара решение за европскиот пат, Македонија нема да чека во место, туку ќе продолжи да ја развива економијата, да спроведува реформи, да го зајакнува владеењето на правото, да привлекува странски директни инвестиции и да инвестира во високотехнолошка индустрија. Во тој контекст тој го посочи и економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал, оценувајќи дека Македонија е меѓу земјите со највисок раст во Европа. Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи да разговара со европските партнери и со Соединетите Американски Држави за предизвиците со кои се соочува земјата и дека Македонија нема да се изолира или да се повлекува од разговорите. Стратешката определба, како што истакна, останува јасна – продлабочување на сојузништвото и стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и полноправно членство во Европската Унија. Обраќањето пред Атлантскиот совет ја потврди позицијата на Македонија како НАТО сојузник со јасна западна стратешка ориентација, но и како држава која сака сопствениот развој да го темели на конкретни проекти – модерна инфраструктура, енергетско поврзување, дигитална и сајбер отпорност, инвестиции, вештачка интелигенција и висока технологија. Пораката на Мицкоски од Вашингтон е дека Македонија ќе продолжи да ги води разговорите за својата европска иднина, но истовремено ќе работи на сопствениот економски развој и на зајакнување на својата геостратешка позиција во регионот.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter