Новогодишен концерт на велешкото музичко училиште „Стефан Гајдов“ - Канал 5

Новогодишен концерт на велешкото музичко училиште „Стефан Гајдов“

 Новогодишен концерт со класична и народна музика синоќа изведоа учениците од сите класи на инструменти од Основното општинско музичко училиште „Стефан Гајдов“.

Новогодишен концерт на велешкото музичко училиште „Стефан Гајдов“

Концертот се одржа во големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. Концертот го почна хорот на ООМУ „Стефан Гајдов“ со Ѕвончиња, Среќен Божиќ и Танцот на снегулката под водство на професорката Славица Ставрева. Потоа ученици самостојно или во дует на клавир, виолина, виолончело, флејта, кларинет, класична гитара изведоа дела од Шостакович, Шуман, Обер, Шопен, Моцарт, Брамс, Лист, Џоплин, Григ...

Свој настап имаше и оркестарот на традиционални инструменти на музичкото училиште под водство на професорот Трајче Малинов, кој свиреше стари македонски народни песни.

Настапи и Оркестарот на ООМУ „Стефан Гајдов“ со виолини, виолончело, флејти и кларинет под водство на професор Златко Андреев и професор Роска Чукниева со популарни мелодии – Чајковски: Баркарола-Санта Лучија-О соле Мио и Џингл Бел.

За програмата се погрижија професори од сите класи на Музичкото училиште во Велес, професорите Илија Настовски, Јованче Банев, Благој Каракачанов, Златко Андреев, Роска Чукниева, Елена Ѓорѓиевска, Татјана Алексова, Филип Величковски, Роберт Андовски,Трајче Малинов и корепетиторот Игор Андреевски.

Директорката на ООМУ „Стефан Гајдов“ Габриела Бачманова за МИА изјави дека и годинава овој традиционален Новогодишен концерт беше одлична можност за заедничка прослава на новогодишните празници на учениците, наставниците, нивните родители и сите граѓани кои се љубители на музиката.

-Многу сум задоволна и среќна од успешниот настап на сите класи ученици и оркестарот и хорот на нашето Музичко училиште. Овој концерт е потврда за нивниот вложен труд, вежбање и напорно музицирање и за тоа добија силни и долги аплаузи. Затоа ние заедно учениците и наставниците на сите родители, баби и дедовци и други посетители им приредивме едно прекрасно уживање, една бајка проследена со прекрасна музика и песна, а надополнето со бајковито украсената сцена од страна на нашите професори, потенцира Бачманова.

На крајот на концертот како изненадување за сите на сцената дојде и Дедо Мраз, кој сите учесници на концертот ги награди со подароци.

Учениците од ООМУ „Стефан Гајдов“ редовно се учесници на бројни домашни и меѓународни музички натпревари и фестивали и добитници на голем број награди и признанија. ООМУ „Стефан Гајдов“ е првото отворено музичко училиште во земјава, веднаш по војната и прославува 78 години од своето успешно постоење и работа. Од неговите клупи произлегле голем број професори и врвни музичари кои настапувале и настапуваат на музичката сцена во земјава и на врвни музики сцени во Европа и светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Товарен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“.

„Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами.

Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот.

Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута.

ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец.

Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар.

Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно на нишан?

Израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.

Трамп повторно на нишан?

Израел им доставил на Соединетите Американски Држави разузнавачки информации за наводните планови на Техеран да го нападне американскиот претседател Доналд Трамп и високи функционери во неговата администрација со беспилотни летала, објави денес израелскиот весник Израел Хајомз.

Според весникот, израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.

Друга западна разузнавачка служба наводно ги потврдила информациите.

Службениците изјавија дека можноста за постигнување договор меѓу САД и Иран значително се намалила во последните денови и дека една од главните причини за ова се разузнавачките информации што Мосад ги доставил до американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Според овие наводи, еден можен метод на напад би биле беспилотни летала наполнети со експлозиви, против кои, според службениците, тешко е да се дејствува со користење на стандардни безбедносни мерки. Откако Мосад доставил разузнавачки информации, американските функционери кои се сметаат за потенцијални цели на нападот значително ги намалиле своите појавувања на јавни настани на отворено, додека неколкумина биле привремено преместени од своите домови за да обезбедат објекти, според Израел Хајом.

Весникот, исто така, објавува дека се воведени посебни безбедносни мерки за време на јавните појавувања на претседателот Трамп.

Иако некои настани беа организирани на отворено пред среднорочните избори за Конгресот, ваквите собири сега се значително намалени, според официјални лица.

Се додава дека се воведени дополнителни безбедносни мерки за време на настаните на кои присуствуваше американскиот претседател, вклучително и специјални системи дизајнирани да ги неутрализираат заканите од беспилотни летала.

Меѓу официјалните лица за кои се вели дека се под посебни мерки за заштита се секретарот за финансии Скот Бесант, кој одигра клучна улога во донесувањето одлуки за економски санкции против Иран, и државниот секретар Марко Рубио, кој, според весникот, се спротивставил на постигнувањето договор со Техеран.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер