Новогодишен концерт на Македонската опера и балет - Канал 5

Новогодишен концерт на Македонската опера и балет

Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе изведе новогодишен концерт во Македонскиот народен театар, кој го востановува оваа година со идеја тој да стане традиционален на првиот ден од секоја нова година.

Новогодишен концерт на Македонската опера и балет
Ќе бидат изведени арии и дуети од оперети, хорски, оркестарски, балетски нумери од делата на светски композитори, валцери и полки. Концертот ќе го води диригентот од Србија Ѓорѓе Павловиќ, режијата е на Дејан Прошев, кореограф е Снежана Филиповска. Сценографијата е од балетската претстава „Дамата со камелии“ на Павол Јураш од Словачка.

Ќе настапат оперските солисти Каталина Бертучи од Австрија, Сања Керкез од Србија и македонските Благица Поп Томова и Ѓорѓи Цуцковски, балетските солисти Марија Кичевска-Шокаровска, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Васил Чичијашвили, Бобан Ковачевски, Наташа Јосифовска, Билјана Басмаџиева, Игор Веланоски, Мирослав Митрашиновиќ, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Јан Кисилев, Хорот, балетскиот ансамбл и Оркестарот на МОБ.

На програмата се дела од Петар Илич Чајковски (Полонеза од операта „Евгениј Онегин“ и Валс на цвеќињата од балетот „Оревокршачка“), Франц Лехар (Арија на Хана Главари, Романса на Камиј де Росион и Дует на Хана и Данило - сите од оперетата „Веселата вдовица“, како и Арија на Џудита од истоименото дело), Имре Калман (Арија на Силва од оперетата „Војвотката на чардашот“) и пет композиции од Јохан Штраус Помладиот (Арија на Аделе и Чардаш на Розалинда од оперетата „Лилјакот“, Пицикато полка, „Пролетни звуци“ и полката „Молњи и громови“).

Покрај овој концерт, Македонската опера и бале ќе ја продолжи 25-годишната традиција и во јануари ќе го организира концертот за празникот Василица.

И Македонската филхармонија од оваа година ќе почне да организира традиционален Божикен концерт, на 7 јануари напладне, исто така во Македонската опера и балет.

Новогодишниот концерт на МОБ и Божикниот на Филхармонијата ќе бидат пренесувани во живо на Македонската радиотелевизија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови

Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ има раст од скоро 600 гласа.

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови

СДС се повеќе тоне.

Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДС дека имаат помал пораз од последните локални избори минатата година.

Нивниот пораз е уште поголем од ланските избори.

Тоа што јасно може да се види е дека СДС сега имаат 57 гласа помалку од гласовите на советничка листа лани, кога истиот кандидат им беше носител.

Односно истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник.

За појасно да и биде на јавноста, но и на СДС, лани освоија 763, додека вчера, за истиот кандидат гласале 706 граѓани.

Кога веќе зборуваме со факти и бројки, вистината е следна.

ВМРО-ДПМНЕ освои за скоро 600 повеќе од ланските избори.

Имено, на листа за советници лани освоивме 2371 глас, додека вчера за Стојанчо Радичевски гласале 2943 граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон повикува на „мир и ред“ по немирите низ Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на „мир и ред“ откако големиот ден на протести се претвори во немири и грабежи во саботата, а некои нереди продолжија во Париз и во неделата.

Макрон повикува на „мир и ред“ по немирите низ Франција

Во национално обраќање од Елисејската палата, тој ги предупреди оние кои учествува во нередите додавајќи: „Сите чувствуваме гнев и срам“.

Околу 550.000 демонстранти излегоа на улиците на претежно мирни протести против зголемувањето на цените на горивата, трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги, вклучително и училиштата, кои потоа се претворија во насилни.

Макрон рече дека мора да се направи разлика помеѓу „Легитимните барања“ на демонстрантите и „оние кои уништуваа, кршеа и ограбуваа“.

Полицијата уапси околу 2.400 лица, според министерството за внатрешни работи на Франција.

Францускиот претседател рече дека „ништо не го оправдува“ виденото „неконтролирано“ насилство и рече дека вклучените ќе се соочат со правдата. Групи демонстранти, некои облечени во црно и со маски и фантомки на главите излегоа и во Париз, Марсеј и други градови и места, а некои палеа автомобили и згради.

Во Лимож, украсното градско собрание од 19 век беше уништено од пожар предизвикан од демонстрантите во саботата, при што нејзината кула и покривот се урнаа, а пламенот се прошири.Сопстевниците на продавници вчера собираат големи парчиња стакло и остатоци од нивните дуќани во Париз, додека камионите за ѓубре ги чистеа остатоците од некои од поголемите улици. По најлошите сцени на јавно нарушување на редот во современата француска историја.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на засилени вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, со цел сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови....

АХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на засилени вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, со цел сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови, без потекло, најчесто од страна на препродавачи кои тргуваат надвор од организираните пазарни простори. Минатата недела, во рамки на акциите спроведени на скопскиот Зелен пазар и на пазарот во населбата Ѓорче Петров, запленети и уништени се над 5 тони небезбедна храна. Станува збор главно за овошје и зеленчук кои нелегално се продавале, надвор од пазарот, со што директно ја загрозуваат безбедноста на потрошувачите, но и ја нарушуваат конкуренцијата на пазарот, на штета на примарните земјоделски производители и легалните трговци.

Контролите се спроведуваат во координација со комуналната инспекција на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, со цел спречување на нелегалната трговија и обезбедување законски услови за продажба на храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилените контроли и во наредниот период, на различни локации во Скопје и низ државата. Целта е заштита на здравјето на потрошувачите, спречување на прометот со небезбедна храна и создавање фер услови за работа на легалните трговци и примарните земјоделски производители

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер